ИДНИНАТА Е СЕГА!

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Интересен текст, навистина, само што ја би препорачал авторот што го составил истиот да малце ги разликува овие две работи - РЕАЛНОСТ И НАУЧНА ФАНТАСТИКА.
Со реалноста, и да си признаеме и нема никаква врска. А за љубителите на теории на заговор, жута штампа, и далје останати мозокоперачки текстови, ова е идеалното нешто.Ја би му препорачал на авторот истите вакви текстови да ги направи нешто подолги и поопширни па слободно да си ги продаде за сценарио на режисерите па еден ден може и на филмско платно ќе ги видиме. Доттогаш, удрете се од ѕидот кој боли повеќе.
 

Ikac

Истакнат Член
17 октомври 2012
27
23
103
37
Ајде сите да се сакаме, гив пис а ченс... (facepalm)

Купишта идеализирани пацифистички глупости, комплетно неприменливи во реалноста. И јас би сакал да ја видам оваа промена, ама барем јас објективно гледам на работите. И немојте со тоа "биди промената која сакаш да ја видиш во светот" зошто една ластовичка не ја чини пролетта.

Интересен текст, навистина, само што ја би препорачал авторот што го составил истиот да малце ги разликува овие две работи - РЕАЛНОСТ И НАУЧНА ФАНТАСТИКА.

Со реалноста, и да си признаеме и нема никаква врска. А за љубителите на теории на заговор, жута штампа, и далје останати мозокоперачки текстови, ова е идеалното нешто.Ја би му препорачал на авторот истите вакви текстови да ги направи нешто подолги и поопширни па слободно да си ги продаде за сценарио на режисерите па еден ден може и на филмско платно ќе ги видиме. Доттогаш, удрете се од ѕидот кој боли повеќе.


За некои од нас, ова се идеализирани глупости, за други ова е научна фантастика, но за трети е возможна реалност. Тоа се само различни субјективни гледишта. Но според многумина, овие промени се реални и возможни, но потребно е многу повисоко ниво на самосвест и оптимизам кај луѓето. Факт е дека за жал повеќето луѓе сѐ уште не се пробудени, нивните умови се заробени од стравот и омразата, наметнати од општеството и поради тоа владее тој песимизам за подобар свет и подобра иднина.
Јас ве уверувам дека ниедно дете доколку од самото раѓање биде опкружено со љубов и разбирање, доколку не биде сведок на кавги, тепачки и други немили настани и доколку биде соодветно и правилно едуцирано нема никогаш да прерасне во лош човек, криминалец, силувач, убиец... Што си посеал - тоа ќе жнееш.

Ситуацијата што ја имаме денес е резултат од активностите во минатото. Сѐ уште за жал имаме потреба од полиција, затвори, судови, но сето тоа е последица од лошото повеќедецениско општествено уредување во минатото кое создало уште поголеми неправдинаместо еднаквост, поделба по социјални класи, а со тоа и повеќе криминалци. Овде се разбира има огромно влијание поделеноста на планетата и човештвото по држави и привилегирање на одредени групи со видни разлики како јазикот, националноста, вероисповетта, начинот на живот...
Ќе се навратам кај оружјето, ние можеби сѐ уште имаме потреба од огнено оружје за воспоставување на ред, но дали имаме потреба од нуклеарно и биохемиско оружје, дали имаме потреба од војска?
Се разбира дека не можеме да промениме сѐодеднаш кон подобро, ништо не биднало преку ноќ. Но треба да почнеме поразумно да размислуваме.
Ние - луѓето ја имаме моќта самите ја креираме нашата иднина. Ние избираме во каква иднина ќе живеат нашите деца. Но, пак ќе повторам, за ова е потребна е (р)еволуција на свеста за која јас најискрено верувам и се надевам на нејзино помасовно интензивирање во блиска иднина.
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
За некои од нас, ова се идеализирани глупости, за други ова е научна фантастика, но за трети е возможна реалност.
Јас ве уверувам дека ниедно дете доколку од самото раѓање биде опкружено со љубов и разбирање, доколку не биде сведок на кавги, тепачки и други немили настани и доколку биде соодветно и правилно едуцирано нема никогаш да прерасне во лош човек, криминалец, силувач, убиец... Што си посеал - тоа ќе жнееш.

Според твојата логика, доколку некој е хомосексуалец, тоа се должи што бил сведок на неколку сексуални чинови помеѓу хомосексуален пар?
За некој да стане убиец, треба да биди сведок на неколку убиства, па за да го примени истиот тој чин кон трето лице?
Муабетот ти нема врска. Дете може да е од раѓање опкружено со љубов, разбирање и далје бабини деветини.Ако тоа дете има лесно радразлива емоционална жичка, и то како би реагирало бурно на ситуации кои би довеле валјда и до убиство. Убиство може да биде од самоодбрана па се до внатрешни психички проблеми.
“Силувач“ како што го нарече, не мора да значи и дека ќе стани ако живеел во лоша средина. Силувањето е одраз на голема сексуална енергија која, со тек на време си бара повремено празнење. Ако типот се срами, има гној карактер, или пак се работи за физичка непривлечност, нема пари или не му се оди по проститутки, се решаваат на таков грозоморен чин - силување. И тука ти тврдам дека нема никаква улога одгледувањето, колку што има улога, САМАТА СВЕСТ И РАЗУМ КАЈ ЧОВЕКОТ. Дали тој чуствува и знае дека направил лошо или не, може да расуди само со неговиот мозок, а никако со туѓи кажувања, едноставно не помага. Знаење не се тура со инка.



Ситуацијата што ја имаме денес е резултат од активностите во минатото. Сѐ уште за жал имаме потреба од полиција, затвори, судови, но сето тоа е последица од лошото повеќедецениско општествено уредување во минатото кое создало уште поголеми неправдинаместо еднаквост, поделба по социјални класи, а со тоа и повеќе криминалци. Овде се разбира има огромно влијание поделеноста на планетата и човештвото по држави и привилегирање на одредени групи со видни разлики како јазикот, националноста, вероисповетта, начинот на живот...

Судови и затвори постојат скоро и откако постои човекот во едно опшество. Па дури и пештерскиот човек кој живеел во орди, често пати имало несогласувања и ги исфрлале од редот, оние кои не биле способни или на наши кажано правеле бељи. Ти според твојава логика сакаш односно мислиш дека на светот можи да има ЛУЃЕ кои:
-Ќе размислуваат еднакво
-Ќе имаат исти степен на свест и разумност
-Ќе живеат еднакво
-Ќе се сакаат еднакво

Ова и то како не е изводливо. Едноставно е, ако би требало или можело така, сигурно предокот на сите нас, би заглавил во фотокопир едно десетици години да би се намножиле еднакви копии.
Јас и ти сме по било кој степен и фактор различни, и не не прави ништо слични. Ти и сите останати луѓе родени на светот сте различни. Благи сличности, може да се најдат, но никогаш двајца исти луѓе нема да најдиш. Сите имаат различна перцепција на одредена работа. Еве ти еден прост пример, па размисли:

Дали јадењето риба е убаво или не? Разгледано прашањето од повеќе агли доаѓа вака:

Од аспект на човекот кој ја конзумира, одговорот е ДА.
Од аспект на човекот кој не јади, и му се гади од риби, одговорот е НЕ.
Од аспект на докотор нутриционист, одговорот е ДА, што повеќе.
Од аспект на рибата, одговорот е НЕ, затоа што значи СМРТ за неа.
Од аспект на помали риби кои страдале од таа иста риба, одговорот е ДА,затоа што тоа значи живот за нив.

Една работа не може за сите да биди убава, и корисна. Самата наша димензија е основана да спротивностите и не можиме како човечки суштества да функционираме еднодимензионално.
Машко - женско, големо- мало, ден - ноќ, рај-пекол, бог-шејтан, убаво-грдо...
Сите овие разлики се дел од нашиот живот и како такви функционираме и ние.

Во глобала не се согласувам во твојот муабет, ниту во теоријата на заговори со маите, од проста причина. Не можеш да споредиш маин календар, со нашиот грегоријански календар. Едноставно е, годините ги рачунаат од раѓањето на еврејски месија, а маите немаат везе што е евреин ниту по што го рачунаат нашите календарот. Крајот на календарот кај нив сигурно би значел почнување отпочеотк со истиот календар. Календарите се создавале според месечевите мени.
Ако би било според жолтата теза, крај на светот, тогаш кај нас, секој 12 месеци е крај на светот, според истата логика.
Доволно е да го прочита некој нашиот календар, 1 Јануари....фебруари, март април....ноември , декември...нема појќе месеци - крај на светот.

За другото што не сум те цитирал се согласувам со муабетот.

Ние - луѓето ја имаме моќта самите ја креираме нашата иднина. Ние избираме во каква иднина ќе живеат нашите деца. Но, пак ќе повторам, за ова е потребна е (р)еволуција на свеста за која јас најискрено верувам и се надевам на нејзино помасовно интензивирање во блиска иднина.
Моќта лежи во авторитетот над тие луѓе, и како тој се однесува и ги контролира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead

Ikac

Истакнат Член
17 октомври 2012
27
23
103
37
Според твојата логика, доколку некој е хомосексуалец, тоа се должи што бил сведок на неколку сексуални чинови помеѓу хомосексуален пар?
Не споменав никаде хомосексуалци, но кога сме кај нив, нивната сексуална ориентација е последица на нивните хормони, а не последица од околината и општеството. Во природата освен кај човекот, и кај други животни се среќава хомосексуалнста.
Но, се разбира дека и можат со сила да се креираат хомосексуални деца, на пример посвоено дете кое по природа е хетеросексуалец ако живее со родители -хомосексуалци и ако тоа дете цело време биде учено од нив дека хомосексуалноста е правилна работа (ако биде предмет на „перење на мозок“) - истото дете има големи шанси да стане „неприроден“ хомосексуалец. Е сега, прашањето е дали неговите старатели ќе го дозволат тоа и дали ќе се однесуваат себично и некоректно со иднината на нивното дете...
Моето мислење е дека луѓето со хомосексуална определба имаат многу поголема храброст, разум и имаат многу повисока свест во споредба со хетеросексуалците, така да сигурно на своето дете ќе му ја пружат сѐ што му е потребно: љубов, емоционална стабилност, правилна едукација и образование на чија основа од тоа дете ќе се изгради здрав, разумен и свесен човек.
Јас сум стрејт, но имам голема толеранција за хомосексуалците и им давам целосна подршка во нивните напори за остварување на нивните човечките права.
За некој да стане убиец, треба да биди сведок на неколку убиства, па за да го примени истиот тој чин кон трето лице?
Муабетот ти нема врска. Дете може да е од раѓање опкружено со љубов, разбирање и далје бабини деветини.Ако тоа дете има лесно радразлива емоционална жичка, и то како би реагирало бурно на ситуации кои би довеле валјда и до убиство. Убиство може да биде од самоодбрана па се до внатрешни психички проблеми.
Значи НЕ МОРА како дете да биде сведок на убиства и други немили настани за да постане убиец. Доволно е тоа да има недостаток на љубов, допир, позитивни емоции. На тој начин најлесно се креира емоционално нестабилна личност и тој недостаток на љубов подоцна може да избие, се разбира на негативен начин... Овдека образованието и кариерата немаат баш некаква улога, конкретно има доста примери за сериски убијци кои се доктори, правници, инженери...
Убиството во самоодбрана понекогаш е неопходен исход во ситуација каде што животот ти е во опасност и во тој случај е оправдано - ако сакаш да го заштитиш сопствениот живот од напад било од диво животно било од човек...

Конкретно за убиствата, докажано е дека над 90% од убиствата се некаков начин поврзани со парите, со монетарниот систем. Останатите проценти се емоционално растроени личности чие постоење секако дека може да се редуцира во наредните генерации во иднина со поставување на нов општествен систем, нови апдејтувани норми, со систем базиран на вистинските човечки вредности.
Силувањето е одраз на голема сексуална енергија која, со тек на време си бара повремено празнење. Ако типот се срами, има гној карактер, или пак се работи за физичка непривлечност, нема пари или не му се оди по проститутки, се решаваат на таков грозоморен чин - силување. И тука ти тврдам дека нема никаква улога одгледувањето, колку што има улога, САМАТА СВЕСТ И РАЗУМ КАЈ ЧОВЕКОТ. Дали тој чуствува и знае дека направил лошо или не, може да расуди само со неговиот мозок, а никако со туѓи кажувања, едноставно не помага. Знаење не се тура со инка.
И за луѓето кои се склони кон силување (силовање), важи сличното како и за убијците. Тие се нестабилни и растроени личности кои како деца не се изградени емоционално и растеле без љубов. Тие немаат доволно самосвест и здрав разум, некои од нив не ни знаат за мастурбација или воздржување. Дефинитивно знаењето не се тура со инка ако личноста не е подготвена да учи (ова повеќе се однесува на повозрасните луѓе). Поради тоа системот функционира на начин „ всадување на страв“ со самите казни за такви чинови. Казните и законите се последица на неспособноста на општеството за решавање на проблеми.
Судови и затвори постојат скоро и откако постои човекот во едно опшество. Па дури и пештерскиот човек кој живеел во орди, често пати имало несогласувања и ги исфрлале од редот, оние кои не биле способни или на наши кажано правеле бељи. Ти според твојава логика сакаш односно мислиш дека на светот можи да има ЛУЃЕ кои:
-Ќе размислуваат еднакво
-Ќе имаат исти степен на свест и разумност
-Ќе живеат еднакво
-Ќе се сакаат еднакво
Законите, казните, затворите се доказ за неспособноста (некои случаи и несакањето) на системот за решавање на проблеми. Ова се однесува скоро за сите сегменти од општеството. Факт е дека општеството и монетарниот систем се основани на корупција и неправда и истите им служат само на најмоќните кои се помалку од 1% проценти од населението, кои имаат огромна финанскиска моќ и прават што сакаат. Ја контролираат владата, судството, образованието, медиумите, индустријата, здравствениот ситем... Ова не е никаква теорија на заговор, ова е само вистината...
Факт е дека живееме во ропство, модерно монетарно ропство. Жално е тоа што поголемиот дел од населението не се свесни за ова и мислат дека не можат ништо да променат. Но има надеж: моќта - сѐ уште е кај народот: 1 човек =1 глас.

Со помош на технологијата, ресурсите од планетата Земја и планови базирани пред сѐ на основните потреби на луѓето, зачувување на околината и капацитетот на планетава, можеме светот да го направиме многу поубаво место за живеење за сите луѓе, независно од тоа каде живеат, независно од националноста, верата, сексуалната определба, место каде што сите луѓе:
- ќе бидат еднакви во однос на основните животни потреби (вода, храна, дом)
- ќе имаат бесплатен пристап до образование од областа која ги засега
- ќе имаат бесплатна и соодветна здравствена заштита
- ќе имаат право да прават и да се занимаваат со што сакаат (се додека со тоа не повредуваат другите)
- ќе имаат вистинска слобода (liberty, not freedom)
Секако дека нема 2јца исти луѓе на планетава - сите сме различни во размислувањата, идеите, работите и луѓето што ги сакаме, повеќе или помалку...
Не знам од каде твојата логика за мојата логика за еднаквост на сите луѓе во размислувањето, сакањето, степенот на свест и разумност. Идејата е да се подигне степенот на свесност и да се смени начинот на размислување. Треба да размислуваме покритички, поразумно.
Во глобала не се согласувам во твојот муабет, ниту во теоријата на заговори со маите, од проста причина. Не можеш да споредиш маин календар, со нашиот грегоријански календар. Едноставно е, годините ги рачунаат од раѓањето на еврејски месија, а маите немаат везе што е евреин ниту по што го рачунаат нашите календарот. Крајот на календарот кај нив сигурно би значел почнување отпочеотк со истиот календар. Календарите се создавале според месечевите мени.
Ако би било според жолтата теза, крај на светот, тогаш кај нас, секој 12 месеци е крај на светот, според истата логика.
Доволно е да го прочита некој нашиот календар, 1 Јануари....фебруари, март април....ноември , декември...нема појќе месеци - крај на светот.
Не ни очекувам сите да се согласуваат со мoето мислење, за идејата за подобар свет и моите гледишта за начините како полесно да дојдеме до него. Целта ми беше овој текст да допре до луѓето, да почнат да размислуваат малку поинаку, како и да размениме мислења, совети, искуства, верувања, факти и критики се разбира :)
Инаку календарот на маите, неговиот крај и нов почеток 01.01.0001 :), ги спомнав затоа што навистина верувам дека друг и подобар свет е возможен и затоа што се надевам дека полека но сигурно луѓето ќе се променуваат кон подобро, ќе станат посвесни за своите постапки, своето постоење, своето размислување...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo