Константин Кајшаров

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Опомена: Пишувајте на кирилица
Ако размислувате дали да одите кај него треба да се прашате каков вид на личност ќе ви земе 3500 денари за 3 сесии (не знам колку беше точно) или 1500 денари за 'консултација' од 10 минути.. Без разлика дали ќе ве излекува или не. Со оглед на просечните плати во Македонија тоа е чиста експлоатација на луѓе коишто не разбираат многу (а тој не им кажува многу работи што ги знае). Кои и да било енергии да работат низ него.. не се многу од светлата страна.

Исто треба да се прашате каков вид на личност се нарекува себеси 'мастер константин' а цело време говори дека не требало да му се подлегне на егото. Воопшто не ме изненадува дека пишува во книгата да се биде хуман а тој ги бричи луѓето без окото да му трепне.

Типот инаку е доста арогантен и со многу ограничено знаење од овие области. Од друга страна вистински поседува одредена енергија и способности со коишто може да ви влијае врз вашата свест и енергетско тело (па дури и да ви 'гледа' во минатото).

Моја препорака е да се распрашате подобро и да ги најдете луѓето сто истите работи ги вршат бесплатно или како што обично се практикува 'остај колку сакаш и колку можеш' што е сосем исправно.. сепак тие луѓе 'инвестираат' време и енергија + знаење на коешто исто потрошиле време.

:unsure

Што знаете зa човеков беее ?
Пишав неколку мислења на други луге што ги најдов на интернет да видам како размислувате и што поседува тој ...
(bandit):x
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and EmilyB

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Прф пут чуо братееееее
Не верују у такфи глупости и људи што идеф по такфи работе за мене су проста маса
Поздрави га од мене, смем ли да га пцују ?
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Прф пут чуо братееееее
Не верују у такфи глупости и људи што идеф по такфи работе за мене су проста маса
Поздрави га од мене, смем ли да га пцују ?

:unsure И јас не верувам многу но навистина прави чудни работи за кои сметам декаа ниеден глумец од нашава држава не можи да ги одглуми (worried)
Знам дека ке те мрзи ама пребарај по интернет ке видиш...
Плус тој не е само иссцелител (како што го нарекуваат) туку има и многу свои песни,музики,и многу убави книги кои барем јас сметам дека можат да ти ја сменат психата и да отворат нови гледишта ...
Мене малце не ми се допаѓа тоа што многу си се фали и самиот себе си си се нарекува MASTER Konstantin Yino Kaysharov
Плус има завршено факултет за такви работи и развивање некакви чудни хармонии некоја кинеска школа...
И само да кажам уште дека со самата негова појава на интернет или незнам како ме вознемирува и сметам дека навистина има некакви моќи засегогаш ке остане мистерија тој и плус има мнооогу луѓе кои биле задоволни од неговите третмани (think)(bandit)
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Константин Кајшаров е роден на 27 септември 1981 год. во Велес, Р. Македонија. Уште како дете кај него се чувствувале разлики во забележувањето и доживувањето на луѓето и околината. Константин сметал дека сета негова перцепција е нормална и дека секој ја поседува, но како растел се уверил дека не е така и почнал да се затвора во себе, да се контролира умешно.
Во тинејџерските години учествувал на многу музички интернационални фестивали надвор од Македонија и освојувал многу награди. Започнал да пишува и поезија и на тој начин го искажувал сето она што тлеело во него.
Во текот на средното училиште во Велес, природната дарба почнал да ја изразува преку масажа на семејните пријатели, претскажувања, објаснувања за причините и последиците на некои случки, насетување на болката и страдањата кај луѓето. Правејќи го сето тоа како дел од некоја игра, преку молитвата која му станала најдобар другар, Константин успевал да ги „оздрави“ пријателите и блиските, а во него се повеќе се раѓала желбата да им помага на луѓето.
Напуштајќи го својот сон да стане музичка ѕвезда, Константин го следи импулсот да им помага на луѓето и се запишува на Факултет по Кинезитерапија на Универзитетот „Ангел Кнчев“ во Русе. Завршува и последипломски студии во Софија, на Универзитетот „Васил Левски“, каде се стекнува со диплома Магистер по кинезитерапија, специјалност Геријатрија. Се здобива со знаења и вештини од Источната и Западната медицина во однос на третирањето на човекот.
Враќајќи се дома во Македонија, по завршените студии, следејќи го импулсот за исцелување на туѓата болка, Константин и неговата мајка во 2006-та го создадоа првиот Центар за исцелување и духовен развој на овие простори, каде се комбинира праксата од современата и енергетската медицина. Повеќе за Центарот и терапиите Тука.
До 2008-ма за Константин се снимени два документарни филма. Музиката останува да тлее внатре во него, а поезијата се реализира дури во 2005 год. како збирка под наслов „Твојата Светлина”. Повеќе за делата на Константин кликнете Тука:
Неговите амбиции се од духовен карактер и тој смета дека е време за духовна преродба и затоа во 2008-ма ја основа Интернационалната холистичка академија – ИХА, преку која луѓето ќе можат да посетуваат обуки и работилници, со цел духовно да се надградат и успешно да допринесуваат во процесот на духовната еволуција. Повеќе за ИХА на: www.i-h-a.net
Денес Константин Кајшаров е Мастер – духовен учител на Учењето Светиот шепот и служи за возвишени цели преку Љубовта да се овозможи преобразба на човештвото и животот на оваа планета. Повеќе за Светиот шепот на: www.theholywhisper.com
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
смени го фонтот на буквите очи ми паднаа додека прочитав :zelen
инаку прв пат слушам за овој човек,и ако навистина помагал нема да бара пари и да си има тарифа... кој навистина помага не бара пари за возврат кој колку сака остава ...а овој си заработува на туѓа несреќа,но не е за џабе кажано како правиш така ќе ти се врати,ништо во животот не поминало не наплатено :)
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
смени го фонтот на буквите очи ми паднаа додека прочитав :zelen
инаку прв пат слушам за овој човек,и ако навистина помагал нема да бара пари и да си има тарифа... кој навистина помага не бара пари за возврат кој колку сака остава ...а овој си заработува на туѓа несреќа,но не е за џабе кажано како правиш така ќе ти се врати,ништо во животот не поминало не наплатено :)
Веднаш менувам :D
Инаку за тоа што заработува на туѓата мака е сигурно :(
Ама има луге кои навистина му се благодарни и го бараат ..
Освен тоа мислам дека неговите книги исто тка вршат терапии на психата а тие се бесплатни (повекетп) :rofl
Ги има во библиотеките една од најубавите книги му е книгата :" Те сакам "
Пбарај те ја книгата и ке сватите дека човеков има некаква теорија која смирува и отвара нови видици во животот ваше е дали ке бидат прифатени или не ама тоа е ... (talk)
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Човекот не успеа како естраден уметник од проста причина што воопшто не е талентиран, па мораше да се прогласи за светец за да може некако да се пикне во потесните кругови на елитата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_- and EmilyB

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Паа тој сеуште се занимава и со музика а пишува и книги а плус тоа тој неможе така лесно да си се прогласи за МАСТЕР на своја сметка :) (Тој тоа го тврдел само заради неговиот факултет и изучувања за таквите работи ) ... Тој за прва професија го смета исцелувањето а како хоби и и споредни работи кои дури и се вклопуваат со исцелувањето на некој начин се книгите (авторството) и песни (како и хармонична музика која наводно помагала за опуштање на поединци кои тој веднаш ги пресудува како болни и ги лечи :^) ). Лично јас сметам дека тој поседува нешто што го оддвојува од толпата на другите луѓе ... :unsure(Иначе многу е талентиран за пишување книги осоообено Психолоѓија ... ):sram :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ivii *

EmilyB

Нов член
1 декември 2014
1
0
1
Бидејќи лично познавам личност која оди кај него, ужасно сум изреволтирана и не знам од каде да почнам. Очигледно „мастеров“ има тактика на перење мозоци. Работи на овој принцип: одиш на семинар за христијанство кој чини 100 евра (хелоу!?!) и после тој викенд се враќаш со испран мозок и веќе не си истиот човек.
Таму пејат песни и се крштеваат во базени и тој венчава нови брачни двојки. Се плаќа дебело со цел да се зајакне самата организација инаку како ќе работи??

Типов е голем хипокрит, им ги пере мозоците на луѓево и главната цел му е да ги оддалечи од црквата за да формира своја црква која му ја финансираат луѓе што си имаат мака.

Знаете што е нашиот проблем? Тоа што ако имаме мака нема да одиме да се помолиме во црква, туку народот оди кај оџи, бајачки и триста слични глупости. И овој исто така ветува „инстант“ решенија.
Ако сакаше да го шири христијанството ќе ги советуваше луѓето да одат по манастири (ако веќе е изреволтиран од самата црква како институција, зборувам за попови и сл).

Тој си нашол погодна почва за ширење на неговите идеи бидејќи народот е плиток, верата ни е слаба, не си знаеме доволно за сопствената вера.

Ако познавате некој кој тргнал кај него пробајте да му помогнете. Ги навлекува луѓето, им ги пере мозоците. После ќе ги навлече во повисоките кругови каде тие ќе прават неправилни работи ама пусто од што мозокот ќе им биде испран ќе веруваат дека прават нешто што е правилно!