Хм, ова е идеалниот човек кој ми треба за сектата.Бидејќи лично познавам личност која оди кај него, ужасно сум изреволтирана и не знам од каде да почнам. Очигледно „мастеров“ има тактика на перење мозоци. Работи на овој принцип: одиш на семинар за христијанство кој чини 100 евра (хелоу!?!) и после тој викенд се враќаш со испран мозок и веќе не си истиот човек.
Таму пејат песни и се крштеваат во базени и тој венчава нови брачни двојки. Се плаќа дебело со цел да се зајакне самата организација инаку како ќе работи??
Типов е голем хипокрит, им ги пере мозоците на луѓево и главната цел му е да ги оддалечи од црквата за да формира своја црква која му ја финансираат луѓе што си имаат мака.
Знаете што е нашиот проблем? Тоа што ако имаме мака нема да одиме да се помолиме во црква, туку народот оди кај оџи, бајачки и триста слични глупости. И овој исто така ветува „инстант“ решенија.
Ако сакаше да го шири христијанството ќе ги советуваше луѓето да одат по манастири (ако веќе е изреволтиран од самата црква како институција, зборувам за попови и сл).
Тој си нашол погодна почва за ширење на неговите идеи бидејќи народот е плиток, верата ни е слаба, не си знаеме доволно за сопствената вера.
Ако познавате некој кој тргнал кај него пробајте да му помогнете. Ги навлекува луѓето, им ги пере мозоците. После ќе ги навлече во повисоките кругови каде тие ќе прават неправилни работи ама пусто од што мозокот ќе им биде испран ќе веруваат дека прават нешто што е правилно!
![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)
Стварно сега, кој им е крив што одат кај него, кога се глупи и не гледаат дека човекот очигледно се дрогира 24/7 тогаш нека му даваат пари, него тоа му треба. За овој само најлошо, маме му преварантско.