Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Сакам да ја душкам твојата кожа, ноздрите да ми се полнат со арома на есенцијално масло кое повикува на парење...
Сакам да бидам безобразна.
Твојот поглед да ги распарува пориве низ кои се ослободува твојот здив...
Сакам да бидам твоја.
Или веќе одамна сум?
Не знам, се изгубив меѓу чаршавите.
А, и онака секој допир е нова дразба и нов почеток на спознавање...
Изгледа доволни сме си!
 

Psychobilly

Староседелец
18 февруари 2012
600
1,509
703
Pilgrim Psychiatric Center
Седам овде и ги чувствувам последните сончеви зраци на своето лице. Денот се приближува кон ноќта и сонцето ужива во своето зајдисонце на хоризонтот. Ти си толку далеку, а сепак толку блиску... Моите мисли ти припаѓаат само на тебе. Повторно успеав еден ден да преживеам без тебе. Цело време мислев на тебе. Дома сум !
Не! Тоа е само едно место каде што стои мојот кревет, место каде што во утринските часови ќе се измијам и каде што поштарот секојдневно ќе донесе по некоја сметка. Тоа не е никаков дом, затоа што домот постои само со тебе. Тебе да те гледам како се будиш, првиот човек кој ќе те погледне додека ги отвораш очите. Да те утешам кога имаш тежок ден. Да ја осетам твојата топлина кога ќе ја ставиш главата на моите гради.
Ми недостасува твојата насмевка, твојот сјај во очите, твојот бес кога повторно сакав да го истерам она "свoето".
Има толку многу работи што сакам да ти ги покажам и што со твоите очи сакам да го видам.
Но ние двајцата сепак не најдовме време за тоа. Секој ден одиме по различни патишта. Страв ми е да те изгубам, да престане сонот како да те имам на своја страна. И сеуште се плашам од утрешницата. Дали ќе можам пред тебе да застанам и да ги покажам своите чувства? Секој ден во мене исчезнува дел од мене! Едно делче кое секој ден исчезнува во самотија!
Земи ме! Дофати ме! Дозволи ни пак да сонуваме и летаме... едноставно таму далеку.. каде само ние двајцата еден на друг припаѓаме во моментот на љубовта.
 

лооооло

Нов член
15 декември 2012
5
3
3
32
Значи во темава можете да пишете се` што ви лежи на срце кон оној во кој сте заљубени, разочарани, затрескани. Препорачливо е да биде во неколку реченици со јасен тек на мислата, а не само нафрлани зборови и ставен некој клип.
Многу е тешко да сакаш некого многу а да се секавас на бившиот и да те боли душата кога ке видиш дека тој е со друга дека ја носи на места на кои тебе никогаш не те однесол да оди секаде со неа да ја запознава со секој а тебе те чуваше во тајност.Што мислите вие?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Многу е тешко да сакаш некого многу а да се секавас на бившиот и да те боли душата кога ке видиш дека тој е со друга дека ја носи на места на кои тебе никогаш не те однесол да оди секаде со неа да ја запознава со секој а тебе те чуваше во тајност.Што мислите вие?

Не те заслужувал,ке помине и тоа,ке најдеш друг,подобар,ке те носи на нови поубави места каде што не си била.Не е единствен на светот.Нема потреба да жалиш по него.Се ке помине.Само потруди се да го заборавиш.И биди срекна со друг кога може и тој.;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

лооооло

Нов член
15 декември 2012
5
3
3
32
Не те заслужувал,ке помине и тоа,ке најдеш друг,подобар,ке те носи на нови поубави места каде што не си била.Не е единствен на светот.Нема потреба да жалиш по него.Се ке помине.Само потруди се да го заборавиш.И биди срекна со друг кога може и тој.;)
znam se trudam ama malku e tesko se nadevam deka so tek na vreme ke bidi se kako sto trbea
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Site velat deka imam zlaten decko sega sto e noviov me pocituva me saka me nosi sekade mi dava se sto ke posakam ama malku e tesko koga ke se setam na bivsiot se andevam me razbirate

сосема нормално е дека ке ти недостига но со текот на времето ке го заборавиш.Верувај,знам што зборам.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Секогаш наоѓам по некоја лага, по некоја надеж завиткана во крпче, наоѓам по некоја илузија, мечта за таму да ја лекувам раната.
Повеќе не ме боли тоа што сум сама, се навикнав знаеш, единствено ме боли тоа што сум без тебе.
Ме распарува твоето отсуство. Тука е, големо колку сивилото на една бездна, голема празнина која свесно ме проголтува.
Го барам твојот поглед во погледот на некои други и копнеам да ја најдам твојата насмевка во нечија друга... но никаде не ја наоѓам.
Боли кога помислувам...
Никогаш, никогаш нема да се вратиш.
Тие што си одат пакувајќи ја секоја трошка иднина во голем куфер никогаш не се враќаат.
Тие како како тебе, купуваат билет во еден правец и се качуваат во возот кој засекогаш кажува збогум.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
И ? Што сега? Среќна си што сум осамен и без тебе м?
Сакаше да си одам од твојот живот, го направив тоа. Со мака, но успеав. Неможам да те заборавам. Не, нема никогаш да те заборавам. Секој момент поминат со тебе останува, и се разгорува како мало жарче внатре, но спомен по спомен, жарче по жарче, на крај станува оган, за на крај да ми ја гори душата и да ме потсеќа само на тебе, на ништо друго.
Не сакав да го направиш ова, сакав јасен одговор зошто го стори. Ти ми даде само испревртена приказна.
ТЕ молам оди си. Оди си од мојот живот. Не сакам да си повеќе во него. ТЕ Молам напушти ме.