Животот на еден електраш

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Гледам така по сокациве интернетски како сите студенти се фалат дека нивниот факултет бил најдобар, имало забаваи така натаму. И скоро секаде слушам дека на Електро се учело многу, дека електрашите била вакви или такви. Е па не е така. Дозволете ми да ви го претсавам животот на еден електраш.
За електрашите важи едно:Дека тие немаат секс и се лоши љубовници.
Грешка. Сексот кај електрашите е разновиден и доста чест. Го има во најразлични бои, големини и форми.

Имате интеграл секс - Тоа ти е кога жената мисли дека си кај швалерката а швалерката мисли дека си дома а ти уствари си во читална и решаваш интеграли.
После имаш секс наречен равенка. Тоа ти е кога цел ден во читална решаваш равенки од математичка индукција со две непознати електрашки.
Сексот се јавува во следната форма: Теорија на релативитет - Кога доживуваш оргазам кога конечно ке успееш да решиш една задача по физика без ничија помош. Е тоа ти е секс !

Потоа имате и програмерски секс - Кога пишувате и пишувате редови и редови код а не проверувате дали имате грешка и кога конечно пуштате да се компајлира задачата ви е без грешка. Доживувате неколкукратни оргазми во низа.
Освен секс на Електро има и доста убави девојки. Не, мајтапот на страна стварно има доста убави девојки кои може да ги поделите на неколку групи: девојки со мустаќи, девојки со ептен големи мустаќи и мустаќи кои носат девојка со себе.
Да се заврши Електро воопшто не е тешко. Најтешки ви се првите 4 години а после кога ке успеете да се запишите во втора веднаш ви е полесно.
Има еден друг стереотип кој е погрешен. Електрашите не знаеле да се забавуваат.
Според мене како електраш ние сме најзабавните луѓе на светот. Па знаете ли вие каква забава е тоа да решаваш некоја задача со кирхофов закон и на крај таа да испадни точна? Не знаете нормално, не сте електраши.Често слушам и дека Електрашите биле премногу зафатени и не излегувале .Уште една работа што е грешна. Електрашите излгевуваат секоја вечер.Најчесто се излегува во читалната на факултетот а некогаш и по читалните на другите факултети.

Досега имало неколку непотврдени случаеви кога Електраши биле забележани во кафич. Очевидци велат дека биле препознаени дека се Електраши по тоа што имало доста скрипти, тетратки и калкулатори на масата на која седеле.Исто така друга важна карактеристика за препознавање било тоа што зборувале на некој чуден јазик неразбирлив за другите.
Важна информација: Доколку забележите вакви личности во вашата околина веднаш јавете се во нашата редакција зашто тоа може да биде првиот документиран случај на Електраш надвор од својата природна средина односно надвор од некоја читална.
Да не должам многу, Електрашкиот живот е многу интересен. Сексот и забавата се безпрекин 24/7 во неделата.
П.С. Ако некогаш наминете на Електро и ги погледнете Електрашите како работат во некоај училница важно е да знаете дека не сакат да бидат набљудувани од непознати лица.За ваше добро избегнувајте да ги гледате зашто може да ве нападнат и кон вас да полетаат интеграли, равенки и Електротехнички закони од кои повеќето се смртоносни и не постои против отров.
Ке следи 2 дел само да помини колоквиумската недела ..

http://sandokanblog.wordpress.com/2012/11/03/животот-на-еден-електраш/
 
alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
од овие видови на секс ти кој го имаш испробано ?
и да има преубави девојките на електро :)
 
Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Абе почекај малку па ти
само месец и пол си Електраш
треба стаж за ваков наслов :zelen
за ови работи не треба многу стаж... одма се забележваат а во втори дел ке пишува мза нимфоманијата и колоквиумскиот секс.. прво да го осетам и после ке пишам ..
alba се шо имам набројано го имам осетено.. :)
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

Имаш среќа што си заминаа у пензија тие професорите што сексаа у здрав памет:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
а зш имам погрешен впечаток ... да не подлажнуваш малце :D
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
а зш имам погрешен впечаток ... да не подлажнуваш малце :D
Па сеа и ти, се потрудил малку на смешен начин да опише што се случува на електро. Горе-долу тоа е, немаш време за излегување поради тоа што ти даваат огромни материјали за учење, плус ако не седниш и да се изнарешаваш задачи од тоа што ти предаваат ни 5/100 на колоквиум нема да извадиш. Горе-долу тоа е.
 
alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Па сеа и ти, се потрудил малку на смешен начин да опише што се случува на електро. Горе-долу тоа е, немаш време за излегување поради тоа што ти даваат огромни материјали за учење, плус ако не седниш и да се изнарешаваш задачи од тоа што ти предаваат ни 5/100 на колоквиум нема да извадиш. Горе-долу тоа е.
секаде и на секој фах си треба учење не само на електро ама со добра организација се се постигнува ...
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
секаде и на секој фах си треба учење не само на електро ама со добра организација се се постигнува ...
Абе сите ми го викате тоа. Кога седев у студентски се сконтравме околу тоа со студенти од други факултети. Коа им покажав колку материјал имам за колоквиум по еден предмет си подвиткаа опавчињата. Не негирам дека треба учење на секој факултет, но овде треба и повеќе од само знаење.
 
alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Абе сите ми го викате тоа. Кога седев у студентски се сконтравме околу тоа со студенти од други факултети. Коа им покажав колку материјал имам за колоквиум по еден предмет си подвиткаа опавчињата. Не негирам дека треба учење на секој факултет, но овде треба и повеќе од само знаење.
јас не го негирам ова што ти го кажуваш и точно е нема силење или форсирање во учењето таму или те бива или крајно си утнал факултетот ама луѓето што ги познавам што го завршија овој фах се тотално спротивни од ова што е напишано погоре :)