Пробувам да препрочитам. Искрено е хаотична. Не е ни добро средена, не се знае што е лево а што десно. Знам. Но сепак тие што требаше да ја разберат ја разбраа. Благодарам. Мило ми е што имаш прераснато во добар критичар со мото...да не згрешам можеби - its a free world и не коментираш за мене туку за текстот.
сакаш да кажеш дека беше некуму од форумов наменета?
Како тоа иначе тие што требаше да ја разберат ја разбраа?
Штом е поставена на форумот тогаш секој член ке се потруди да ја прочита.
Негативна критика на некоја колумна е во ред ама ако е веќе кажано од еден член мое мислење е дека не би требало да се вклучуваат и други а причината е обесхрабрување на тој што пишува да објави друга колумна.
Сепак не е форумот само во подфорум општи муабети и треба да се охрабруваат посебно тие што пишуваат колумни да творат и понатака.Фала.
Значи ли тоа дека треба само позитивитет и со сила да се шири?
Критика е критика.Без разлика дали е негативна или позитивна.
Како што има повеке мисленици со позитивни критики околу едно нешто,многу нормално е да има и повеке мисленици и со негативна критика.
Ако човек е нон стоп со позитивна критика за се и сешто дали тоа значи дека е правилен мотиватор?Дали тоа значи дека е објективен?
Јес да негативните критики може да обесхрабруваат но може и многу да го научат човека,само зависи кој како гледа на работите.
Од тапшање по рамо нема многу фајде.
Исто така тој што на се дава само позитивна критика,ем не е објективен,ем можеби не ни чита што е напишано,ем е лицемерен.
Тоа е барем само мое мислење.