Ветив дека ќе пишувам за ова. Еве, пишувам.
Редно е да почнам со исполнување на ветувањата што ги дадов.
Темава што ќе ја започнам е фактор на една еволуција во мојов живот и е повеќе лична, но се надевам дека барем некој ќе се пронајде во неа. Пред се сакам да ја споделам, за барем таа личност до која е вистински наменета да се пронајде (таа едната, но и сите инволвирани околу неа). Сметам дека некогаш нема оправдување за некои постапки кога ќе видиме колку сме грешеле и повредувале. Сметам дека правилно е некогаш да се преиспитаме себеси и дали она што го правиме е вистински коректно.
Извинувањата ми се слаба страна. Мислам дека јавното: Извини, знам дека згрешив! – е едно од најтешките работи што некој може да го направи. Тогаш…. извини, знам дека згрешив!
(Мислев дека ова ќе биде писмото што никогаш нема да го прочиташ, но наместо тоа решив да земе еден поинаков размер.)
Темава ќе ја почнам со јас…
Јас сум далеку од совршен човек. Но сепак, свесен за многу нешта околу мене. Ретки се оние теми за кои јас немам комфорт да зборувам, а не па да пишувам. Но, оваа е сепак една таква. Ова што ќе го напишам пред се ќе остане трајно, па потоа јавно, затоа болката е поголема. Многу е тешка таа болка, но ветив дека ќе пишувам. Со секој нов збор ја распламтувам повеќе и оставам дел од својата душа. Секоја нова реченица се жигосува врз моево тело, правејќи нови и само за мене видливи лузни. Но, ова го правам за тебе.
Јас ги прифаќам тие лузни. Можеби мојата убавина, колку да е таа во мала или голема количина, не ја гледам од сите досегашни лузни, мило ми е што ги имам. Тие ме направиле она што сум денес. Така и овие ќе ме направат во многу подобар човек, пред се поцврст, а тука ти ја добиваш најголемата заслуга за тоа.
Ние секогаш постануваме она што секогаш сме тврделе дека никогаш нема да бидеме и да постанеме. Така постанав и јас. Но, мило ми е што постанав сега, отколку во време кога за ова ќе беше премногу доцна.
Целиот наш живот сме опколени со игри. Уште од малечки учиме како се играат тие игри, нивните конкретни правила и начин на играње. Се усовршуваме и со повторување на тие игри и реализирање на многу ситуации, ние стануваме се подобри и подобри. Нашата тактика е се појака, влогот е се поголем, а ризикот уште повеќе. Но тоа што не тера да играме е моќта на самите игри. Чувството да си победник. Чувството да си најдобар.
Во игрите вложуваш одреден дел од тебе. Колку и да е мала играта има твој допринес. Не е битно дали е тоа труд, возбуда, тактика… битно вложуваш.
За голема жал сите игри не се толку невини и направени за забава. Има многу подли, расипани и многу манипулативни игри. Јас лично најголем влог и загуба имам кога ја играм играта на љубовта. Ги мразам игрите. Но, тоа не значи дека не ги владеам и играм добро. Напротив.
Играв зошто се околу мене, цела општествена социјализација ми го наметна тоа. Само секогаш мислев дека секое мое самопожртвување, влог и ризик носат голема добивка. Колку само грешев и колку поголема била мојата загуба. Мило ми е што денес тоа го гледам.
Кога ќе навлезеш во тие води и ќе го совладаш тој манипулативен свет, колку и да си чесен полека почнуваш да ги губиш своите принципи. Го губиш твојот морал, се она во кое што си верувал, се губиш и себеси. Најлошо е што се губиш несвесно, а ги губиш и сите оние околу тебе што некогаш те сакале и ти значеле. Се додека вирусот не се совлада потполно и од човек сосема се преобразиш во ѕвер, во змеј, во ламја. Мило ми е што се откажав додека не беше премногу доцна, мило ми е што змејот во мене не победи.
Во нас чуваме два волци, змеја, како сакате наречете ги. Едниот е добар и питом, исправен…. другиот го претстсвува обратното, суровото, лошото. Од нас зависи кој ние ќе го храниме. Од нас зависи кој ќе преовлада. Со тек на време еден од нив, односно послабиот ќе биде надмоќен од појакиот и во нивниот дуел едниот ќе умре. Секогаш доаѓа тој ден. Мило ми е што јас на време приметив кого всушност сум ранела. И со колкава количина на храна.
Мразам кога повредувам некого.
Мразам што ради околностите заборавив на зборот искреност. Заборавив дека љубовта треба да е најчиста, најмила и најчесна. Заборавив што значи да си добар човек. Заборавив дека можат да се најдат добри луѓе и дека не е се во светов толку лажно и манипулативно. Заборавив дека некој и мене може така чисто и невино да ме сака, онака вистински. Таа идеа ми постана фикција. Не ми беше реална, ниту прифатлива.
Тие мои – заборавив – за малку ќе ме донесеа до пропаст.
Но како да не заборавам? Кога цел свој живот сум опколена со игрите на среќа (односно лага и манипулација). Кога си опколен со манипулатори и ти постануваш еден од нив. Зошто неможеш да ги победиш, сам и немоќен, па им се придружуваш. Незнајно, сепак со нив правиш сојуз. Мило ми е што сега има некој да ме потсети на моите заборавив. Тоа неможеш да не го цениш. Тоа е автоматски сигнал дека сепак не се од страната на манипулаторите. Страната на доброто и светлото е секогаш потрнлива и потешка отколку страната на лошото. И колку да е помала, вреди да се бориш за неа. Требаше да ми стане јасно, не требаше тоа да стане уште едно мое – заборавив.
Најлошо од се е што сеуште мислев дека сум Црвенкапа. Некогаш се прашувам како беше можно толку длабоко да залутам во шумата, иако знаев дека не треба? Како е можно да ме има толку заслепено и маѓепсано? Незначи дека ако е пролет, дека во шумата е секогаш добро. И во пролет има волци, глутници од нив. Шумата има и есен, има и зима. Не треба да се залажуваме и да лутаме. Есента и зимата се можеби поблиску отколку што мислиме. Мислејќи дека сум малечката Црвенкапа целото тоа време ги чекав волците да ме опколат. Но, изгледа Црвенкапа одамна беше изедена, а се што остана од неа беше најстрашниот и најсвирепиот волк од сите во таа глутница. Јас. Јас, свирепиот волк што најзајадливо завива и чека нова жртва. Волк со црвена качулка. За малку ќе не можеше ни самиот ловец да ме препознае и спаси. И ќе бев убиена.
Но, ловецот знаеше подобро. Го распори стомакот на тој волк. И повторно ја најде малата Црвенкапа.
Најлошата клетва е преку ден да си Црвенкапа, а навечер волкот од кој најмногу се плашиш. Згора на се, не си свесен дека ја имаш таа клетва и незнаеш дека твојот волк го повредува оној што најмногу го сакаш. Го бараш волкот во сите, дури и во него. Постојат денови кога најмногу се сомневаш во него, но забораваш да провериш во својата душа. Таму ќе го најдеш секогаш твојот волк ако незнаеш каде се крие. И како секоја клетва, така и оваа треба да биде уништена со бакнеж на вистинска љубов.
Иако приказната за Црвенкапа нема љубовен дел, оваа Црвенкапа што го пишува текстов има. Конечно најде вистинска љубов, каде што знае да се простува и сака со целото срце. Каде што за тоа што го даваш не бараш ништо за возврат. Љубов без игри и манипулации. Таа Црвенкапа крајно време беше да порасне и многу и е мило што не е веќе дете и што си го најде својот мудар принц.
Те сакам.
Deviously Devilish