-Ми недостига целосност во семејството. За жал не може да се предвиди кога ќе ги загубиме најблиските. Она што го немам, а здравје за во иднина ќе го оснавам е токму такво семејство.
-Ми недостига доверба во блиските. Велат: Не верувај никому. Јас велам: лошо е да веруваш, уште полошо да не веруваш. Затоа што понекогаш нема на кого да се потпрам, на кому да се исповедам.
-Ми недостига поголема верба во Бог. Чувствувам дека од мене самата се има откинато некој дел, кој сега е изгубен некаде во мене и неможам да го пронајдам. Оној дел од психата кој ја контролира религиозноста кај мене е слабо функционален. Ми недостига мирот, спокојството. Да ме насочи нешто во животот.