И оваа есен повторно ќе биде одбележана со културно-забавната манифестација „Вино-Скоп“. Од Среда, 10-ти октомври до 14-ти октомври, 2012 интернационалниот вински фестивал „Вино-Скоп“ ќе се случи по шести пат во Скопје. Препознатливиот мирис на добри вина повторно ќе ве доведе до веќе познатата локација, „Плоштад Македонија“.
Настанот „Вино-Скоп“ прерасна во голем регионален настан кои привлекува секоја година до 50 000 посетители од Македонија и од Балканот.
Конфорната атмосфера која ја нуди „Вино-Скоп“ е тешко надминлива, а комбиницаијата од фантастично вино, храна и одлична музичка програма неодолива. Во самиот центар на прекрасното Скопје ќе имате можност да изберете и пробате најразлични вкусни вина од спектарот на триесетина винарии кои ви ги нуди „Вино-Скоп“.
И секако „Вино-Скоп“ не би бил потполн без музичката програма која како и секоја година допринесува за доброто расположение на фестивалот. Можност за сите љубители на софистицираниот вкус на виното да го почувствуваат духот на градот во едно малку поразлично светло.
Тука имате линк за музиката http://www.vinoskop.com/programa.html
Денес е Игор Џамбазов а утре Нокаут а девојчево Лили е баш квалитетна и не знам зашто ја ставале од 12-15 ама нивна политика.
Јас лично сум бил повеќе пати и сум си проаѓал убаво иако знам дека секогаш сум бил циција за чашата па сум си ја носел од дома од претходната година за да не ми на наплатат.
Искуства,импресии?
Имате некое вино што претходната година ви оставило впечаток па оваа сакате да го пробате?
Ајде кој сака нека пише збор два да ја развиеме темава сепак и црно-бело стои како промотор на овој настан.