Повеќето самоједи имаат бела боја. Имаат добри влакна кои понекогаш се користат за изработка на капи, џемпери и шалови. Меѓутоа, неговите долги влакна можат да им зададат главоболки на сопствениците кои ќе имаат полни раце работа околу белите влакна кои се насекаде. Очите им се темни, а носот им е црн. Како повеќето крупни кучиња, можат да имаат проблеми со колковите и со инфекција на кожата. Живеат од 12 до 15 години. Самоједите се многу нежни, мирољубиви, достоинствени и верни. Приврзани и се само на една личност, но на сите им искажува нежност, дури и на странците кои можеби не се добредојдени. Премногу се дружељубиви за да бидат добри чувари. Лесно се навикнуваат на семеен живот и добро се согласуваат со деца. Многу се интелегентни, но понекогаш намерно покажуваат отпор према дресурата. За да биде обуката успешна, на кучето мора да му се пријде одлучно, трпеливо, правично и со многу љубов. Самоједите никогаш не започнуваат борба, но можат добро да се бранат ако бидат нападнати. Лошата страна во чување самоједи е тоа што многу лаат. Познати се по тоа што многу сакаат да гризат предмети. Тешко вас ако го оставите дома долго сам...