1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Samoyed | Самојед

Дискусија во форумот 'Домашни миленици' започната од КрисТина К., 6 март 2012.

  1. КрисТина К.

    КрисТина К. Истакнат Член

    Зачленет на:
    2 март 2012
    Мислења:
    527
    Допаѓања:
    1,654
    Повеќето самоједи имаат бела боја. Имаат добри влакна кои понекогаш се користат за изработка на капи, џемпери и шалови. Меѓутоа, неговите долги влакна можат да им зададат главоболки на сопствениците кои ќе имаат полни раце работа околу белите влакна кои се насекаде. Очите им се темни, а носот им е црн. Како повеќето крупни кучиња, можат да имаат проблеми со колковите и со инфекција на кожата. Живеат од 12 до 15 години. Самоједите се многу нежни, мирољубиви, достоинствени и верни. Приврзани и се само на една личност, но на сите им искажува нежност, дури и на странците кои можеби не се добредојдени. Премногу се дружељубиви за да бидат добри чувари. Лесно се навикнуваат на семеен живот и добро се согласуваат со деца. Многу се интелегентни, но понекогаш намерно покажуваат отпор према дресурата. За да биде обуката успешна, на кучето мора да му се пријде одлучно, трпеливо, правично и со многу љубов. Самоједите никогаш не започнуваат борба, но можат добро да се бранат ако бидат нападнати. Лошата страна во чување самоједи е тоа што многу лаат. Познати се по тоа што многу сакаат да гризат предмети. Тешко вас ако го оставите дома долго сам...:)
     
    На Marijaaa, Sofi, *Anna и уште 5 други им се допаѓа ова.
  2. Sugar

    Sugar Истакнат Член

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    501
    Допаѓања:
    1,110
    Ааххх.. Го сакам, го сакам, го сакам!! Само бара внимание и време, а ја немам баш :(
     
    На smeker, *Anna и Caci им се допаѓа ова.
  3. Jana

    Jana Активен Член

    Зачленет на:
    2 март 2012
    Мислења:
    38
    Допаѓања:
    100
    лелеее сакам вакво :)
     
    На *Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Убави, слатки, симпатични, ама кога видов колкава постела од влакна оставаат во период на митарење ми се слоши...
    Тие сакаат снег и студ, а јас тогаш настинувам. Не се за мене самоједите...
     
    На *Anna, Andrea Bloodbucket и КрисТина К. им се допаѓа ова.
  5. thatsmysecret

    thatsmysecret Полноправен Член

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    21
    Допаѓања:
    44
    Имам еден ваков багабонт дома. Годинка направи во декември.
    Бараат многу внимание, точно. Четкање секој ден, трчање, играње.
    Ужива во снег, не сака сонце и вода. Треба да го молиш за да го избањаш хаха:rolleyes
    Воопшто не е агресивен, цело време е окезен. Срцка.
     
    На *Anna, КрисТина К., Sugar и уште 1 член му се допаѓа ова.
  6. Andrea Bloodbucket

    Andrea Bloodbucket Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    280
    Допаѓања:
    328
    Мојот принц Ринти (inlove).
    [​IMG]
     
    На *Anna, Jana, Caci и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mila Kunis

    Mila Kunis Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,279
    Допаѓања:
    3,528
    остај го компјутерот и ќе имаш време :p
    Омилена раса на кучиња ми е (inlove)
     
    На *Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Кафеавото ми е некако грдо.
     
  9. Билјана

    Билјана Нов член

    Зачленет на:
    7 октомври 2012
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Јас имам самојад, мажјак, три месеци стар. Овие денови приметувам дека премногу му паѓа влакното, миселв дека се митари но ми рекоа дека е сеуште мал за митарење :( знаете ли што друго би можело да биде ?!
     
  10. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Земи златна книга на интернет и од првиот ветеринар бројче и заѕвони,што се мачиш вака
     
    На Билјана му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: