Лагата на убавината

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
се навратив пак тука :D
мене ми е симпатична авторката, така остра и бунтовна и како вели - анархистички и хејтерски настроена (wasntme)
сепак, slb_bobo има право, контрадикторни се колумниве до даска, или до коска, како милувате - така
многу ми е симпатичен и интересен феноменот на себедекларирање како поинаков и различен
шо знам, тие што навистина се такви, такви се без многу врева

да се прогласува некој за интелигентен само заради тоа што оди контра на сѐ ми е многу наивно размислување
но, авторкава е млада, па е разбирлива нејзината фасцинираност :)
интелигенцијата не се мери според контрирањето и хејтањето
интелигецијата се мери според смислата за хумор :D

убавината оди во комплет и пакет - надворешност и внатрешност, во рамнотежа
и секој од нас си поседува сопствена рамнотежа
сите сме такви какви сме поради таа рамнотежа
каде фали едно, надокнадено е со друго, проста математика би рекла

а љубовта... љубовта е непредвидлива работа
никој досега не избрал намерно во кого ќе се вљуби, ниту па ќе биде поинаку од сега па натаму

и така натака (sun)
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Ќе ја цитирам колумнистката „Почитувам и манекенки, и оние што следат мода, и оние што се средуваат, фала богу девојка сум не одам батал и јас сакам исти работи како и тие
Ова ако се сеќаваш го искоментира на твојата прва тема кога се бореше со критиките на членовите. ...се сеќаваш?
Инаку добар текст, супер ако си сапиосексуалка, топ е тоа што у животов нема да се замраш со такви плитки надворешни ствари наречени „Лепота“.
Јас се водам по ова „ Ме привлекува изгледот но се заљубувам во карактерот“ Љубовта доаѓа кога сите слагалки ќе се сложат, комбинација на се она што индивидуално му е потребно на секој индивидуален човек.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
:D
хелоуу
ај ко за почеток
велиш - Правете го она што вистински ве прави среќни и вдишувајте чист воздух со помалку цимент на лицето.
и сега да те пита дада Блу
од кај па ти знаеш дека не го прават тоа што вистински ги прави среќни? (wasntme)


Како може да ги прави сите луѓе среќни една иста работа? Па мене пудрата на лице ми тежи. Но социјализацијата е онаа која ги приморува дека без шминка не е во ред да излезеш, безразлика колку и да ти е чисто лицето. Имам и јас другарки, знам од што се жалат.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Како може да ги прави сите луѓе среќни една иста работа? Па мене пудрата на лице ми тежи. Но социјализацијата е онаа која ги приморува дека без шминка не е во ред да излезеш, безразлика колку и да ти е чисто лицето. Имам и јас другарки, знам од што се жалат.
не ги приморува социјализацијата
ги приморува нешто сосема друго :)
 

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Ќе бидам ептен краток и сладок :)

МИЛО МИ Е ШТО МИ ГИ ПОСЛУША СОВЕТИТЕ ПИШАНИ ВО ПРИВАТНАТА ПОРАКА. КОЛКУ И ДА НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ ВО ЦЕЛОСТ СО ТВОЕТО МИСЛЕЊЕ ОВОЈ ПАТ НЕМА ДА СТАВАМ ЛОШ КОМЕНТАР, БИДЕЈЌИ МЕ ПОСЛУША! БРАВО!


Не се посветив доволно, но сепак имаше добар коментар и идеа. Јас почитувам туѓо мислење. Незначи дека секогаш сум во право. Благодарам.
 

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
не ги приморува социјализацијата
ги приморува нешто сосема друго :)


а што е тоа другото? Не сериозно дечки, ова го пишувам бидејќи премногу знам да се изиритирам. Само сакам да знам зошто?
 

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Не ми беше тоа зборот, ама ајде. Не реков дека конкретно ова е бесмислено туку дури и да било бесмислено само поради тоа што ги послушала твоите совети ти не би оставил лош коментар?!?! Не е малку контрадикторно тоа со желбата да помогнеш некому?

Онтопик: За колумнава имам многу ствари за кои не се согласувам. Сум сретнувал луѓе кои викале „Јас се палам на интелигенција и на карактер, мене физикусот не ми е битен“ па кога ќе им излезе некој Гвазимодо и 400 IQ да има ќе бегаат од него.
За љубов на прв поглед не коментирам овде, има посебна тема.

Мене нешто ми е контрадикторно во овие колумни. Авторката се декларира као персона која не се замара за другите, ама сепак им објаснува дека не се во право. Ако не се замараш за другите гајле ти е. Ќе си речеш „Шо и е**м, нека умрат глупи“ и ќе се свртиш и ќе продолжиш. Со оние со кои не сакаш да контактираш едноставно е, ги одбегнуваш.


Објаснив во колумната дека како сапиосексуалка, цело она што за мене претставува глупо и идиотски, го хејтам ме иритира ме нервира, и го напаѓам. Некогаш неможам да си помогнам. Многу луѓе го мразат мојот темперамент и тоа што секогаш се им кажувам без разлика колку и да боли. Верувај ми, многу ми рекле како можеш да одиш со толку грозни и грди фаци а ти си лепотица. Секогаш тоа се случувало кога ми коментирале за изборот на партнер. На пример бившиот ми беше премногу одбивен онака како појава. Не велам дека неможам да разликувам грдо од убаво. Можам. Јас зборам најмногу за љубов. Тој ме освои со внатрешноста и интелегенцијата. Не пробувам да бидам единствена и со сила да форсирам нешто за да бидам поинаква. Знам многу такви фаци. Мене тоа ми е површно. Ме иритираат и тие. толку се очигледни. Јас само сум среќна што конечно се знам себеси и не сум чудна има и други како мене. Среќна сум што можам да се дефинирам. Затоа и ми беше колумнава, јас никогаш на пример нема да разберам што значи нивната љубов на прв поглед.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Coelho and WomanInRed

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
се навратив пак тука :D
мене ми е симпатична авторката, така остра и бунтовна и како вели - анархистички и хејтерски настроена (wasntme)
сепак, slb_bobo има право, контрадикторни се колумниве до даска, или до коска, како милувате - така
многу ми е симпатичен и интересен феноменот на себедекларирање како поинаков и различен
шо знам, тие што навистина се такви, такви се без многу врева

да се прогласува некој за интелигентен само заради тоа што оди контра на сѐ ми е многу наивно размислување
но, авторкава е млада, па е разбирлива нејзината фасцинираност :)
интелигенцијата не се мери според контрирањето и хејтањето
интелигецијата се мери според смислата за хумор :D

убавината оди во комплет и пакет - надворешност и внатрешност, во рамнотежа
и секој од нас си поседува сопствена рамнотежа
сите сме такви какви сме поради таа рамнотежа
каде фали едно, надокнадено е со друго, проста математика би рекла

а љубовта... љубовта е непредвидлива работа
никој досега не избрал намерно во кого ќе се вљуби, ниту па ќе биде поинаку од сега па натаму

и така натака (sun)


Јас напоменав дека не би сакала да се величам. Каде има контрадикторност во моите колумни? Ме интересира и сакам да потенцитате. Веќе објаснив дека нервозите и испадите ми потекнуваат од сапиосексуалноста. Оваа колумна ја напишав строго за да се надоврзам на Провинцијалската идеа за екскурзија и за да ви го објаснам својот бес. Не се правам самата себеси паметна. Не го реков никаде тоа. Јас се ложам на паметот на другите. Тоа го пишува во колумнава. Љубовта - незнам за вас но јас можам да одберам во кого ќе се вљубам. Во најмапетниот се разбира. Сериозна сум. Секогаш сум можела да сакам и да пресакам некого кога јас ќе одлучам за тоа. Само треба многу да е интелегентен и ментално да ме предизвикува. Ако решам да го сакам, ќе го сакам вистински.
 

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Најпрво ќе почнам со еден мал коментар. Ми се допадна твојот состав, браво. Не знам колку ти значи моето мислење, но, ете, твој читател сум. Без разлика дали ми се допаѓа некој твој состав или не, сепак ќе го прочитам цел, со причина.

Предупредување: Еми, ќе да е долго..

* * *

Повеќето имаат различно мислење за убавината, различно ја толкуваат. И според тоа што тие сметаат за убаво, тоа и го бараат. Се додека има некој што го бара тоа нешто, тоа нешто ќе се произведува и ќе излегува на светлина.

Се додека момците завиваат по девојките кои носат прекратки шорцеви, девојките ќе продолжат да носат прекратки шорцеви. И се додека девојките не престануваат да се влажнат на самата замисла на стомачни мускули, момците нема да престанат да се трудат по 6 дена неделно во теретана. Кругот се врти.

Во секој случај, не постои само еден вид на девојки и еден вид на момци. Тука се и оние девојки/момци кои преферираат нивниот партнер да биде со малку поголема килажа, малку повисок, понизок. Можеби некои момци не сакаат нивните девојки постојано да бидат прекриени со шминка, туку да седат дома. Исто како што некои девојки попрво би одбрале некој кој изгледа сосема обично (average) преку некој што повеќето го сметаат убав. Има уште безброј работи кои влегуваат во оваа категорија и лесно ја заменуваат убавината. Зрелост, едукација, начин на размислување, итн.

Зошто? Многу лесно.

Бидејќи, за неа, оној кој другите го сметаат за преубав едноставно на неа не и создава интересно чувство помеѓу препоните. Но, оној кој останатите го сметаат за сосем обичен за неа е поубав.

За него, онаа девојка кога попрво би седела дома отколку да отиде на загревање во Drinkers, па на журка во Paradiso, е совршената девојка.

Убавата девојка која обожува журки и не бара сериозна врска веројатно попрво ќе ја одбере машката верзија од себе, без разлика колку романтичарите и се нудат.

Исто како што згодниот дечко кој сака журки попрво ќе ја одбере женската верзија од себе отколку некоја искрена и убава девојка која само сака врска. И брак. И деца. И да остарат заедно.

* * *

Како и да е, надворешната убавина никогаш нема да биде неважна и отфрлена.

Искрено, како би забележиле некого? Како некој би успеал да ни го привлече вниманието, ако не по убавината и надворешниот изглед?

И колку и да сте силни адвокати на внатрешна убавина во случајот и судењето на "Внатрешна vs. Надворешна Убавина", морате да признаете дека сепак надворешната убавина има улога.

Колку и да се длабоки и зрели разговорите, без физичка привлечност се сомневам дека било која врска ќе опстане.

Но, повторно ќе посочам, немаат сите иста дефиниција за убавина. Иако реков дека надворешната убавина има улога, не мора да значи дека мислам на пропорции 90-60-90, 6/8 плочки пропорционало поставени на абдоменот, убаво лице и сл.

* * *

1. Зошто убавината е толку ценета? И зошто секоја деценија носи свој нов поим за совршен изглед па сите трчаат да се сменат, одат под нож и изгледот толку многу им варира?

Убавината е ценета бидејќи од секогаш била ценета, од секогаш постоела, од секогаш влијаела на многу работи, на многу луѓе, на многу индустрии.

Основа на модната индустрија не е интелегенцијата, модната индустрија не е започната затоа што Коко Шанел, Наоми Кембел, Кејт Мос, итн. сакале да читаат длабоки романи од 18от век и насловната страна на Вог не ја добиваат неубави луѓе.

Како што реков, се додека има убави луѓе - ќе има кој да ги цени, и се додека убавината е ценета, луѓето ќе настојуваат да бидат убави.

И не се согласувам дека сите трчаат да се сменат. Прво, не можат сите да си дозволат. Второ, убавината треба да ти е многу битна за до овде да отидеш.

2. Зошто луѓето не сваќаат дека секој си има своја убавина, и дека особено треба да се работи на внатрешноста, а не надворешноста да ти цути а внатре да гниеш?

Сфаќаат. Како што сфаќаме ти и јас, сфаќаат и други. И не е секогаш ова случајот. Понекогаш и надворешноста и внатрешноста цутат, само треба да се знае кога да се каже стоп, пред да се отиде предалеку. Самобендисаност, преголемо его, нарцисизам.


3. Зошто постои љубов на прв поглед?

Мислам дека постои привлечност на прв поглед. Бидејќи, како што реков, надворешниот изглед е она кое го привлекува вниманието на другите.

Љубов е голем збор и не би требало да се користи за привлечност на прв поглед бидејќи ако некој ни е привлечен, ни го привлече вниманието, но не се запознаеме - наредниот ден едвај ќе паметиме дека постоел.

Ако во некого се вљубиме, и љубовта ни е возвратена, тоа е малку поинаку.

Се надевам дека имаше смисла ова. Многу често имам размислувано на оваа тема и ми е многу забавна тема за дискутирање, и, како и секогаш, се извинувам за преголемиот текст. Поздрав.


Благодарам. Мислам дека има смисла.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Coelho

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Мене нешто ми е контрадикторно во овие колумни. Авторката се декларира као персона која не се замара за другите, ама сепак им објаснува дека не се во право. Ако не се замараш за другите гајле ти е. Ќе си речеш „Шо и е**м, нека умрат глупи“ и ќе се свртиш и ќе продолжиш. Со оние со кои не сакаш да контактираш едноставно е, ги одбегнуваш.[/quote]


Патем неможеш да се изолираш потполно. Ајде пробај. Неможеш. Така немошам и јас. Па си хејтам. Не сум опседната со другите фаци и мислења само некој потези што е очигледно дека неможам да ги избегнам и се цело време околу мене ги хејтам најјавно што може. Јас мислам дека многу многу многу грешиш за контрадикторноста во моите колумни .
 

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Ќе ја цитирам колумнистката „Почитувам и манекенки, и оние што следат мода, и оние што се средуваат, фала богу девојка сум не одам батал и јас сакам исти работи како и тие
Ова ако се сеќаваш го искоментира на твојата прва тема кога се бореше со критиките на членовите. ...се сеќаваш?
Инаку добар текст, супер ако си сапиосексуалка, топ е тоа што у животов нема да се замраш со такви плитки надворешни ствари наречени „Лепота“.
Јас се водам по ова „ Ме привлекува изгледот но се заљубувам во карактерот“ Љубовта доаѓа кога сите слагалки ќе се сложат, комбинација на се она што индивидуално му е потребно на секој индивидуален човек.


Ти реков, јас не сум батал, и знам да разликувам убаво од грдо. Но нема теоретска шанса да се дружам со глуп или да одам со таков. Мора да е паметен. Мора да ме исполнува. Незначи дека ако сум сапиосексуалка дека не смеам да облечам фустанче или дека не се чешлам или дека незнам да ставам парфем. Тоа го прават и манекенките - Барем оние вистинските. Нормално е да имаш вариетет на гардероба. Зборам за пластика и премногу шминка на лице и менување само поради околината. Кога сакам да излегувам со другарка на пример - ми вика неможам. Зошто? Затоа што ме мрзи да се спремам. Ќе треба да потрошам 8 часа. Не сум расположена. И дента кога ќе ја видиш е сосема поинаква од она што ќе е вечерта. „ Ме привлекува изгледот но се заљубувам во карактерот“ - е добро кажано. Знам да разликувам добро од лошо и убаво од грдо. Но имало случај и да не ме привлекува физички да сакам да сум со него ради неговиот мозок. И многу одамна се двоумев зошто е тоа така.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena