Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
„ Еден дел од нашето време ни го крадат, добар дел ни го измамуваат, а делот што останува неприметно се губи “
„ Во моралноста нема ништо божествено, таа е сосем човечка особина “ - Ајнштајн
„ Секогаш имаме доволно време ако го користиме правилно “ - Гете
„ Срцето има причини кои разумот не ги познава “ - Гете
„ Страдањето создава болка само затоа што се плашиш од него. Те прогонува затоа што бегаш од него. Не мораш да бегаш, не мораш да се плашиш. Мораш само да сакаш. Значи, сакај го своето страдање. Немој да му се противиш, ниту да бегаш од него. Страдањето не е страдање ако ти не го направиш да биде такво.“ - Хесе
„ Кога нашето пријателство би зависело од времето и просторот, тогаш, совладувајќи ги времето и просторот - би го уништиле нашето пријателство! Ако го совладаме просторот, ни останува само ТУКА. Ако го совладаме времето, ни останува само СЕГА. Зарем не мислиш дека на тој пат помеѓу ТУКА и СЕГА, сепак ќе се сретнуваме повремено?“ - Ричард Беч
Ако љубовта е лек што ги лекува сите болки со уште поголема бол, зар да не ја сфатам како мака што од преувеличеност ги убива сите други маки така што ќе стане лек аз сите освен за себе? - Умберто Еко
Совеста и страшливоста се една иста работа. Само совеста е името на фирмата. Тоа е се. – Лорд Хенри
Смеата воопшто не е лош почеток на едно пријателство и секако е најдобар крај за него... –Лорд Хенри