Ѓавол - постои ли?

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Тетка Вики вели дека ѓавол е име што се дава на натприродниот ентитет и претставува главно отелотворување на злото.
Среќаваме повеке имиња за овој ентитет...Сатана,Луцифер...односно,секое име се однесува на посебен натприроден ентитет.

Библијата го спомнува како духовно суштество кој е главниот противник на Бог.
Како ѓавол е спомнат 33 пати а како сатана 52.

Да не развлекувам повеке,она што ме интересира е што вие мислите,постои ли ѓаволот?
Мислите ли дека тој е главниот виновник кој не влече кон злото и гревот или тоа е само наша слабост за која си бараме оправдување?
Дали е злото во нас или во ѓаволот?
Дали воошто верувате дека такво нешто постои?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah and MissChievous

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Исто колку што верувам дека постои Бог, толку многу верувам дека постои и Ѓаволот (сатаната, Луци, рогатиот, нечестивиот или како сакате наречете го). Не можам да верувам во такви нешта.

За мене главниот виновник за постоење на злото е постоењето на доброто затоа што едното без другото не оди. Нешто како филозофијата јин јанг.
 

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
На природната селекција и одговара да мислиме дека ѓаолот бил гз и гашти со злото...

Од каде сме сигурни што е добро, а што лошо(зло) ?
Кој ја поставил таа виртуелна граница во нашата свест?

Се е релативно.. Со ова чичко Ајнштајн ги објаснал нашите погледи кон животот многу повеќе од Библијата, Гугл и Вики - заедно. Ама ај да не должам...
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Не верувам дека постои. :gjavol
Кога ќе се каже ѓавол се мисли за нешто лошо, и човекот и кучето и мачето и крастајчето може да се наречат ѓаволи ако се лоши. LOL
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: мимис

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Не верувам во Господ, не верувам ни во ѓавол. Не верувам дека постои рај и пекол.
Постои зло и добро, но не мора да значи ако за еден нешто е зло, дека за друг истото е зло. Истото е и со доброто.
За се мора да има спротивност, да се одржува рамнотежа. Ден - ноќ, лето - зима, црно - бело, зло - добро...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Ѓаволот не е противник на Господ.Како што рекол Ајштајн Ѓаволот е нешто за кое Бог не се погрижил.Сите сме препуштени на своја воња да правиме што сакаме. Кој во што сака нека верува ако Бог навистина не постои празен е нашиот живот како може од ништо да настане земја,вода, камен итн.Не верувате во Бог и доброто па ете го сега злото погледнете што се случува околу нас погледнете ги егзорцистите.Ѓаволот постои и во секој дел од секундата се обидува да ни наштети.
Поздрав.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ѓаволот не е противник на Господ.Како што рекол Ајштајн Ѓаволот е нешто за кое Бог не се погрижил.Сите сме препуштени на своја воња да правиме што сакаме. Кој во што сака нека верува ако Бог навистина не постои празен е нашиот живот како може од ништо да настане земја,вода, камен итн.Не верувате во Бог и доброто па ете го сега злото погледнете што се случува околу нас погледнете ги егзорцистите.Ѓаволот постои и во секој дел од секундата се обидува да ни наштети.
Поздрав.

Каде ти тоа си прочитал такво нешто? Од ништо настанало нешто? Земја, вода и било што е резултат на она што се одвивало од почетокот на времето до сега. Не гледам како е тоа од „ништо“.

А злото постои оти ние не веруваме во Бог? Оф, Боже... Сеа одлучете се, ако Бог создал се` тогаш се` што се случува е негово дело. Или не, не може тоа така па ај она што ни е убаво е од Бог, а она што не ни е убаво е од Ѓаволот. Е како сега тоа, вие автоматски го правите Ѓаволот семоќен и сезнаен исто како и вашиот Бог, така?
Ајде еве ти една ситуација па да видам кое е дело на Бог, а кое на Ѓаволот:
Се шеташ по парк и имаш пиштол со тебе. Одеднаш некој почнува да пука насекаде и ти го вадиш пиштолот и го убиваш затоа што се загрижуваш и за својот живот. Си го убил убиецот, си му пресудил. Не е тоа прекршување на два од божјите заповеди? Ама од друга страна си спасил невини жртви. Одиш до кај него и гледаш дека пукал со ќорци. А? Кое дело е сега на Ѓаволот, кое на Бог? Чекам одговор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood and Outrider

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Како што верувам дека постои Господ така верувам дека постои и Ѓаволот.
Верувам дека постои нешто што сака да го сруши доброто и дека постои постојана борба таму во оној друг свет кое да надвладее.
Така верувам и во овој свет на некаков начин Ѓаволот предизвикува да се дешаваат лоши работи или некој лошо да се однесува па да викаат"Ко Ѓаволот да влегол во него".
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: turop