Half - Life е серијал креиран од сега прочуената компанија Valve, која денес е и автор на една од најпознатите гејмерски платформи - Steam. Серијалот започнува со првиот дел во 1998, за Microsoft Windows. Во потрага по студио кое ќе ја објави играта Valve стапиле во соработка со Sierra, бидејќи останатите студија ја процениле играта како многу насилна и крвава. Во играта ја земате улогата на Dr. Gordon Freeman кој е научник во лабораториите на Black Mesa, но поради инвазијата од вонземјани мора да се прилагоди да биде воин за да го спаси својот свет од вонземјаните од Xen. По огромниот успех на првиот дел, Gearbox Software изработуваат два продолжетоци под име Opposing Force (каде се игра со американски генерал) и Blue Shift (каде се игра со член на обезбедувањето на Black Mesa). По неколку години излегува вториот дел, каде повторно Gordon Freeman се соочува со тоталитарен режим кој ја држи земјата во свои раце, ја контролира и врши репресија на населението. Заради големото временско растојание помеѓу првиот и вториот дел од Valve одлучија дека треба да излегува играта почесто во пократки делови - епизоди. Засега се излезени само Епизода 1 и 2, а најавената Епизода 3 која требаше да излезе во 2008, е одложена на неодредено време а се смета дека Half - Life 3 е во изработка. Од оваа игра произлегува и модот Counter - Strike кој доживеа глобална слава, и Valve го адаптира на својот Source енџин.
Дали ја имате играно оваа игра и колку ви се допаѓала ? Јас ги имам играно сите делови ама не откривам делови од приказната, бидејќи секој еден вреди да ја изигра играва.