Знаете ли што јадете?! Анатомијата на една виршла
Доколку некогаш сте се запрашале што точно јадете кога ќе порачате хот-дог, одговорот е прилично едноставен. Накратко, се работи за месни (најчесто свински) остатоци измешани со комбинација од пилешки или мисиркини остатоци од внатрешни органи кои потоа се ’компресираат’ низ метални решетки и потоа се поливаат со вода.
Во таа смеса потоа се додава вкус и боја, а после тоа смесата се пакува во пластични обвивки, се готви, се лади и се пушта во продажба. За многумина, ова е прилично одвратен процес на, поради ниската цена, една од најпродаваните намирници на денешницата.
Со оригинално потекло од Франкфурт, виршлата до денешно време има доживеано многу мутации, а на американскиот пазар за прв пат е претставена во средината на 19-ти век. Многу здравствени работници советуваат избегенување да се консумира виршла поради нејзините бројни опасности по човечкото здравје, како на пример малигниот рак на цревата.
Месо
Традиционалните виршли се прават од свински месни остатоци, шунка и сланина кои, при колењето на животните се отстрануваат како вишок. Во таа смеса се додава пилешко или мисиркино месо, арома и боја. Повеќето виршли наменети за големопродажниот пазар, се прават токму на овој начин, додека мал процент од виршлите кои можат да се најдат се преработуваат на многу поквалитетен и поздрав начин.
Вода
Водата која ја содржи виршлата се додава за да се создаде вистинската тврда состојба на производот, односно, за да се спречи нивното предвремено распаѓање. Таа е измешана со месо кое после спојувањето со водата, се истиснува како компактна целина и се готви.
Скроб
Сите виршли, од оние најевтините, па до најлуксузните, се преполни со скроб. Обично, тоа е скроб од компир или пченица кој се меша со сол, со цел виршлата да добие волумен и веќе препознатлив вкус.
Сол
Виршлите содржат 2% сол, што значи дека се во класата на ’високосолени’ производи. Исто така, тоа значи дека со нивно консумирање ќе ви се зголеми ризикот од висок крвен притисок, инфаркт и срцеви заболувања.
Изгледа вкусно...за здраво ќе се прашаме
Е250 – натриумов нитрат
Консумирањето на процесиурано месо го зголемува ризикот од рак на цревата, а најголем виновник за тоа е токму натриум нитратот. Тој се додава во виршлата за да го спречи нејзиното расипување. Консумирањето на само една и пол виршла дневно, ризикот од рак на цревата го зголемува за дури 20%.
Е451 – калиум и калциум трифосфат
Тие помагаат во одржувањето на цврстата текстура од виршлите и го спречуваат нејзиното скиснување. Е451 исто така, се користи и во детергентите како омекнувач на водата, а се додава и во антифризот. Сепак, неговото консумирање, наводно, не вродува со никакви невообичаени појави.
Е452 – полифосфат
Уште еден вообичаен додаток на храната. Е452, всушност, претставува стабилизатор кој исто така помага во одржувањето на текстурата од виршлата, а го спречува и нејзиното распаѓање при готвењето. Не е опасен по здравјето.
Е301 – натриумов аскробат
Вид на витамин Ц, кој делува како антиоксиданс и регулатор на киселоста. Исто така, спречува месото да ја изгуби својата боја при готвењето. Како состојка во виршлата не предизвикува проблеми, но во поголема количина може да предизвика иритација на кожата.
Е120 - кармин
Станува збор за боја која може да се најде и во јогуртите, кармините или глазурите. Може да предизвика алергиски реакции, а кај некои луѓе и анафилактички шок.
Е160с – екстракт од пиперки
Уште една боја за храна на природна база. Се добива со мешање на сушени мешунки во индиски црвени пиперчиња. Најчесто може да се најде во сирењата, густите сокови, чипсот и некои слатки.