Pearl Jam

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Верувам дека не постои некој од вас да не ја знае оваа група.

Pearl Jam е американска рок група која е создадена 1990 година во Сиетел.
Оваа група е една од најпознатите рок групи во светот, кој и ден денес е присутна на музичката сцена.
Но пред да биде ова што е денес, Jeff Ament и Stone Gossard заедно со вокалот Andrew Wood ја основаат групата "Mother love Bone".
Меѓутоа групата нема да опстои долго, ќе го снимат својот прв албум "Apple" но набргу потоа Wood ќе почине од предозирање со хероин.
Смртта на Вуд ќе влијае многу на Џеф и Стоун кој во еден период се мислеле да се откажат од музиката воопшто.

Но подоцна овие двајца заедно во соработка со Мајк Мекреди гитаристот ќе снимат демо лента во обид да најдат вокалист и тапанар.
Ќе наидат на Енди Вердер кој е и ден денес фронтменот на групата, преку бившиот тапанар на Red Hot Chilli Peppers Џек Ајронс.
Енди кој во тоа време работел на бензинска пумпа, му се допаднале песните од кои ќе снимат демо верзии на три од нив Alive, Once и Footsteps едни од најголемите хитови и ден денес.
Pearl Jam се познати по тоа што досега имаат снимено видео запис за две или три песни од кој едната е Jeremy и кој понатаму ќе одбиваат да снимат друг, со причина дека не е исто тоа што ќе го прикажат на видеото со сликата што може да си ја создаде слушателот сам.
Специфични се дека одсекогаш биле на страната на фановите, во еден момент дури тужеле една од најпознатите компании за продажба на карти за концерти со причина дека ги искористувале фановите со прескапите цени за карти.
Овој скромен бенд и ден денес е еден од најпознатите бендови, кој е создаден одприлика во приближно време со Nirvana.
Познато е ривалстото, односно повеќе критикувањето од страна на Кобејн, кој подоцна се покајал и станал пријател со Енди.

Ова ми се едни од омилените песни:

Има и документарен филм снимен од страна на Камерон Кроув, филм од нивните почетоци па се до денес.

Што мислите за оваа група, ги слушате ли, кој се вашите омилени песни?
Pearl-Jam.jpg
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
"Black"


Sheets of empty canvas, untouched sheets of clay
Were laid spread out before me as her body once did.
All five horizons revolved around her soul as the earth to the sun
Now the air I tasted and breathed has taken a turn

Ooh, and all I taught her was everything
Ooh, I know she gave me all that she wore

And now my bitter hands chafe beneath the clouds of what was everything.
Oh, the pictures have all been washed in black, tattooed everything...

I take a walk outside, I'm surrounded by some kids at play
I can feel their laughter, so why do I sear?
Oh, and twisted thoughts that spin round my head, I'm spinning, oh,
I'm spinning, how quick the sun can drop away

And now my bitter hands cradle broken glass of what was everything
All the pictures have all been washed in black, tattooed everything...

All the love gone bad turned my world to black
Tattooed all I see, all that I am, all I'll be... yeah...

Uh huh... uh huh... ooh...

I know someday you'll have a beautiful life,
I know you'll be a star in somebody else's sky,
But why, why, why can't it be, can't it be mine?

Немам коментар за текстов.:sreken:x
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic and Oleri

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Сега прв пат ја слушнав оваа Black и си нема врска песната. Може текстот е добар, ама гласот и тоа како ме иритира. :ladno
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Сега прв пат ја слушнав оваа Black и си нема врска песната. Може текстот е добар, ама гласот и тоа како ме иритира. :ladno
Секој си има различен вкус нели.:sreken
Ама морам да кажам дека прв пат слушам на некого да не му се свиѓа Black.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri and The Tramp

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Една од омилените групи. Еди го обожавам. (inlove) Каков само глас има човекот! Од кога го гледав филмот уште повеќе ја засакав групава. Многу е добар филмот, одлично е претставено сè во врска со групата, од Mother Love Bone, почетоците на групата под име Mookie Blaylock, преименувањето во Pearl Jam, жалбата и судењето со Ticketmaster, трагедијата во Roskilde, (не)пријателството со Nirvana, сè до последните настапи во 2009/2010.​
Омилена песна:​
-​
Eddie & Kurt (inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Една од омилените групи. Еди го обожавам. (inlove) Каков само глас има човекот! Од кога го гледав филмот уште повеќе ја засакав групава. Многу е добар филмот, одлично е претставено сè во врска со групата, од Mother Love Bone, почетоците на групата под име Mookie Blaylock, преименувањето во Pearl Jam, жалбата и судењето со Ticketmaster, трагедијата во Roskilde, (не)пријателството со Nirvana, сè до последните настапи во 2009/2010.​
Омилена песна:​
Песнава всушност е од Mother Love Bone и е единствената песна што ја препеал Еди, од почит кон Вуд.
А за болдираново е всушност име на кошаркар кој играл во тоа време, и првиот албум им се викал "Ten", всушност бројката што ја носел на дресот.
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Песнава всушност е од Mother Love Bone и е единствената песна што ја препеал Еди, од почит кон Вуд.
А за болдираново е всушност име на кошаркар кој играл во тоа време, и првиот албум им се викал "Ten", всушност бројката што ја носел на дресот.
Знам за песната, намерно ја ставив бидејќи и во филмот беше баш оваа снимка, кажаа дека тоа била првата (мислам и единствената) песна од Енди што Еди се решил да ја препее и со тоа уствари се обединиле двете групи.
Исто и за кошаркарот знам, па нели поради него и го смениле името, наводно не сакал неговото име да биде поврзувано со гранџ бенд. Ако, Pearl Jam поубаво звучи. :sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
readhead Прво, се вика Еди Ведер, не Енди Вендер. Еди всушност прво имал еден бенд Bad Radio, јас имам некои стари снимки слушано од нив и не е којзнае што. После тоа Еди е у група со Крис Корнел во Temple of the dog. Ова парче топло го препорачувам на сите што ги сакаат Audioslave и Pearl Jam.

Глеам некој ја спомна Black. Уствари Black не е авторска на Перл Џем, туку на првиот бенд на Еди Ведер. Како и да е, мене ми е една од омилените од нив, како и Garden, Alive, Off he goes...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
readhead Прво, се вика Еди Ведер, не Енди Вендер. Еди всушност прво имал еден бенд Bad Radio, јас имам некои стари снимки слушано од нив и не е којзнае што. После тоа Еди е у група со Крис Корнел во Temple of the dog. Ова парче топло го препорачувам на сите што ги сакаат Audioslave и Pearl Jam.

Глеам некој ја спомна Black. Уствари Black не е авторска на Перл Џем, туку на првиот бенд на Еди Ведер. Како и да е, мене ми е една од омилените од нив, како и Garden, Alive, Off he goes...
Прво не сум readhead туку redhead.
Второ фала ти за сугестијата, многу е лесно да се погреши една буква, како ти со мојот ник, нели?:)
Сепак фала што ја дополни темата.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic