Турски топови на границата со Сирија

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Турција распореди против-авионски топови и друга артилерија долж границата со Сирија, јави денеска државната турска телевизија. Распоредувањето доаѓа по соборувањето на турскиот воен авион и затегнувањето на односите.
Турски воен конвој влезе во воената база во близина на пограничниот град Јајладаги.Во конвојот имаше 30 воениоклопни возила и ракетни системи од Командатана 39 механизирана пешадија од турскиот пристаништен град Искендерун.
Турската државна телевизија јави дека неколку топови ќе бидат распоредени на други места долж границата со Сирија. Турција ја предупреди Сирија да не вади трупи на границата, а ако го направи тоа, тогаш ризикува вооружен одговор.
Весникот Туркие наведува дека турските војниците ќе бидат лоцирани во реонот на граничниот пункт Џилвегозју и во реоните на градовите Рејханли, Јајладаги и Аланјозју. Весникот додава дека поради воената активност во реонот, сириските бегалци од кампот во Рејханли биле пренесени со минибуси и автобусиво Шанлаурфа.
Еден сириски министер во средата изјави дека воените сили во земјата можеби по грешка го собориле турскиот авион, бидејќи можеби по грешка го идентификувале како израелски. Сирискиот министер за информации Омран ал-Зеби изјави за турската телевизија Хабер дека неговата земја „не сака криза со Турција“. Тој додаде дека турските и израелските борбени авиони се главно од американско производство и можеби тоа ги довело до грешка сириските воени сили.
Турските власти во повеќе наврати го повикаа сирискиот претседател Башар ал-Асад да поднесе оставка. Во земјата најдоа прибежиште околу 33.000 Сиријци, бегајќи од акциите на властите против бунтовниците.

што мислите ќе има ли воен судир во скоро време ??
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,032
9,656
1,683
Normandy
Сметам дека треба барем да воведеш извор од каде ги црпиш овие информации.
А мојот став околу светската политика ќе го задржам за себе.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Сметам дека треба барем да воведеш извор од каде ги црпиш овие информации.
А мојот став околу светската политика ќе го задржам за себе.

кризава е општо позната не ти треба извори на информацијава, а за ставот твој личен во врска со светскава политика ако не коментираш не знам која ти е логиката да даваш коментар по темава.

Мислам дека форумџиите (вклучувајќи и мене) многу слабо ги засега информациите од ваков тип.

а генерално ли ги застапуваш сите нив па го знаеш нивниот интерес ???
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
а генерално ли ги застапуваш сите нив па го знаеш нивниот интерес ???
Да, јас сум портпарол.

Доволно е да го прелисташ форумов и ќе видиш колку теми има од типот иран и америка се натегале, путин рекол вака, саркози така. Дури ни подфорум за светски настани и политика не постои. Тоа кажува се.

Но сепак, немам ништо против отварање на темата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner and melpomena