Постојат многу фонтани, базени, бунари и мостови на желбите. Фрлаш паричка и замислуваш желба. И чекаш да ти се оствари.
Од моите 11 години, до денес, со секоја фрлена паричка сум имала една иста желба.
Нели се доволни 6 години посакување нешто?
Нели е редно да се оствари?
Можеби овој 17ти роденден ќе ми биде за паметење, во буквална смисла. Не по испиени пијачки, не по лудата журка, не по скапиот подарок, туку по нешто многу многу повредно.
Можеби дојде време желбата да ми се оствари. А можеби и не...