Стручна Литература

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
156
256
1,063
Овде споделувајте информации поврзани со стручна литература од различни области (засега на едно место, ако има потреба ќе бидат поделени во посебни теми според областите). Поставувајте прашања или побарајте помош...

За сите љубители на маркетингот:
Јас ви ја препорачувам - Пурпурна крава од Сет Годин
Откријте зошто мора да ја вградите Пурпурната крава во се што создавате и зошто телевизијата и радиото не се повеќе тајното оружје на маркетерите. Потребни се иновации и користење на новите медиуми.
purpurna.jpg
  • Книгата може да се купи во: Издавачки Центар ТРИ
  • Цена: 350 денари
 
x3m

Активен Член
17 февруари 2012
139
169
43
Скопје
Искрено, сите книги од ТРИ, што се ориентирани на бизнис, се перфекција. Инаку јас моментално ја читам Герила Маркетинг од Џеј Конрад Левинсон, па после одиме на Кравичката ;)
 
She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
399, Фредерик Бегбеде.

Типов е цар. Потврдувам и печат ставам.
Сурпва несоџвакана, исплукана реалноста за маркетинг - бизнисот, кој не е ништо друго освен бизнис. Цитати од книгата во продолжение.
,,Маркетингот е перверзија на демократијата: оркестарот му диригира на диригентот.
Ме фаќа ужас од речениците што почнуваат со ,,ме фаќа ужас‘‘.... ‘‘

„Се викам Октав и се облекувам во АПЦ. Правам реклами: да, јас го загадувам универзумот. Јас сум оној тип што ви продава г**на. Оној што ве тера да сонувате за работите кои никогаш нема да ги имате. Секогаш сино небо, никогаш грди женски, совршена среќа, ретуширана во Фотошоп. Слики над кои човек се лигави, со музика во заднината. А кога со грижливо штедење ќе успеете да си го купите автомобилот од соништата, оној што го снимав во последната кампања, за мене тој веќе ќе биде демодиран. Јас одам три чекори напред и се трудам да ве фрустрирам. Ве дрогирам со новоста, а предноста на новоста е тоа што веќе никогаш не останува нова. Секогаш има некоја нова новост поради која претходната станува стара.

Животот го поминувам лажејќи ве, и богато сум награден за тоа. Хедонизмот не е хуманизам, туку cash flow. Што е неговата девиза? „Трошам, значи постојам“. Но за да се создадат потреби, треба да се поттикнат љубомората болката, незадоволството, тоа е мојата муниција, а вие сте мојата цел. “

"Сè се купува: љубовта, уметноста, планетата Земја, вие, јас. Оваа книга ја пишувам за да ме истераат. Ако дадам отказ, нема да имам право на оштета. Треба да ја пресечам гранката на која седи мојот комфор. Мојата слобода се вика социјална помош. Повеќе сакам да ме отпишти претпријатието отколку животот. ЗАТОА ШТО СЕ ПЛАШАМ."
Насликано денешното општество + критика со сатира сервирано на тацна :) Ја препорачувам​
 
Чиво издание е?
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Ако Ви е мерак да го поминувате слободното време во библиотеки и на тој начин да го збогатувате своето знаење, еве едно место каде можете да ја истражувате и проучувате историјата на уметноста:
Библиотеката на Институтот за историја на уметноста и археологија (наследник на библиотеката којашто функционирала во рамките на Групата за историја на уметноста при Филозофскиот Факултет во Скопје, оформена во учебната 1946/47 година).
Располага со фонд од околу 8000 книги и периодични изданија од домашни и странски издавачи - специјализирана литература од областа на дисциплините кои се изучуваат на Институтот ( археологија и историја на уметност, од предисторија па сѐ до денес).
Литературата од библиотечниот фонд е достапна за користење секој работен ден, од 8.00 до 14.00, само во просториите на библиотеката. За истото ќе биде потребно да приложите индекс или пак лична крата.
Прописите кои важат во библиотеката се стандардните - тишина, без јадење и пиење, забрането пушење, додека секоја злоупотреба на библиотечниот материјал, мебелот или опремата лично се надокнадува. И се рабира, мобилните исклучени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina