Лондон, домаќинот на летните Олимписки игри и прославата на дијамантскиот јубилеј на кралицата Елизабета II, е најпосетената туристичка дестинација оваа година, објави во понеделникот кредитната куќа "MasterCard", пренесува "Reuters".
"Глобалниот индекс на туристички градови" на "MasterCard" предвидува дека во Лондон оваа година, со авион ќе пристигнат 16,9 милиони луѓе што е за еден милион повеќе од второпласираниот Париз и многу повеќе во однос на Њујорк кој се наоѓа на 13-тото место со "само" 7,6 милиони пристигнувања.
Во индексот исто така се вели дека во Лондон, втора година по ред, туристите ќе остават најмногу пари, односно 21,1 милијарда долари, повеќе отолку во Њујорк каде што странските гости ќе потрошат 19,4 милијарди.
"Лондон нуди подобар однос на вложеното и добиеното од Њујорк", објаснува Јув Хедрик-Вонг, советник во "MasterCard". Многу популарниот Банког е на трето место на листата со предвидени 12,2 милиони туристи кои годинава ќе потрошат 19,3 милијарди долари.