Сурогат мајки

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Актуелна тема моментално во државава, дали да се воведе закон за дозвола на сурогат мајки, т.е мајки кои носат туѓо дете, кое после пороѓај ќе го дадат на пар кој поради здраствени причини не може да има деца.

Доколку се усвои овој закон, трошоците кои парот ќе ги исплати на мајката ќе бидат минимални, т.е една минимална плата која ќе биде само за здрава исхрана на мајката во текот на бременоста и болнички трошоци, а таа не смее да бара плус парична надохнада.

Како вас ви изгледа оваа идеја, подржувате ли, кои се предностите а кои мааните на ваквата одлука?
Би прифатиле да бидете сурогат мајка доколку сте женски пол, или би прифатиле дете од сурогат мајка кога веќе би немале надеж да имате свое дете?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Актуелна тема моментално во државава, дали да се воведе закон за дозвола на сурогат мајки, т.е мајки кои после пороѓај, своето дете ќе го дадат на пар кој поради здраствени причини не може да има деца.

Доколку се усвои овој закон, трошоците кои парот ќе ги исплати на мајката ќе бидат минимални, т.е една минимална плата која ќе биде само за здрава исхрана на мајката во текот на бременоста и болнички трошоци, а таа никако не смее да бара плус парична надохнада.

Како вас ви изгледа оваа идеја, подржувате ли, кои се предностите а кои мааните на ваквата одлука?
Би прифатиле да бидете сурогат мајка доколку сте женски пол, или би прифатиле дете од сурогат мајка кога веќе би немале надеж да имате свое дете?

Кога веќе е мајката решена да се откаже од детето, подобро да го даде директно во семејство него да го остави во институција каде е којзнае колку долга и мачна процедурата дур да си добие родители, или можеби е подобро да детето расте во институции и државата да го земе под закрила и да решава за неговата судбина?
Повелете.
Конфузен ти е воведот и објаснувањето за тоа што значи сурогат мајка.
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Немам мислење само знам дека никогаш не би била сурогат мајка, а доколку не би можела да бидам воопшто мајка попрво би си посвоила, ако не успеам здравје така ми било пишано.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Јас колку што знам, сурогат мајката е само "фурната". Односно, детето не е нејзино. Просто кажано, се земаат сперматозоиди од мажот и се зема јајце клетка од жената, па идат во матката на сурогат мајката. Таа го носи 9 месеци, го раѓа и го дава тоа туѓо дете на вистинските биолошки родители. Што знам, во реалност не делува толку лошо, дури спротивно, сосема позитивно дело. Но лично, не би била сурогат.
 
Да, но јас колку што разбрав, покрај таа сурогат мајка, може и онаа мајка која сака да абортира, или да го даде детето на посвојување да го даде детето на некој пар место да го абортира, нели тука со владините мерки за намалување на абортусите..
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Да, но јас колку што разбрав, покрај таа сурогат мајка, може и онаа мајка која сака да абортира, или да го даде детето на посвојување да го даде детето на некој пар место да го абортира, нели тука со владините мерки за намалување на абортусите..

Па тоа е посвојување. Без разлика и доколку имала претходно желба за абортус, а потоа се решила да го роди (веќе кога е трудна) за да го даде на посвојување на друг пар.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Од мои скромни, откривање-топла-вода познавања, муабетот е дека сурогат-мајка не би можела да се откаже од детето бидејќи нејзината бременост е плод на договор со оние кои ќе бидат негови родители/старатели, така да нема простор за размислување дали да се дава бебето по институции и посвојувања бидејќи работите се однапред испланирани, почнувајќи од физичката сличност на сурогат-мајката со биолошките родители.

Мене ми е малку чудно и сигурно не би сакала да се најдам во улогата на штрк кој буквално носи бебиња, но немам против ако тоа е желба на оние кои ќе го чуваат детето. Предност некоја и не гледам, со оглед на тоа што бременоста и мајчинството се најубавите нешта што една жена може да ги искуси, но еве, да речеме дека истата нема да ги трпи сите маки (иако слатки) при носење и пораѓање, и, за разлика од посвојувањето, каде има „готов производ“ за земање, овде ќе има можност да ја следи бременоста. (think)
Искрено, јас радо би посвоила. Штом таму некаде веќе има родено детенце на кое му требаат родители и дом, не гледам зошто би се малтретирала барајќи донори и/или родилки, правејќи тестови и чекајќи уште којзнае колку месеци дури да се средат работите и да се износи и роди бебето. Ту мач би ми било.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Искрено, јас радо би посвоила. Штом таму некаде веќе има родено детенце на кое му требаат родители и дом, не гледам зошто би се малтретирала барајќи донори и/или родилки, правејќи тестови и чекајќи уште којзнае колку месеци дури да се средат работите и да се износи и роди бебето. Ту мач би ми било.
Не мислиш дека при случај кога чекаш дете од сурогат мајка е поинаку, дека некако на некој начин и ти си дел од цел тој процес, бременоста, развојот, породувањето? Што знам, јас кога веќе не дај боже ќе дојдам до ситуација да бирам меѓу посвојување и сурогат мајка, ќе ја одберам вторава опција, можеби баш поради тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Vlintoski

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Кај сурогат мајка барем еден од родителите кои го посвојуваат е биолошки родител(таткото е донор на сперма , мајката е донор на јајце клтка), сурогат мајка само го износува детето поточно родителите кои го посвојуваат имаат свој генетски матерјал кај детето. Сурогат мајка се користи кај разни аномалии на матката ,како и кај жени кои неможат да го износат бебето...
Се што е во прилог на раѓање на нов живот, потполно го подржувам, но потребно е да е правилно дефинирано,и да се почитуваат законите кои важат во европските земји, а не да си измислуваме ние како што ќе ни текне хаотично.