Сурогат мајки

Sagan

Полноправен Член
20 јануари 2014
29
54
13
Earth-Mars-Earth
kriminalist.macedonianforum.net
Како тоа министерот за све-и-свашта планира со една просечна (минимална?) плата мајката да се храни здраво и да ги плаќа прегледите во текот на цели 9 месеци? Ај разбирам на вакви услови да се согласат потенцијални сурогат-мајки кои се роднини на брачниот пар, па тоа го прават од што сакаат да ѝм помогнат, ама за некои кои не се познавале претходно, ова е целосно понижување на сурогат-мајката. Башка да не смеат да се договараат за дополнителен парчен надоместок? Ха!

Оваа влада со сите сили се обидува да ги дотера жените до ниво да бидат фабрики за раѓање на нова евтина работна сила. Прво со кампањата за трето дете, сега со ова.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Rent-a-womb. Капитализам до ј..........јајници.:ladno
Иако порано имало и поголеми бизарности како рентање на раја да оди во војна на местото на некој богат, да оди затвор наместо друг, платени голтачи на туѓи гревови и слични убавини...

Во пакетот по иста цена оди и доење на новороденчето од страна на најмената родилка или сепак се посегнува по млеко во прав?
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не се позајмува, се изнајмува за соодветен надоместок. Ок е као во смисол взаемен договор и тие работи, не знам само до какво дно треба да е некоја жена дојдена за да си ја изнајмува утробата.
Веројатно ќе стане магнет за `жене сумњивог морала` и оние на кои метадонот не успеал да им го промени животот...

Којзнае, можеби пазарна логика ту д екстрим. Во иднина (ако веќе и нема такво нешто) можеби ќе се рентаат и пријатели (вечерна сеанса во бар со гратис исчистени уши за слушање на рентачот како страда после раскинот или разводот) рент а втор братучед, рент а ќерка на две недели... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Electra

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Не знам зошто на некој начин не ми штима дека за кај нас идејава е добра за реализација.

Сурогат мајка, жена која ќе се согласи да биде зачната на некој начин и да поминува патешествие од 9 месеци и плус тие неколку часа пораѓај, само да им направи услуга на некои кои поради некои причини не можат да имаат деца. Нема шанса да се најде таква жена. Па ние пари не даваме на заем без да се убиеме, не па дете и тоа да помине туку така мирно и сите да си живеат среќни.
А комшијата што ќе каже, а која етикета ќе и се залепи на женава? А на детето?
Не знам, само онака размислувам...

И она што ми беше конфузно во објаснувањето за сурогат мајка, беше и пологично од оваа вистинска дефиниција, бар за тука кај нас, а нормално ако сакаш да нешто ти вроди со плод треба да си го адаптираш спрема луѓето и средината, па макар било и хаотично превртено и предефинирано.

Пример прост кој сега ми текна, тинејџерка останува трудна, крие долго од нејзините, кога веќе се дознава абортусот е да речеме ризичен, а задржувањето на детето е невозможно нели таа е малолетна, нема завршено школо, татково исто, никој не се согласува на компромис, хаос е се и детево се чека да се роди и да се даде во институција. Е тука, зошто да не може оваа мајка да си најде пар и потоа да им го даде детето без никакви тешки процедури како кај посвојување од институција, него иста постапка како за сурогат мајка која патем пак ќе кажам нема шанса да се најде во државава и да се изреализира се по вистински пат и со правата дефиниција...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Не мислиш дека при случај кога чекаш дете од сурогат мајка е поинаку, дека некако на некој начин и ти си дел од цел тој процес, бременоста, развојот, породувањето? Што знам, јас кога веќе не дај боже ќе дојдам до ситуација да бирам меѓу посвојување и сурогат мајка, ќе ја одберам вторава опција, можеби баш поради тоа.
Уште во првото мислење напоменав дека е поинаку и дека позитивата (на некој начин) е што може да се прати бременоста. Но, лично не би одела на тој чекор од причината што ја наведов, а тоа е дека можам да спасам веќе постоечки, детски живот од домови за деца без родители.
Пример прост кој сега ми текна, тинејџерка останува трудна, крие долго од нејзините, кога веќе се дознава абортусот е да речеме ризичен, а задржувањето на детето е невозможно нели таа е малолетна, нема завршено школо, татково исто, никој не се согласува на компромис, хаос е се и детево се чека да се роди и да се даде во институција. Е тука, зошто да не може оваа мајка да си најде пар и потоа да им го даде детето без никакви тешки процедури како кај посвојување од институција, него иста постапка како за сурогат мајка која патем пак ќе кажам нема шанса да се најде во државава и да се изреализира се по вистински пат и со правата дефиниција...
А која е правата дефиниција?
Во примеров се работи за класично посвојување. За да се смета за сурогат мајка, како што е напоменато, потребни се сперматозоиди и/или јајце клетки од оние „биолошки родители“ кои ќе се вбризгаат во матката на сурогат мајката, а ако веќе тинејџерката е во поодмината бременост, ризична за абортус, не е исто пратењето како во рана бременост, ниту пак детето е плод од родителиве кои ќе го посвојуваат. Така да, дефинитивно ова не може да се смета за сурогат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Многу јасно ми е мене дека не е тоа сурогат мајка, друго сакав да кажам.
Тинејџеркава и нејзиниот случај да биде третиран како случајот со сурогат мајката. Место детето да биде дадено по домови, да му се наоѓаат родители т.е истите парови што не можат да имаат деца, и со тоа да се скратат процедурите како кај стандарното посвојување каде детето оди во дом, па потоа му се бараат родители. Ова веќе е муабет за темата посвојување да, ама кога веќе сум сигурна дека тој закон со сурогат мајките нема да вроди со плод, бар нека го изменат тој за посвојувањето.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Доколку се усвои овој закон, трошоците кои парот ќе ги исплати на мајката ќе бидат минимални, т.е една минимална плата која ќе биде само за здрава исхрана на мајката во текот на бременоста и болнички трошоци, а таа не смее да бара плус парична надохнада.

Минимална плата, 8.000 денари. Во Индија, жени од сламовите наплаќале по 8.000 долари на западни парови да им квачат бебе. Ова е страшно, до кое ниво е дојден македонскиот законодавец. Го вреднува 9 месечното носење терет 50 пати помалку отколку оние во Индија...

http://edition.cnn.com/2013/11/03/world/asia/india-surrogate-mother-industry/

Макар да, ништо ново, овдешната раја е дно, срамен анахронизам во современа Европа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene