Препораки за филм (општа)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Sexy evil genius (2013)

Нискобуџетен мајндфак филм со една женска особа и взаемното влијание со неколку ликови кои ќе ги собере на седенка во бар за да си прикажат за минатото уз пијачка при што ќе се изродат повеќе костури од плакар отколку шо има по археолошки локалитети. Цел филм се дешава во барот, троа во женското веце од барот со повремени флешбек сцени. Сеуште постојат филмови без ооооооогромни експлозии, скапи костими, си-џи-ај и кршење кичми кои можат да пренесат добра прича. Нешто као индепендент/инди или како веќе ги викаат. Жанр - мајндфак-инди-драма. Ако постои такво нешто...

Главни улоги - еден тип со црвена коса шо игра во амерички пити и слични тинејџ филмчиња, брат му на Алек Болдвин, еден црнец шо го имам видено во некоја серија, не ми текнува точно во која и две женски шо ги гледам прв пат. Ако сте фанови на мајндфак филмови, обавезно погледнете го.

http://www.imdb.com/title/tt1801096/
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Филм кој бил снимен по повод 100 години од дивеењето на непознат сторител (или сторители) низ утробите на женското население во елитната лондонска населба Вајтчепел.
Еден од најдобрите филмови од криминалистички жанр, евер. Драматиката која е постигната ретко се гледа на филм, иако трае 3+ часа.
Препорака за сите љубители на филмови за славни манијаци, во случајот - за најславниот. Мајкл Кејн во една од подобрите улоги. Ликот на кочијашот во изведба на некој анонимен глумец е нешто неверојатно. Таков спој на одвратност, злоба и примитивизам ретко се доловува на екран.:x
Темелно одработено сценарио, одлична глума, ликови кои се паметат, сценографија која `дише` во некое поминато време.
It`s old. It`s british. It`s amazing :cool:

Jack-ripper-1988.jpg


http://www.imdb.com/title/tt0095388/
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Greedy
Опуштена комедија неколку алчни семејства и еден наводно богат старец кој се очекува да умре во секој момент . Неверојатни заплети и мудрост на старецот. 7/10
 

raindeer

Нов член
25 март 2014
9
0
1
29
Jas vi go preporachuvam "Limitless". Mnogu dobar film za eden lik koj nenamerno otkriva edna supstancija koja mu go meniva zihvotot.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Филмов мора да го погледнете.

Eastern Promises (2007)
http://www.imdb.com/title/tt0765443/?ref_=nv_sr_6

Млада докторка од Лондон истражува што се случило со 14 годишната руска мајка која и умира на пороѓај, оставајќи зад себе бебе и еден дневник во кој и е опишано целото патешествие и мачниот живот поминат во Лондон. Истрагата на докторката ја носи баш до центарот на случувањата, а со смртта на тинејџерката е поврзана и руската мафија во Лондон.

Убаво смислена приказна за интригите, сплетките и ладнокрвноста на руското семејство, наспроти правдата, невиноста и безгрешноста на новиот живот и животот на оние наивните кои на погрешно место барале спас од својата ладна и крута Русија...
9/10.
 

Metalec

Полноправен Член
1 јуни 2014
36
33
18
33
Да биде акционо комедичен.
ВИ БЛАГОДАРАМ ОДНАПРЕД :)
 

Metalec

Полноправен Член
1 јуни 2014
36
33
18
33
Parada
Филм за парадата на геј припадниците...нивната осуденост и нивната борба за своите права...;) Кој не го гледал обавезно да го гледа,има мн комични елементи плус Тони Михајловски глуми и е страшно комичен...:rofl
го имам гледано
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Navoj

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
The Tall Man (2012)

405px-Tall-man-poster-2012.jpeg


Мистери трилер (inlove) Во некое забаталено рударско гратче исчезнуваат деца....криза е, се` нема пара, родители се оддаваат на алкохол, дроги и лоша телевизија, патња и мамурлак... истрага околу судбините на децата, осомничени, завера.... и ненормален plot twist to end all plot twists, играње со перцепцијата на гледачот сето тоа мајсторски изведено од режисерот Паскал Ложие (!?) за кој првпат слушам но ако и остали филмови ги снима како овој ќе биде легенда. Нормално и сценариото си прави свое, глумата е на ниво, одлично доловен вајт треш амбиент и безнадежност...
Нема нешто посебно познати актери, оваа Џесика шо е на постерот ја имам видено во некој друг филм, останатите не баш.

Одлична појдовна идеја како тема на филмот за која се надевам дека постои и надвор од филмското платно.....некаде......некако......:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape