1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Праисторија

Дискусија во форумот 'Историја' започната од Marick14, 11 август 2012.

  1. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Ако некого му кажете дека е Неандерталец, веројатно сакате да го навредите и да му соопштите оти е груб, невоспитан и му недостасуваат основните одлики на човечко суштество. Но, тим истражувачи од Универзитетот Јорк открил дека токму кај Неандерталците за првпат се појавиле одликите на човекот, онакви какви што ги знаеме денес.
    [​IMG]Тим истражувачи од Универзитетот Јорк дошле до заклучок дека најраните луѓе во Европа, Неандерталците, се првите што покажале одлики на модерните човечки суштества, некаде во периодот пред 500 илјади и 40 илјади години. Тие примитивни луѓе за првпат воспоставиле меѓусебни врски кои не биле базирани единствено врз инстинктот за преживување и заемната корист, туку на сочувствувањето и искрената грижа за другите.
    Археолошките докази покажале дека повредените и слабите членови на заедниците не биле напуштани, туку напротив, за нив се водела посебна грижа. Емотивната состојба на нашите претци веројатно најдобро се гледа преку детето со особена деформација на мозокот за кого тие се грижеле до смртта на шестгодишна возраст, како и Неандерталецот со исушена рака и деформирани стапала кој живеел во заедницата преку 20 години.
    Корените на сочувствувањето се лоцирани пред приближно 6 милиони години и се засноваат на заедничкиот лов. Студијата вели дека заедничкиот предок на луѓето и шимпанзата е првото сушстество кое развило навика да им помага на своите блиски, најчесто со мали гестови во текот на ловот, како помагање за преминување пречки, поттргнување гранки итн.
    Емпатијата кај Хомо Еректус, пред 1,8 милиони години е она што подоцна довело до развој на рационалното размислување. Доказите упатуваат кон тоа дека овој вид се грижел за болните, ги погребувал мртвите со особена грижа (што покажува жалење и тага), а имал и потреба да ги утешува блиските при загуба на некој член од заедницата.
    Веќе кај модерните луѓе, почнувајќи од Неандерталците, сочувствувањето се подигнало на ниво кое е многу блиску до денешното и тие започнале да се грижат и за туѓинците, животните, предметите, како и за апстрактните концепти, како богови, духови, итн.
    Објаснувањето за појавата на емоции кај луѓето се темели на кревкоста и ранливоста на човекот, што на подолг период довело до неверојатно силна зависност и поврзаност со останатите луѓе. Потоа, сето тоа влегло во генетската меморија и направило комплексен склоп на емоции, кои ги носиме со себе до денес.

    Како ја замислувате праисторијата вие?
     
    На Roxelana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Оти ова два пати?
     
  3. Мортидо

    Мортидо Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,054
    Допаѓања:
    1,576
    Наведи извор од научниве истражувања.

    патем, не ми се интересни теми со копиран вовед.
    Нека има и копи/пејст но и отворачот на темата нека напише нешто свое.
     
    На Аркантос и existence им се допаѓа ова.
  4. Dr.Gonzo

    Dr.Gonzo Истакнат Член

    Зачленет на:
    23 февруари 2012
    Мислења:
    651
    Допаѓања:
    1,915
    Тим истражувачи од универзитетот Гонзо дојдоа до заклучок дека во праисторијата било многу јако да се живее и дека неандерталците биле луѓе со стил, носеле најубави бунди кои самите си ги дизајнирале значи секој неандерталец си бил свој дизајнер и моден гуру за себе, кога сме веќе кај стилот тие исто така имале многу добар стил на удварање, ако на некој неандерталец му се свиѓала некоја неандерталка тој идел право кај неа со неговата екипа и ја фаќал за коса подигајќи ја од земјата и под мишка додека другариве негови ги претепувале другите удварачи кои се вртеле околу неа. И така носејќи ја под мишка правац во неговата пештера украсена со лустер од сталактити, теписон од мамутска кожа, гарнитура од скелет од диносаурус и нормално послужувајќи ја со препечен вепар. Е не бе ке се замара ќе ја вика на кафе на ова на она ќе се замара тука па држ-недај ебате.
     
    На The_Mayor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Legioner

    Legioner Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 април 2012
    Мислења:
    999
    Допаѓања:
    606
    ај сега детево не чини имат бе некој кој ви чинит за теми отварање ??
    да се вратиме на темава добро прашање праисторита е најинтерсниот дел на човековата историја тогаш постојат неколку вида кај човекот меѓу кои и мали луѓе (хобити) али најзастапени се неандерталците и хомоеректусот современиот човек.
    Во овој период има меѓусебно врзување меѓу неандерот и современиот човек
     
  6. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Кое е сеа од овие две?
    Треба да се разграничи што е историја а што праисторија.
    Историјата што сочинув и по какви се` матерјални докази се трага, а што праисторијата.
     
    На Аркантос, melpomena и existence им се допаѓа ова.
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Општо се дискутира за праисторијата. Дали диносауруси, човек, камено дома, железна доба итн.... :)
     
  8. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    е па така бе. Ама смешно ми е коа ќе ги измеша овие два поима - историја и праисторија. Едниот со другиот нема врска. Во археологијата има едни пристапи кон едниот а сосема различни кон другиот.
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Legioner

    Legioner Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 април 2012
    Мислења:
    999
    Допаѓања:
    606
    ако одиме во поглед на човековиот настанок јасна е границата
    старо камено време (палеолит) и ново камено време (неолит) али изгледа е општа дискусија
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ouroboros

    Ouroboros Полноправен Член

    Зачленет на:
    4 март 2013
    Мислења:
    37
    Допаѓања:
    10
    Темата е супер, ама како што гледам коментариве на дечкиве се многу празни, освен последниов пост. Искрено темава е општо поставена, јас мислам искрено дека луѓето во праисторија живееле нај убаво без да се замараат како ние денес, без оглед на тоа што многу ни е упростен животот. Друго што е битно е тоа што самата пра - историја се дели од исторјата, така да и темава не треба да спаѓа во историја, затоа што е сосема друга свера, а зошто е пра историја тоа е затоа што е пред историјата кога немаме пишани документи како тогаш живееле луѓето или се развивале. Сепак мислам дека оваа тема е еден голем корпус на теми кои се преплетуваат меѓу себе и прават една голема наука, која според археолошките податоци кажува што правеле и како живееле луѓето (интелегентните мајмуни), во минатото.
     
    На Saladin му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: