1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Праисторија

Дискусија во форумот 'Историја' започната од Marick14, 11 август 2012.

  1. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Границата баш и не е јасна поради тоа што некои од народите/племињата влегле многу порано во некоја од добиве од некои други. Некои дури и ден денес не се влезени во железно време.
     
  2. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Како што одличниот познавач на оваа тематика Елијаде кажа: Ова е време на бинарна логика. Бинарна логика е поим со кој се објаснува сето постоење на овие првобитни луѓето во праисторијата.
    Тоа што овие луѓе биле љубители на канибализмот, полово општење со мртви, жртвопринесување, облекување на цело племе стриктно со крзно од еден вид на животно, си има своја причина И СВОЈА ПРИМАРНА ЛОГИКА, која нема врска со нас, па затоа често ние си се гадиме, осудуваме, брукаме, а немаме ни сами поим колку само го правиме истото на „позатскриен“ начин.
    Како јас ја замислувам оваа праисторија... Човекот бил човек, си дозволувал да чувствува, да се плаши, да сонува, да се стреми кон нешто БЕЗ ДА ГО КРИЕ ТОА ДЛАБОКО ВО СЕБЕ.
    Кога ги затворам очиве го гледам примитивниот човек како игра околу огон, принесувајќи жртва на богот. Ги гледам солзите во неговите очи додека го јаде месото на својот брат кој болен починал, па за да духот остане во него засекогаш го „инкорпорира“ во себе(базирајќи се на логиката дека и животните своите болни членови ги јадат). Ги гледам како го убиваат своето тотем животно кое е веќе доволно старо, па прават обред и од неговото крзно си прават облека за на тој начин тотемот да стане заштитник на нивното тело.
    - многу ми се допаѓа страста со која живеел овој примитивен човек, премногу. Верата што ја давал во извршувањето на секоја една акција... Малку од тоа му треба и на денешниов човек... барем ако некогаш ја применуваме оваа бинарна логика...да ја примениме и вербата на тој примитивен човек.
     
    На MoonFairy, Prashina и Outrider им се допаѓа ова.
  3. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Само да додадам дека и во Феникија имало канибализам и принесување на човечки жртви. Па тие се меѓу првите цивилизации кои имале пишани извори ерго имале историја. Така да канибализмот не е некое мерило на праисторијата.
     
  4. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Јас сум од оние луѓе што сметаат дека канибализмот се појавил во период кога луѓето сѐ уште убаво не можеле да се разделат од животните, па затоа ги практикувале нивните навики. А дека го има и во поразвиени култури и цивилизации кои веќе имаат историја е неоспорлив факт.
     

Сподели: