Телема

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
И оваа нова V:iv година ќе се прославува примањето на новиот Закон и новото време, точно 114 години откако гори стариот свет, издигнувајќи се новиот Еон, Еонот на Детето - каде што секој е дете, секој бара искуство, смеа, знаење, надминување :)

Фрлете ги оковите на гревот и ограничувањата и нурнете навнатре, не нанадвор!
На 08.IV.1904, точно на пладне во времетраење од еден час е диктирано првото поглавје од Законот, каде што е даден зборот на Нуит!

„57. Призивајте ме под моите ѕвезди! Љубовта е закон, љубов под волја.
И не дозволете им на будалите погрешно да ја сфатат љубовта; зашто има љубов и љубов.
Постои гулаб, и постои змија. Одберете добро!
Тој, мојот пророк, одбра, познавајќи го законот на тврдината и големата мистерија на Божјата Куќа.
Сите овие стари букви од мојата Книга се правилни; но צ (Цади) не е Ѕвездата. Тоа исто така е тајна: мојот пророк ќе им ја открие на мудрите.
58. Јас давам незамисливи радости на земјата: сигурност, не верба, за животот, над смртта; мир неискажан, одмор, екстаза; ниту пак барам некакви жртви.
59. Мојот мирис е од смолести дрвја и гуми; и нема крв во него: поради мојата коса дрвјата на Вечноста.
60. Мојот број е 11, како и броевите на тие што се наши. Петокрака Ѕвезда, со Круг во Средина, а кругот е Црвен. Мојата боја е црна за слепите, но сина и златна гледаат тие што имаат вид. Исто така јас имам скриена слава за тие кои ме љубат.“
- Книга на Законот, Поглавје I

Оваа книга е диктирана во Каиро, помеѓу 12 и 13 часот, три последователни дена, на 8,9 и 10 Април, 1904 година. Авторот се нарече себе си Аиваз и тврдеше дека е „пратеник на Хоор-Паар-Краат“, т.е. пратеник на силите коишто сега владеат со Земјата, што ќе биде објаснето подоцна."
- Мал Вовед во Liber AL vel Legis svb figura CCXX

"Ритуалите нека бидат изведувани правилно со радост и убавина!
Постојат ритуали на елементите и прослави на времињата.
Прослава за првата ноќ на Пророкот и неговата Невеста.
Прослава за трите дена на пишувањето на Книгата на Законот."
- Книга на Законот, Поглавје II:35-38

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
@Хептаграм XI сакам да те прашам, од колку години, значи на која возраст, човек може да почне да живее според законот на телемата, по својата чиста слободна воља????
Човек може да стане свесен за постоењето на „Книгата на Законот“ на многу млади години.
Сам, може да дознае за Законот на Телема откако ќе научи да чита и да размислува самостојно, нормално и ако во себе го има семето за истражување.

Ова значи е за тоа кога може човек да може барем малку да го истражува Законот.

А за да живее според истиот, а со тоа и самиот да го прифати Законот на Телема, ќе му треба време и искуство. Како што во раџа јога постојат јама и нијама пред да се започне со асана - така и тука, мора да се средат некои други ствари за да може човек да искористи нешто од Законот. :)

Од друга страна, јас постојано зборувам дека ако некој навистина го проучува Законот, навистина ги одгатнува скриените ствари низ нашите книги - искуството и стекнатото разбирање ќе го однесе кон патеката на Иницијација, дали во О.Т.О., дали во A.'.A.'. , дали и во давата Реда - се зависи од самиот човек.

П.С. За иницијација, мора да си полнолетен и уште некои ствари...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
ако во себе го има семето за истражување.

Ете, тоа семе за истражување како што го нарече, е најбитното нешто што треба човек да го поседува ако не сака да биде потчинет, поробен и задушен..но, на жалост, секој не се раѓа со такво семе во своите гени, па затоа и ќе пати...
Тажно е што многу деца растат во мизерни услови и немаат шанси никогаш во својот живот да почнат да живета по своја воља, убиена им е предвреме.

пс
Секојдневно сум сведок на едно малтретирано детенце чии родители се зависници..затоа и се помислив, кога тоа душиче ќе живее по своја воља:(
одтаму произлезе прашањето(think)
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Не се раѓате со такво семе, па одозгора ако земеме дека вашето семејство уште толку ви го полева со отрови тоа семе на истражување и затоа сите сте заглавени во стариот еон и сеуште ви е гордост да сте христијани или муслимани - без да знаете всушност што значи тоа...
Да не зборам за луѓе кои во деството и младоста биле малку асоцијални или премногу исмевани од околината - па наоѓале и наоѓаат и сега прибежиште во чудни ствари кои ниту тие не ги разбираат, комбинации од најразлични христијански секти, њу ејџ бладања... тоа е полошо и од самото немање на потреба да се истражува!
Млади кои бараат по секоја цена да бидат... special kind во својата околина....

Жени сеуште имаат идеи како „мажот е глава на семејството“, жената е неспособна, мора да слуша колку и да е идиот мажот, убедени дека сте полни со грев итн итн...
Ве учат од мали да се плашите и од слобода и од одговорност.

Таквите имаат премногу работа врз себе си за да се откачат од тие старо-еонски окови кои преку адети и слични форми се продолжена рака на религиите од тоа време!

П.С. Потребно е да се едуцираат децата (есеј на Кроули) и родителот сериозно да си ја сфати улогата која сам ја презел по своја волја.

П.П.С. А тоа што знаеш за некое дете дека е малтретирано а ти не си ги пријавила неговите родители кај социјалните служби - не треба да ти текнува на мене, туку да пробаш да најдеш решение за проблемот што секој ден го гледаш и имаш докази за истиот...
Човештвото пред се.
 
Попрво на тебе ми текнува и на законот на телема, отколку на човештвото и неговите нефункционални и несовесни безправни институции.
Мислам дека треба пред да се врши едукација на децата(по есејот на Кроули), да се врши на родителите и да им се бара лиценца за родителство;)
како и да е, дојдов до заклучок дека делата на човекот доаѓаат од мислите, но поради природата некои дела не можеме да ги реализирами или спроведеме, значи не е се до нашите мисли:)
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Не ти е лесно и тебе и сето ова со кое случајно или не дојде во допир, што го знаеш како Телема :)
Почни да читаш за темава, има книги...

П.С. За природата и делата - не може да ги кршиш законите и да правиш нешто што не е во твоја природа да ги правиш! Дури и да си бог, само си атом во бесконечноста на Нуит!
Сеуште мислите дека чистата волја ќе ви дозволи да правите како ќе ви текне...
Почнете да читате и да размислувате... не е воопшто едноставно да си човек :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Не ти е лесно и тебе и сето ова со кое случајно или не дојде во допир, што го знаеш како Телема :)
Почни да читаш за темава, има книги...

П.С. За природата и делата - не може да ги кршиш законите и да правиш нешто што не е во твоја природа да ги правиш! Дури и да си бог, само си атом во бесконечноста на Нуит!
Сеуште мислите дека чистата волја ќе ви дозволи да правите како ќе ви текне...
Почнете да читате и да размислувате... не е воопшто едноставно да си човек :)
не, не и не..воопшто не помислив дека "под дедјство на чиста воља" може човек да прави што сака и да крши закони..сакав да кажам дека човекот во животот живее понекогаш против својата воља, приморен е за тоа, немоќен да измени нешто, безизлезен или е со врзани раце, беспомошен..
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
не, не и не..воопшто не помислив дека "под дедјство на чиста воља" може човек да прави што сака и да крши закони..сакав да кажам дека човекот во животот живее понекогаш против својата воља, приморен е за тоа, немоќен да измени нешто, безизлезен или е со врзани раце, беспомошен..

Читја ја „Книгата на Законот“ и коментарите, има за ова... ќе ти разбие многу од маглава што ја имаш.

Не ми е во ред да мудрувам кога некој друг одлично го објаснил сето ова, можам само да те упатам да седнеш и сама да разгледаш за да откриеш како оди сето тоа...

Нормално и „Магика без Солзи“ и таму ќе најдеш од ова.
Слично е како играњето шах. ;)

  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol