1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Телема

Дискусија во форумот 'Религија' започната од Abraxas, 10 јануари 2013.

  1. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Активен Член

    Најактивен член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    348
    Допаѓања:
    202
    Убаво е да те прочита човек, делуваш утешително..поздрав(flower)
     
  2. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,159
    Допаѓања:
    667
    Кај го најде зборот „утешително“ - се наежив...
    „ Јас не тешам: ги мразам утешениот и утешителот."
    - Книга на Законот, II:48

    Повеќе за ова во „Законот е за Сите“, ја има на македонски - бидејќи не е мудро јас да те учам на Законот. Сам човек повеќе ќе научи ако се потруди сам...

    Не само да ти е убаво некој да читаш, фати прочитај повеќе од тоа што ти некој зборува, не бесцелно споделуваме цитати со инфо од каде се и што се... :)
    Можеби кога ќе научиш повеќе - и нема да ти делувам толку утешително.

     
  3. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Активен Член

    Најактивен член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    348
    Допаѓања:
    202
    Не се ежи душо, тоа е комплимент...зошто би ги мрзел утешениот и утешителот, зарем ти твоето дета не би го тешел кога ќе има мака!?????:facepalm2

    Се си мислам дека баш поради ваквиот став не ве сакаат вас телемитите, делувате како бунтовници кои немаат точни одредби или насоки како треба единката да се однесува, што да следи.:^)
    Пропагирате закон, да се нема закон|-(
    Лишени сте од некои хуманоидни особини, пр.добрина, гнев, праведност(think)
    ...но сепак не верувам дека е баш така.
    Убаво е што споделуваш цитати, ги потчитнувам твоите блогови и признавам дека многу работи ми се допаѓат:)
     
  4. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,159
    Допаѓања:
    667
    Да не се повторувам.
    Седни прочитај некоја книга што содржи философија поврзана со Телема, за да не зборуваме вака на памет. Ја имаш „Законот е за сите“ коментари на Книгата на Законот од каде што цитирав и ќе знаеш подобро што значи тој цитат за да не го поврзуваш со сешто и да не добиеш ништо.

    Многу стихови од „Книгата на Законот“ некако се поврзани меѓу себе, но да не одат последователно едни по други... но треба човек да го привлече сето тоа.
    Другото е само мамка.
    На единката не може некој од надвор да и кажува што да следи и како да се однесува. Не сакаме стадо и пастири. Тоа е стариот еон.
    Законот на Телема нуди начини да се спознаеш себе си и да знаеш што си и зошто си... се друго е небитно.

    Не ти барам да ме сакаш, не барам да веруваш, ништо не барам освен да седнеш и да прочиташ барем 2 книги што се преведени на македонски јазик а зборуваат за новиот еон и Телема.
    Ќе ги најдеш на мојот блог кои се тие книги. Секоја критика без познавање на работите, не е валидна.
    Дури и она што велиш „не ве сакаат“ нема валидност ако не знаат истите тие што не сакаат од Законот. Можеби само не го сакаат нашето зборување за Законот, но затоа пак велиме секој сам да проучува и го усовршува практично во својот живот.
    Тогаш нема да има „несакање“, туку разбирање.

    За моите деца го практикувам овој метод на воспитување. Ако некому не му чини, нека има свои деца и нека ги спреми за светот во кој што ќе живеат на свој начин :)
    Но сепак мислам дека сите ќе се сложите со овој метод, напишан од Кроули, оној „најзлобниот човек на Земјата“ :D

    Ние зборуваме за Закон и ви велиме да го студирате, ане да ни верувате нам. И не го проповедаме како во стариот еон, како што правеле и прават муслиманите и христијаните.
     
    На Abraxas и pozdrav eden topol им се допаѓа ова.
  5. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Активен Член

    Најактивен член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    348
    Допаѓања:
    202
    Никогаш нема да ја разберам оваа телемитска филозофија :nah

    Премногу убави, реални одговори и објаснувања, но некои работи не држат вода...хмм...а и тоа што сме сите ѕвезди, сами свој посебен уникатен универзум, не ми дава некое воодушевување.. Што е поентата и во тоа.. Јебен живот, како и да завртиш, никако нема смисла:(
     
  6. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,159
    Допаѓања:
    667
    Кои работи не ти држат вода и ти прават проблеми во философијата на Телема и дали само форуми ти се извор за разбирање на Телема? :)
    Почни да читаш книги, можеби ќе ти се разјасни нешто...

    Секој е ѕвезда, свој универзум кој што има врски со останатите... Не постои ништо неповрзано. Тоа што збунува е искуството кое изостанува или го избегнува човекот свесно бидејќи се плаши од непознати пространства.

    За тоа „што сме ѕвезди“ има интересна визуелизација од страна на фра. Ахад. Повели линк.
     
    На pozdrav eden topol му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Активен Член

    Најактивен член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    348
    Допаѓања:
    202

    Благодарам за линкот, сугурно ќе читнам...но не разбирам во што се состои поврзаноста меѓусебно на универзумите, за какви врски станува збор!?
     
  8. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,159
    Допаѓања:
    667
    Ќе разбереш еден ден... треба време и запознавање со Телема.
     
  9. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Активен Член

    Најактивен член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    348
    Допаѓања:
    202
    Сигурна сум дека ова го напиша ко проформа...знаеш ти многу убаво дека НЕМА никогаш да ја разберам телемата, ниту имам време(имам веќе доста годинчиња изживеано), а ниту пак некој друг што кој за телемата прочитал на форум за прв пат( исто како мене).
    Човекот со векови и векови се обидува да ја дознае вистината, не се познава сам себе, неможе да се прифати таков како што е, прави заблуди..а најтрагично е што верува во тие заблуди.
    Поздрав:kafe

    п.с.
    можеби кога ќе бидам ѕвезда ќе имам време на претек за разбирање и запознавање:)
     
  10. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,159
    Допаѓања:
    667
    Го напишав бидејќи како што напиша и ти, ти никогаш нема да се заинтересираш реално за Телема освен од читањето на форуми. Залудно е да се повторувам и тука на овој форум. Годините на Земјата не ти се оправдување... Едноставно не те интересира Телема, а доаѓаш тука и даваш неумесни забелешки на база на незнаење. Тоа е видена ствар од друг форум...
    Затоа се обидувам да те убедам дека мора малку да се запознаеш со Телема и да прочиташ некоја книга, за да даваш колку толку валидни заклучоци анализирајќи ги идеите собрани од тие книги, директно :)

    Имам кажано многупати дека со читање на форуми за дадена тема треба само да се поттикнеш да истражуваш повеќе, преку книги и искуство во твојот живот, не да ти биде главен извор преку кој ќе пресечеш што е валидно што не.
     

Сподели: