Родот- производ на нашето општество

Saturnia

Нов член
31 август 2012
27
24
3
Може лесно и со сигурност да се каже дека родот е и еден од ‘најпродаваните’ производи на општеството. Не барајте го во маркетите, бидејќи веќе го поседувате.Дел сте од машкиот или женскиот род.
Оваа поделба на половите на родови постои од секогаш. Уште во првобитните племенски заедници постоела ваква поделба со тоа што мажот се сметал за поспособен па тој ловел храна додека жените биле послаби па само собирале овошје што секако не мора да биде точно. Што ако постоела жена посилна од повеќето мажи, а сепак и било наложено да собира овошје само затоа што не била свесна за својата сила? Без разлика на кој принцип се направила таквата поделба, тоа размислување и таа иста поделба е меѓу нас и до ден денес. Што во секој случај не е добро затоа што се давиме во предрасуди и многумина од нас се ограничуваме во поглед на нашите способности. Иронично, знаеме за се ова, а сепак свесно или несвесно го пренесуваме понатаму и постојано му кажуваме Стоп!! на личниот избор. Разликите мора да ги има, тие го прават животот позабавен и динамичен и исто така се неизбежни бидејќи имаме различни физички карактеристики, различни размислувања, сите сме од различно делче на планетава, имаме различни искуства... зарем не е тоа доволно? Зошто тогаш имаме таква потреба да насочуваме, да диктираме животи и однесувања? Зошто сакаме да ја потенцираме таа граница помеѓу машкиот и женскиот пол? Замислуваме машки и женски професии, машки и женски правила на однесување и тн. и секогаш ги отфрламе и етикетираме оние кои не се придржуваат до тоа. Ги сметаме за чудни, а не сфаќаме дека тие се многу подобри од нас. Тие се многу подобри затоа што личниот избор го ставиле пред мислењето на општеството и истите тие се стремат да не излечат од нашата зависност за делење на луѓето. Кога сите или барем поголем дел од нас би биле толку храбри барем да пробаме да ги прошириме нашите хоризонти и гледишта, сите ќе се чувствуваме многу послободно, а светот ќе биде едно побезгрижно место за живеење. Не за џабе рекле дека “Слободата е состојба на умот”.
Живееме според размислување од некој прачовек и тоа во 21 век... Луѓе, осовременете се!
 
Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Абе види ... детето го раѓа жената, тоа од нејзиното тело излегува. Поради тоа или не, кај жената постои мајчински инстинкт кој кај мажот го нема. Поради тоа логично е мајката да се грижи околу детето и да биде постојано со него, што води кон тоа дека жената е онаа која треба да седи дома и да се грижи околу детето (и куќата), а мажот да оди да лови храна. Некако не ми иде во ум жената да го роди детето и да му го остави на мажот да го чува, а таа да брка диви свињи низ планина. Мајчинскиот инстинкт кај нормална здрава жена тоа не го дозволува. И така, поради тоа, во текот на столетијата улогите на мажот и жената се поделиле. Мажот станал симбол на моќта, лидерството, а жената на нежноста, убавината итн. Мажот обавувал потешки физички работи, жената полесни. Треба да се знае дека и тестостеронот тука игра улога. Кај оние жени каде тестостеронот се лачи повеќе од нормалното, тие се помажествени, посилни, со машки манири. И хормоните се причина за поделбата на улогите на мажот и жената.
Во последниве децении работите почнуваат да се менуваат, свеста еволуира, мажот и жената почнуваат да ги испреплетуваат улогите. Сепак тоа е само од пред некое време, за разлика од илјадниците години каде што улогите на мажот и жената биле строго поделени. До скоро жените немаа никакви права, но како што поминува времето може да се предвиди дека за неколку децении па и порано мажот и жената ќе се изедначат што се тиче улогите. Но според мене, сепак некои улоги, професии, треба да си останат како до сега што биле машки, односно женски.
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.

Колку само не е логично ова првото болдирано. Сакаш да кажеш дека т.н мајчински инстикт се јавува само поради тоа што мајката го носи детето и таа го раѓа.. Па тогаш значи ,,татковскиот инстикт" да го заштити детето протекнува од фактот дека мажот цел свој живот си ги заштитува сперматозоидите од повреди?? Тука е направена првата родова распределба, на мајкински - татковски инстикт. Генерално тоа е родителски. Плус, зошто сметаш дека е логички жената да се грижи за куќата а мажот не?? Тоа е подеднаква иста одговорност и за едниот и за другиот без разлика на полот. За вториот болд - количината на тестостеронот не игра улога за тоа дали ќе има една жена помажествени манири. Да, хормонскиот дисбаланс може да придонесе за физички повеќе да се приметува но тоа не значи дека манирите се карактеристика за тоа. Како што и поголемото количество на естроген не придонесува еден просечен маж да е поемоционален. Тоа е чист мит. А во врска со последниот болд, ќе кажам дека сепак не е така.. Сеедно, ме интересира на кои професии мислиш.

А сега малку за колумната. Да, на жалост, свеста на жената во минатото не била толку развиена да ги согледа своите капацитети и можности покрај сето тоа угнетување кое на жалост денес е уште присутно. Глупаво е што мнозината ги прават тие поделби и продолжуваат да ги прават тие делби и поделби на машки/женски професии,парфеми,размислувања и слично. Тоа е чист апсурд. Како да менталниот склоп на една личност со сите свои сфаќања и размислувања не е доволна диференцијала.
 
Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Колку само не е логично ова првото болдирано. Сакаш да кажеш дека т.н мајчински инстикт се јавува само поради тоа што мајката го носи детето и таа го раѓа.. Па тогаш значи ,,татковскиот инстикт" да го заштити детето протекнува од фактот дека мажот цел свој живот си ги заштитува сперматозоидите од повреди?? Тука е направена првата родова распределба, на мајкински - татковски инстикт. Генерално тоа е родителски. Плус, зошто сметаш дека е логички жената да се грижи за куќата а мажот не?? Тоа е подеднаква иста одговорност и за едниот и за другиот без разлика на полот. За вториот болд - количината на тестостеронот не игра улога за тоа дали ќе има една жена помажествени манири. Да, хормонскиот дисбаланс може да придонесе за физички повеќе да се приметува но тоа не значи дека манирите се карактеристика за тоа. Како што и поголемото количество на естроген не придонесува еден просечен маж да е поемоционален. Тоа е чист мит. А во врска со последниот болд, ќе кажам дека сепак не е така.. Сеедно, ме интересира на кои професии мислиш.
А поради што друго? Затоа и се нарекува мајчински инстинкт. Ниедна нормална жена нема да го остави детето и да замине во лов доколку има маж кој може да го стори тоа. А доколку нема, тогаш ќе го земе детето со неа и ќе лови. Зборувам за во минатите времиња било така, при што со текот на времето поради таа рутина се наметнале улогите кај мажот и жената.

Затоа што во минатото доаѓањето до средства за егзистенција бил преку извршување физичка работа. Приливот на приходи припаднал на мажот поради што е посилен и поради што на мајката и преостанувало да остане дома да се грижи за децата. Покрај тоа и имала време да зготви нешто како за децата така и за неа и сопругот. И пак, поради таа рутина низ столетијата, на мажот му припаднало да работи, а на жената да се грижи за децата и куќата. Вака е до ден денеска кај поголемиот број семејства. За тебе можеби е подеднаква одговорност, но за луѓето низ минатото, не.

Постојат жени кои ќе ги видиш си помислуваш дека тоа не е жена, туку маж во женско тело. Немаат никаква женственост, дури и гласот им е подлабок. Посилни се од она што се нарекува ’’нормална жена’’. Жени се единствено поради репродуктивните органи. Такви жени се ретки. Поради тестостеронот, мажот е оној кој е помоќен и затоа тој низ минатото работел физичка работа за да обезбеди за егзистенција и тој е оној кој треба да ја заштити жената и децата, а не обратно. Поради тоа и - пак ќе споменам - поради мајчинскиот инстинкт, поради тоа што таа ги носи на свет поколенијата, нејзи и припаднала улогата да се грижи за децата и куќата.

Ако сакаш и се чувствуваш способна слободно орај нива, мешај малтер, сечи дрва итаканатака.
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Ако сакаш и се чувствуваш способна слободно орај нива, мешај малтер, сечи дрва итаканатака.

Една од причините зошто шовинизмот уште опстојува и зошто рамноправноста не може да просперира. Зошто да не би се чувствувала способна, јас или било која друга девојка? Не е логично да се поделуваат работите на машки и женски.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Една од причините зошто шовинизмот уште опстојува и зошто рамноправноста не може да просперира. Зошто да не би се чувствувала способна, јас или било која друга девојка? Не е логично да се поделуваат работите на машки и женски.
Ќе просперира, се оди кон тоа. Свеста не се менува преку ноќ, потребно е време. Како што кажав предходно; до пред релативно кратко време жената немаше никакви права, а камо ли да биде рамноправна. А така било столетија наназад. Да се искорени една идеја треба да помине време.

Би сакал да знам која е според тебе причината што низ човечката историја мажот е доминантен над жената во смисла тој е глава на семејството, тој обезбедува средства за егзистенција, а жената се грижи за децата и домот? Зошто е тоа така? Јас наведов нешто погоре, би сакал да прочитам твое мислење.
 
Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Не барајте го во маркетите, бидејќи веќе го поседувате.Дел сте од машкиот или женскиот род.
А шо праиме со хермафродитите ? :zelen

Хаха , ајде сеа и вие некогаш терате инает значи.. ќе сечеш дрва , ќе дигаш вреќи цемент од 60 кила и ке мешаш малтер и шо после 15-20 минути нема да можете да станете. Со доза на резервираност, сепак не те знам лично, ок ако си од оние девојки кои како шо рече Мортидо имаат таков ген шо изгледаат како машки во женско тело, ама и да си, колку ги има таквите ? 1 на 1000 или да не речам повеќе.

Добро објасни човекот погоре, општата физичка поделеност на родовите е таква шо не дозволува некои работи да бидат извршувани од жени и обратно. Без разлика, жената ќе работи ама не со толкава ефикасност колку шо може да постигне еден маж.

Сфаќам дека денес жената може да работи на многу работни места за кои во минатото било незамисливо. Незамисливо поради тоа шо машката популација не дозволувала ( поради одредени стереотипи) и незамисливо поради многу други околности. Да ја земеме војната на пример, во тоа време просечна фамилија имала по 7-8 деца, мажот ке го регрутираат на фронтот, на изградба на некој мост или било што и нормално жената треба да остане дома и да се грижи за децата. Ете, токму поради војната која денес не е толку распространета, а е огромен фактор кој влијае на работните места денес и жените имаат можност да се занимаваат со нешто за кое пред 50 години немало ни да помислат.

И иако овие поделби понекогаш знаат да ја преминат границата ( тоа е и причината поради која авторот бил мотивиран да ја отвори темава), сепак според мене машко/женската поделенесто на работните места постоела и ке постои со одредени исклучоци кои не би требало да ги земаме во предвид. Малку е незамисливо мнозинството од жените да одат и да поправаат патишта, да копаат по рудници, да црпат нафта на танкери, да коваат железо и слично, а машките да шијат на машините по конфекции, да бришат прашина , да полнат пиперки, да бидат стујардеси или презентери на изложба на автомобилски саем и слично. Тоа како за инает бива така да се променат нештата, ама што добиваме ? Смешна ситуација од која ефектот ке биде минимален.

На крајот на краиштата луѓето самите си ги набиваат тие комплекси и оправдувања деке демек не успеале во кариерата бидејќи ке биле цел на предрасуди... Ма ајде. Секој кој сака одредена работа доволно цврсто и се чувствува способен да ја извршува ке ја извршува, зошто да не. Сега сум видел и жени такси возачи, жени авто-механичари и т.н не ми текнува уште нешто.

И тоа шо народот етикетира, тоа ти е нормална појава, ама не ни ја одредува нас тоа границата до каде можеме да одиме. Според тоа.. секакви оправдувања и поплаки од овој тип ми се бесмислени и одвратни.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Добро мене стварно не ми е јасно што сака авторката на текстот да потенцира. Феминизам? Ако сакате исти работи како машките работи, тогаш пендерете се на 400+ висина на градилиште, моторната пила в раце и трк во шумата да насечете дрва за огрев а потоа и да ги исцепете и да ги средете убаво, во некоја фабрика вие растоварајте шлепери и ред други тфр. Ама не, вие се буните за оние убавите работи како седење во фотеља, келнер во ресторан, надгледувач на рандом место и сл. Зошто не се буните да има еднаквост на градилиште пример?

И да, Мортидо си е сосема исправен. Жените не се направени за да бидат оние кои ќе носат храна, но за донесување одлуки во семејството се еднакво битни. Исто така и на места каде што може да работи жена, јас не сум увидел дискриминирање. Јас повеќе гледам дискриминирање на машките бидејќи немаат цицки, отколку на жените затоа што не можат да работат тфр.

И преку тасе веќе со тоа осовременување. Не знам што им е филмот на сите со тоа осовременување.
 
Во никој случај не потенцирам феминизам :)
Незнам зошто сите одма се фативте за тоа дека жената била нерамноправна, такво нешто јас не посочив и не ми беше тоа целта на мојот текст. Зборувам општо за машкиот и женскиот род. Зборувам за сите тие примери кои ги наведовте за жената и за сите оние на кои што не се сетивте во врска со мажот.
Да почнеме од најтривијалните и најраните поделби. Бебето е женско, носи росови шпикозни, бебето е машко и носи сини шпикозни. Розовото бебе си игра со барбики и кукли додека синото бебе си игра со пиштоли и камиончиња. Сакав да ја потенцирам оваа состојба на свесност или можеби несвесност која се јавува кај сите и таа потреба за наметнување.
Мажот може слободно да си остане силниот, а жената убавата само доколу тие одбрале така.
Со ова мислам на тоа дека сите ние сме човечки битија, од крв и од месо, сите чувствуваме. Тогаш, зошто да е во ред жената да плаче кога сака, каде сака и колку сака додека мажот кој ќе пушти солза е слабак? Зошто жената која одбрала да носи широки војнички пантолони и широки маици да е несредена?
Готвењето повеќемина ќе кажат дека е женска, домаќинска работа.. да ве потсетувам дека еден од најпознатите готвачи во светот е Jamie Oliver? Тој успеал и не му се смееме, а ги исмеваме сите други кои се трудат да успеат несогледувајќи ја нивната храброст и амбициозност.

Дали сега сум појасна? :)
 
Saturnia

Нов член
31 август 2012
27
24
3
И тоа шо народот етикетира, тоа ти е нормална појава, ама не ни ја одредува нас тоа границата до каде можеме да одиме. Според тоа.. секакви оправдувања и поплаки од овој тип ми се бесмислени и одвратни.

Можеби не ти ја одредува тебе и не ми ја одредува мене границата бидејќи ние сме имале услови да научиме некои работи, но верувај и тоа како има поединци кои ги ограничува.
Доколку текстов го сметаш за поплака.. ќе ти се заблагодарам за времето што го насочи кон него и што го прочита, но овој текст е токму спротивното. Го напишав со цел да се подигне свесноста и храброста кај горенаведените поединци :)