Родот- производ на нашето општество

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Тогаш, зошто да е во ред жената да плаче кога сака, каде сака и колку сака додека мажот кој ќе пушти солза е слабак? Зошто жената која одбрала да носи широки војнички пантолони и широки маици да е несредена?
За ваквите прашања и слични на нив никогаш нема да има еден одговор, едно мислење, еден став, а и така треба да биде. Значи јас може да сметам дека маж шо пушта солзи ( често ) е слабак, друг не. За мене девојка со војнички панталони може да е секси, за баба од 70-80 години да претставува ќерка на ѓаволот, разбираш. Секогаш ќе има некои на кои ке им бидеме симпатични, а на други антипатични. Оти секој човек си има свој вкус и свои причини за да верува дека е во право, можеби причините му се искривени ама ај оди докажи му. Небива. Ако треба и за инает нема да признае дека бил грешка.

Доколку текстов го сметаш за поплака.. ќе ти се заблагодарам за времето што го насочи кон него и што го прочита, но овој текст е токму спротивното. Го напишав со цел да се подигне свесноста и храброста кај горенаведените поединци :)
искрено и не знаев како навистина треба да го разберам, ама сега ако не грешам воведот е нешто во стилот на зеитгеист (документарец иначе) епилог кој треба да делува мотивационо на оние позатуцаните во умот.. Not bad, само кој како и колку ќе сфати тоа е друго 20.​
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Ќе просперира, се оди кон тоа. Свеста не се менува преку ноќ, потребно е време. Како што кажав предходно; до пред релативно кратко време жената немаше никакви права, а камо ли да биде рамноправна. А така било столетија наназад. Да се искорени една идеја треба да помине време.

Би сакал да знам која е според тебе причината што низ човечката историја мажот е доминантен над жената во смисла тој е глава на семејството, тој обезбедува средства за егзистенција, а жената се грижи за децата и домот? Зошто е тоа така? Јас наведов нешто погоре, би сакал да прочитам твое мислење.
Па баш и не е потребно многу време за да се случи било каква промена. Потребно е да можеби некои 50 години. Масивните залагања за женските права датираат од 18 век но и ден денес дури и во развиените земји не се ужива подеднаков углед а да не зборам за на пример тие на Блискиот исток. Според мене причината зошто мажот бил ( сега веќе НЕ) доминантен е недоволно развиената свест на жената која не е остварена поради притисок од мажите. Мажот низ историјата си земал за право самиот да се прогласи за доминантен, па така се полнела и главата на тогашната жена дека е инфериорна. И пак ќе напоменам, не е потребен подолг период, за да се укинат некои социјални догми. Чист пример за тоа е aмериканската револуција. 1777 кога црното население се изборило за еднакви права со т.н "супериорна" бела раса. Поголемата психолошка слобода кај жените и самосвест се причина што денес можат да се видат и премиерки, жени возачи на автобуси и слично. А за земјоделието да не спомнувам, никогаш и не биле поштедени.
Добро мене стварно не ми е јасно што сака авторката на текстот да потенцира. Феминизам? Ако сакате исти работи како машките работи, тогаш пендерете се на 400+ висина на градилиште, моторната пила в раце и трк во шумата да насечете дрва за огрев а потоа и да ги исцепете и да ги средете убаво, во некоја фабрика вие растоварајте шлепери и ред други тфр. Ама не, вие се буните за оние убавите работи како седење во фотеља, келнер во ресторан, надгледувач на рандом место и сл. Зошто не се буните да има еднаквост на градилиште пример?

И да, Мортидо си е сосема исправен. Жените не се направени за да бидат оние кои ќе носат храна, но за донесување одлуки во семејството се еднакво битни. Исто така и на места каде што може да работи жена, јас не сум увидел дискриминирање. Јас повеќе гледам дискриминирање на машките бидејќи немаат цицки, отколку на жените затоа што не можат да работат тфр.

И преку тасе веќе со тоа осовременување. Не знам што им е филмот на сите со тоа осовременување.

Извини а ти што потенцираш, шовинизам? Да знам жени и што сечат и цепат дрва додека мажите дремат во локална биртија па никому ништо. Не се сведува работата на индивидуални случаи, туку на глобалното гледање на овој проблем. Јас во твојата реплика не прочитав ниту еден аргумент бидејќи се се сведува на тасе и цицки. Толку од осовременувањето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saturnia

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

Извинето. Не потенцирам шовинизам, туку го осудувам феминизмот исто како што го осудувам и шовинизмот. Апсурдно е да си бараш полова еднаквост онаму каде што ти одговара, а онаму каде не ти одговара да не чепкаш.
Тие жени што ги знаеш ти, Мортидо ти ги објасни погоре. Кај нив си има поголемо количество тестостерон и повеќе „машки“ особини отколку кај останатите жени. Мажи кои дремат во биртија за мене се луѓе со изгубени вредности. Глобално, овие проблеми никогаш нема да се решат. Јап, никогаш.
Ако ти во мојот пост не прочита ништо, твој проблем. Не го напишав за да се восхитуваш на мојот пост;)
 
Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Може лесно и со сигурност да се каже дека родот е и еден од ‘најпродаваните’ производи на општеството. Не барајте го во маркетите, бидејќи веќе го поседувате.Дел сте од машкиот или женскиот род.
Оваа поделба на половите на родови постои од секогаш. Уште во првобитните племенски заедници постоела ваква поделба со тоа што мажот се сметал за поспособен па тој ловел храна додека жените биле послаби па само собирале овошје што секако не мора да биде точно. Што ако постоела жена посилна од повеќето мажи, а сепак и било наложено да собира овошје само затоа што не била свесна за својата сила? Без разлика на кој принцип се направила таквата поделба, тоа размислување и таа иста поделба е меѓу нас и до ден денес. Што во секој случај не е добро затоа што се давиме во предрасуди и многумина од нас се ограничуваме во поглед на нашите способности. Иронично, знаеме за се ова, а сепак свесно или несвесно го пренесуваме понатаму и постојано му кажуваме Стоп!! на личниот избор. Разликите мора да ги има, тие го прават животот позабавен и динамичен и исто така се неизбежни бидејќи имаме различни физички карактеристики, различни размислувања, сите сме од различно делче на планетава, имаме различни искуства... зарем не е тоа доволно? Зошто тогаш имаме таква потреба да насочуваме, да диктираме животи и однесувања? Зошто сакаме да ја потенцираме таа граница помеѓу машкиот и женскиот пол? Замислуваме машки и женски професии, машки и женски правила на однесување и тн. и секогаш ги отфрламе и етикетираме оние кои не се придржуваат до тоа. Ги сметаме за чудни, а не сфаќаме дека тие се многу подобри од нас. Тие се многу подобри затоа што личниот избор го ставиле пред мислењето на општеството и истите тие се стремат да не излечат од нашата зависност за делење на луѓето. Кога сите или барем поголем дел од нас би биле толку храбри барем да пробаме да ги прошириме нашите хоризонти и гледишта, сите ќе се чувствуваме многу послободно, а светот ќе биде едно побезгрижно место за живеење. Не за џабе рекле дека “Слободата е состојба на умот”.
Живееме според размислување од некој прачовек и тоа во 21 век... Луѓе, осовременете се!
24489802.jpg

Какво е ова генерализирање дека се подобри од нас?

Во никој случај не потенцирам феминизам :)
Незнам зошто сите одма се фативте за тоа дека жената била нерамноправна, такво нешто јас не посочив и не ми беше тоа целта на мојот текст. Зборувам општо за машкиот и женскиот род. Зборувам за сите тие примери кои ги наведовте за жената и за сите оние на кои што не се сетивте во врска со мажот.
Да почнеме од најтривијалните и најраните поделби. Бебето е женско, носи росови шпикозни, бебето е машко и носи сини шпикозни. Розовото бебе си игра со барбики и кукли додека синото бебе си игра со пиштоли и камиончиња. Сакав да ја потенцирам оваа состојба на свесност или можеби несвесност која се јавува кај сите и таа потреба за наметнување.
Мажот може слободно да си остане силниот, а жената убавата само доколу тие одбрале така.
Со ова мислам на тоа дека сите ние сме човечки битија, од крв и од месо, сите чувствуваме. Тогаш, зошто да е во ред жената да плаче кога сака, каде сака и колку сака додека мажот кој ќе пушти солза е слабак? Зошто жената која одбрала да носи широки војнички пантолони и широки маици да е несредена?
Готвењето повеќемина ќе кажат дека е женска, домаќинска работа.. да ве потсетувам дека еден од најпознатите готвачи во светот е Jamie Oliver? Тој успеал и не му се смееме, а ги исмеваме сите други кои се трудат да успеат несогледувајќи ја нивната храброст и амбициозност.

Дали сега сум појасна? :)

Не си појасна. А што со мажот кој одбрал да носи минич и штиклици? И тој е подобар од нас, посовремен и со широки хоризонти и гледишта?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Па баш и не е потребно многу време за да се случи било каква промена. Потребно е да можеби некои 50 години. Масивните залагања за женските права датираат од 18 век но и ден денес дури и во развиените земји не се ужива подеднаков углед а да не зборам за на пример тие на Блискиот исток. Според мене причината зошто мажот бил ( сега веќе НЕ) доминантен е недоволно развиената свест на жената која не е остварена поради притисок од мажите. Мажот низ историјата си земал за право самиот да се прогласи за доминантен, па така се полнела и главата на тогашната жена дека е инфериорна. И пак ќе напоменам, не е потребен подолг период, за да се укинат некои социјални догми. Чист пример за тоа е aмериканската револуција. 1777 кога црното население се изборило за еднакви права со т.н "супериорна" бела раса. Поголемата психолошка слобода кај жените и самосвест се причина што денес можат да се видат и премиерки, жени возачи на автобуси и слично. А за земјоделието да не спомнувам, никогаш и не биле поштедени.
Океј, така нека ти биди. Се надевам на што побрзо орамноправување на жената со мажот, та заедно да одиме в’шума по дрва, заедно да менуваме гуртни на стојадинот, заедно рамо до рамо да гинеме по фронтови со пушка во раце, заедно да копаме бунари итакодаље...
 
Saturnia

Нов член
31 август 2012
27
24
3
Какво е ова генерализирање дека се подобри од нас?

Не си појасна. А што со мажот кој одбрал да носи минич и штиклици? И тој е подобар од нас, посовремен и со широки хоризонти и гледишта?

Одговорот на првото прашање е по реченицата која си ја болдирал.

Што се однесува на второто прашање, мислам дека тоа е веќе навлегување во сосема друга и деликатна тема и ако почнеме ојдовме офтопик. ;)
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Океј, така нека ти биди. Се надевам на што побрзо орамноправување на жената со мажот, та заедно да одиме в’шума по дрва, заедно да менуваме гуртни на стојадинот, заедно рамо до рамо да гинеме по фронтови со пушка во раце, заедно да копаме бунари итакодаље...
Па гуртни можеме уште сега да менуваме , ме бива за такви работи... а за фронтовите здравје, се докажале жените борци фала Богу.
Извинето. Не потенцирам шовинизам, туку го осудувам феминизмот исто како што го осудувам и шовинизмот. Апсурдно е да си бараш полова еднаквост онаму каде што ти одговара, а онаму каде не ти одговара да не чепкаш.
Тие жени што ги знаеш ти, Мортидо ти ги објасни погоре. Кај нив си има поголемо количество тестостерон и повеќе „машки“ особини отколку кај останатите жени. Мажи кои дремат во биртија за мене се луѓе со изгубени вредности. Глобално, овие проблеми никогаш нема да се решат. Јап, никогаш.
Ако ти во мојот пост не прочита ништо, твој проблем. Не го напишав за да се восхитуваш на мојот пост;)
Тестостеронот не е врзан со менталитетот на една жена во никој случај. Во секој случај да го наречам во поблага варијанта, партиција на половите постои во твоите гледишта. Тоа е тоа :)
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Дај бе престанете со тие феминистички глупости. Премногу се хипокритички. Ај кажи ми вака: Дали ќе се побуните за полова дискриминација кога ќе добие жена работа во канцеларија само затоа што има цицки, а ќе отфрлат некој маж кој е поспремен за таа работа? Или не, тогаш ќе одговара.

Ако јас имам партиција на половите во моите гледишта тогаш имаат и сите феминистки затоа што уште самото име ги дели. Лицемерно нели? ;)

(офтопик сме доста, слободно можеш да ми пишеш по ПП и ќе расправаме до утре или ете отвори тема:))
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Дај бе престанете со тие феминистички глупости. Премногу се хипокритички. Ај кажи ми вака: Дали ќе се побуните за полова дискриминација кога ќе добие жена работа во канцеларија само затоа што има цицки, а ќе отфрлат некој маж кој е поспремен за таа работа? Или не, тогаш ќе одговара.

Ако јас имам партиција на половите во моите гледишта тогаш имаат и сите феминистки затоа што уште самото име ги дели. Лицемерно нели? ;)

(офтопик сме доста, слободно можеш да ми пишеш по ПП и ќе расправаме до утре или ете отвори тема:))

А дали ти ќе се побуниш кога како маж ќе добиеш повисока плата од колешката што ја работи истата работа?? Или ќе те одбијат зошто сметаат дека не си доволно квалификувана само дека си жена?? Рамноправност, а не доминација.
 
Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Ај кажи ми вака: Дали ќе се побуните за полова дискриминација кога ќе добие жена работа во канцеларија само затоа што има цицки, а ќе отфрлат некој маж кој е поспремен за таа работа? Или не, тогаш ќе одговара.
Не туку ке се бунат, ако лично нив не ги примат :D .

Сите викаат можеме она, можеме ова, ама ретки се оние кои навистина имаат "јајца" да излезат и без проблем да ја завршат работата.
Не знам зошто не може да се разбере дека едноставно некои работи неможат да одат наопаку, дека има одредени професии кои генерално повеќе се погодни за машката популација, а некои за женската.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo