Совети при купување на папагал

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Домашните миленици се секојдневие скоро во секој дом, па зависно од карактерот на луѓето,се избира папагали,канаринци,егзоти,аквариум,влекачи,глодари,мачки,кучиња,магариња итн.
Во темава ќе пробам да споделам дел од моето искуство,дел од советите од искусни одгледувачи со цел да се придобие една претстава на што треба да се пази при купувањето на папагал.

Збор два за папагалите во македонија.
Не се знае кога точно е донесен првиот папагал во Македонија,како миленик се продава од југословенско време на овие простори.Одредени податоци велат дека војската на Александар Македонски кога се вратила донела и папагали од Индискиот мал Александар па и дека по него го носи името (Ringneck Parrot/Small Alexander). Денес,тие најчесто доаѓаат од домашни одгледувачници.Во македонија се ведат тигрици,нимфи,певајучи и нешто розенколиси.Останатото доаѓа увозно од Србија каде папагалите се одгледуваат на големо и е доста распространето тоа хоби кај србите.

Како да го изберете папагалот кој е токму за вас?

Зависно од тоа со колку буџет располагате,и што очекувате од птицата,можете да изберете од неколку врсти.Краток опис ќе дадам за секоја птица,за општите карактеристики.И не очекувајте ако е папагал,дека секој збори.Некои знаат да се само шарени,други забавни,активни,едни пеат,пробуваат да имитираат,зборуваат,најразлични особини има.

Тигрица / Melopsittacus undulatus / Budgerigar

green_budgerigar-7751.jpg


Oва е една од најчесто чуваните и најраспространети врсти на домашни миленици низ светот. Потекнува од Австралија, и природна боја им е зелената, како на сликата. Жолтото чело е стандардна верзија, но има врсти во природата со цела глава тигрести риги. Одгледувачите направиле разни колоритни верзии на овие птици така да може да се најдат жолти, зелени,сини,бели и микс од сите преостанати бои. Оној кој сака да има како од природа папагал, нека бара зелен, како на сликата.
Овие се најефтини папагали, па цената им се движи просек од 300 па се до 600 денари ,зависно од кој пет шоп или одгледувач ги купувате.

Јатна птица е, што се подразбира дека треба да се чуваат минимум два примероци. Доколку се чува еден, треба и малку среќа да се навикни со луѓето во спротивно знаат да бидат доста диви,повлечени и неактивни но не мора и да значи дека сите ќе бидат такви.
Што се однесува до говорните способности, кај оваа врста на папагали се многу мали. Најчесто овие папагали се чуваат во волиери, во поголемо јато од 20тина па нагоре примероци, и успешно се парат. Доста се отпорни на ладно и лесно се аклиматизираат. Треба да избегаваат да ги чуваат луѓе што се алергични на прав, затоа што имаат доста прашина под крилјата,особено кога летаат се вистински загадувачи на воздухот.

Aviary.jpg


Budgerigar.jpg


Се исхрануваат со просо,овез, светло семе ,лен, и други семенски мешавини, и додатоци како јаболко,спанаќ и глуварче...
Останати експериментални работи избегавајте да им давате да ги јадат како чоколадо,кафе,солени работи и сл.

budgie_aviary_web_large.jpg




Зошто би го купиле овој папагал?
Ако сте ограничени со буџет,а и со простор,ова е идеален папагал.Може да живее во стандардните кафези, ефтини се просек од 300 до 600 денари, и не е пребирлив во исхраната а и доста економичен.Сам не е препорачливо да се чува,освен ако сте добри дресери па да го навикните со вас.Во спротивно ќе испадните дивјак со птицата и може да е погубно. Она што го нудат е колоритност и црцорење по цел ден.





Козици /Kakariki / Cyanoramphus novaezelandiae

100_3911.jpg


Овие и не се нешто познати папагали кај нас, но сепак ги има по пет шоповите. Најчесто луѓето избегаваат да ги купуваат заради грубата градба на пердувите, али прават голема грешка,затоа што оваа птица можеби не е една од најатрактивните меѓу папагалите во однос на физички изглед, но е извонредна на карактер. Одгледувачите направиле и жолта верзија, што е генетска модификација, но јас не ги сакам модификациите, па не чувам жолти.
Оригиналната боја им е зелена, и има два вида, козици со жолто чело и козици со црвено чело. Овие вторите се покрупни и често ги има меѓу одгледувачниците.
Најактивна е меѓу сите птици , радознала, и постојано е во движење.Често прави акробации и знае да ве насмее и до солзи со нејзините палавштини. Не треба да се чува постојано во затворен простор така да повремено пуштање од кафезот би значело лудување низ цела соба.Повеќе време поминува на земја, него во летање, и постојано наоѓа интересни играчки за неа и слични занимации.

kakariki+a+front+rouge.jpg


Многу лесно се припитомува, и за брзо време може да стани ваш најверен пријател. Има извонредна интелгенција и меморија, па макар и да скриете храна наоколу ќе знае да ја пронајди. Говорните способнисте се слаби поточно има само еден вокал и по него го има добиено името “козица“
Потекнува од Австралија и нов зеланд, а нејзиниот статус во природата е веќе во алармантна состојба, со оглед на тоа што редовно се фаќа и извезува наоколу, но за среќа лесна е за размножување и доста ја има по одгледувачите, и се прават напори да се населат новозеландските шуми повторно со оваа птица во поголем број...
Во однос на исхраната, се храни со oвес,сончоглед, просо, коноп,светло семе, канаринска мешавина, бар клас повремено може да му се дава како на скоро сите останати птици, и неизбежно е јаболко, спанаќ, глуварче.Интересно кај оваа птица е што храната ја јади земајќи ја со нога, брзо учи кој е сопственикот (оној кој му дава храна) и ако се чува сама, лесно се приврзува и знае да ви досадува и неколку пати во денот за омилената храна. Ако се чува во пар, им треба поголем кафез, и куќарка, а се одлични родители и без проблем неколку пати во годината би дале потомство.Мора да напоменам дека обожаваат да се капат, па при купувањето,купете му прикачна када за на кафезот или обезбедете му сад со вода во кафезот.Кадите се погодни заради што се затворени и нема да го водени кафезот.Цената кај одгледувачи е од 700-1000 денари а во петшоп од 1200 до 1500,зависно од каде ги нарачале.


Зошто би ја купиле?
Не се скапи просечна цена од 1000-1500 а оние што сакаат активен,забавен папагал и доста питом ова е идеално.Предност е што е тивок,и не прави ич галама а се исто така долговечни 10-15 години им е животниот век. За оваа птица треба поголем кафез.

Видео:

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and ipopovski

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Певајучи папагал/ Red Rumped Parrot / Psephotus haematonotus

20061103072408_red-rumped-parrot.jpg


Red%20rump%20parakeet%20male.jpg


007%20Red%20Rumped%20Parrots.jpg


Oва е доста позната врста кај одгледувачите, и популарна исто така. После тигриците и нимфите, доаѓа оваа врста, како најчувана во волиерите.
Извонреден папагал, кој се разликува од другите што не крешти туку има своја песна, па ги нарекуваат и канаринци во папагалски облик. Песната доаѓа до израз кога мажјакот е спремен за парење и нормално се чува во пар.
Во природа остануваат со иста женка а во одгледувачниците може да се импровизира парењето и со други женки што не би требало да им претставува проблем.

Разликата е воочлива во полот, мажјакот како горе на сликата има повеќе бои а женката е еднобојна. На поголема возраст знаат да го изгубат малку шмекот од бојата односно да добијат затемнети варијации на пердувите. Потекнуваат од Австралија, говорните способности им се слаби. Спаѓаат во средна големина на папагали. Исхраната, исто како кај козиците,нимфите... овез ,сончоглед,просо,коноп,нигер,светло семе, канаринска мешавина, и овошје јаболко, спанаќ,глуварче.
Важат за извонредни родители, па многу одгледувачи подметнуваат јајца од други врсти кои се посложени во процесот на парење, и ги одгледуваат овие папагали како нивни.
Ако сте доволно претпазливи и упорни ќе го припитомите, а доколку не, ќе ужива со партнерот и лудува низ кафезот.

Цена од 700-1000 кај одгледувачи, 1000-1500 во петшоп.

Зошто би го купиле?
Извонредна колоритност,одлично е да се чува во пар,и има своја песна.Доста активен и обожава да игра со секакви дрангулии низ кафезот.
Не се нешто сложени за припитомување,но повеќе ја ценат слободата и сами со себе уживаат.За оваа птица исто така ви треба поголем кафез,и се доста едноставни за парење.






Љубовни птици Розенколиси/ Love Birds / Agapornis Roseicolis

LOVE+BIRDS+(4).jpg



Розенколисот е интересна и мала птица која потекнува од јужна африка. Карактеристично за овие птици е што се нарекуваат Љубовни птици, кога одбираат партнер остануваат со него до крајот на животот, а интересно е набљудувањето на овие како пружаат љубов меѓусебе.

Мажјакот и женката се постојано заедно и како што напоменав остануваат до крај на животот.Ретко ги менуваат партнерите.
Мала проблематика е распознавањето на полот, кај повозрасните птици кај карлицата има 2 коски кои се споени кај мажјакот, и разделеи нешто повеќе кај женката. Немаат големи говорни способности.Природна боја им е зелената, со црвена маска, но одгледувачите ако не зезнат нешто не би биле одгледувачи, па генетски модифицирале жолта,сина, бела и други кич-бои кај папагалите кои не се природни за нив.

Исхраната, стандард,купувајте им мешавина брендирана со сликче од розенколис, давајте им коноп,нигер,сончоглед,овез,просо... и овошје јаболко,глуварче,спанаќ...
Животен век им е околу 20тина години,ако се одгледувани во добри услови.
Секогаш купувајте ПАР од овие птици.Не се јатни, но една птица не би се покажала во вистинското светло.Штом еднаш парот се погоди, и има добри услови, се парат без прекин и даваат доста подмладок.

Зошто би ги купиле?
Прекрасни се во пар,лесно даваат подмладок ако ги имаат потребните услови,одлична боја,премногу активни радознали весели и лесни за припитомување.
Цена - 1500 денари за птица,а пар се поскапи.

Видеа:

 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Нимфи

nimfa_1.jpg


Oва се австралиски папагали, и најмали од врстата на Какаду папагалите.Овие папагали за разлика од гореспоменатите имаат и говорни способности,повеќе имитација на звук него ли говор, но сепак може да излезе и по некој збор од устата на овој папагал. Многу елегантни и грациозни, привразни за сопственикот, и обожаваат галење,чешкање и желни за внимание.

cockatiel3.jpg


Маана им е силниот звук, особено кога се желни за внимание знаат и умот попара да ви го направат.Мажјакот е покрупен, поцрвени образи има, а женката посветла боја и не “пее“ толку.
Исхраната е како на сите горенаведени папагали, може да се чуваат во јато без проблем,може и сам папагал кој ќе стани многу приврзан со вас, а можете да земете и пар, кој со добра исхрана и спремање ќе ви даде одличен подмладок.
Кафезот треба да биди широк и висок, никако тркалезни кафези или други помали.Кај овие папагали, што пошироко тоа подобро.
Животниот век се движи од 15 години па нагоре, а има примероци и што достигнале и 30тата год од животот.
Цената кај нас се движи 1500 по пет-шоповите.Пред се одличен папагал за сите оние кои сакаат елегантна,друштвена и приврзана птица за сопственикот.
Ако планирате да купувате папагал, побарајте искусни одгледувачи.Зоран од лисиче е еден од најпознатите, а има и доста други што ќе ви објаснат за папагалите, имате избор од волиерите, и поефтино е. Петшоповите, сите ги земаат од одгледувачи,што е факт дека не е исплатливо да се увезува од други земји,освен кога нема птици во македонија.Секогаш бирајте, здрави и млади птици а ако има некој искусен кој се разбира од птици, пожелно е да го соберите со вас, да ви одбери здрава птица.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Колко е тачно сфе за Нинфе. Чаци мој е привржан за мене како да ми е шфаљерка, колко се галимо еј
Шес јајца ми снесе : ) не смо се кецнале нене неее : )
Најстар Чаки е бија 10 године, тј спиеше сс мене, овј ми шести Чаки по ред, исто име исти фрикоделик спирит а различни пердуви
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
На што треба најмногу да се внимава при купувањето на папагал?

Најмалце што треба да обрнете внимание е каква боја има птицата.Тоа е природно и не бега.И да не сте експерти за птици,и да немате никакво познавање,следните совети ќе ви дадат колку-толку една слика како би требало да изгледа птицата при купување.

Проверете дали птицата во кафезот е активна.

-Доколку папагалот е весел,движи низ кафезот се осеќа дека е полн со живот,тој е потполно здрав.Ако птицата седе постојано на стапчето,или спие под крило едноставно е мирна,тогаш не е во ред со неа. Најчесто птиците страдаат од лошо аклиматизирање, доколку била чувана на топла просторија а потоа на ладна,паѓаат болни.Исто промената на кафезот од одгледувачница -транспортер- петшоп има влијание,најчесто стресно и психичко.Тоа треба брзо да помине,а доколку подолго време е во петшопот и е неактивна тогаш треба да се лекува,а тоа препуштете го на продавачот а вие купете здрава птица.
При купување,најмалце слушајте го продавачот.Во македонија најчесто продавачите се увозници на опрема за миленици а истите тие имаат по некој петшоп,освен продажбата на големо значи продаваат и се рекламираат во петшоповите.Не се спремни со многу знаење да ве опремат за миленикот,и секогаш нивната роба е најздрава,најубава најдобра,најефтина... Занемарете го муабетот, тие се тука да продаваат,а вие да одлучите каде ќе ги дадете вашите пари.Кога станува збор за животно треба да внимавате,а додека купувате опрема,советите од продавачот се добредојдени иако најчесто сугерираат на поскапото нешто:)

Внимавајте на клунот.

Обидете се да го допрете клунот на птицата.Ако е мек,тогаш има дефицит на калциум а најчесто и девитаминоза.За брзо време може да ја најдете мртва птицата,ако не се обрне внимание на овој знак,кој е доста сериозен.Најдобро да ја оставите настрана. Исто така постојат паразити кои го разјадуваат клунот и кожата на птицата.

Scaly-Face-Budgie.jpg




Доколку клунот е во ваква состојба како на сликата,тогаш станува збор за сериозна болест,која доведува до смрт.Значи оставете ги настрана ветувањата од продавачот дека птицата е млада,и клунот сеуште не и е формиран, клунот мора да е совршено мазен и сјаен!

Втор знак на болест,е доколку птицата ја видите во оваа состојба:

3506213355_0d746bea21_o.jpg


Причините може да се лоша аклиматизација, оставање на промаја,промени топло - ладно, кои со добра исхрана и витамини брзо минуваат. Но скоро и секоја болест која ги напаѓа птиците може да ги видите во оваа состојба, така да не може да знаете што точно станува збор.

Проблеми со изметот

infektionen-hauptbild.jpg


Не смее да содржи никакви траги од измет кај опашката. Ова е знак дека птицата има дигестивен проблем,лоша исхрана,цревни паразити или пак страда од некоја друга болест. Со ова ризикувате да заразите и друга птица ако претходно имате а најчесто и целото јато знае да биде заболено.Ако видите во ваква состојба,најпаметно одбегнете ја и таа продавница,додека продавачот не обрни добро внимание кон проблемот.

Лоши пердуви

p4170212.jpg


Пердувите мора да се мазни и средени. Не смее да стрчат, да паѓаат ниту да се лошо наредени. Доколку стојат како на сликата лево надуени таа птица е болна.
Можно е да станува збор (најчесто) за период на митарење,кој трае околу месец дена,па најдобро ниту во таква состојба не ги купувајте птиците.

Ова се основните правила скоро за сите папагали,а ставив слики од тигрици затоа што се најчесто купувани во нашите простори.
Не смее да има течен измет по кафезот наоколу, и на тоа обрнете внимание.Исто така има кожни паразити (пипици) па заприметете доколку дното е бело на кафзот и нешто лази,тогаш станува збор за овој паразит.Се префаќаат од едни на други птици исто како болвите,така да не ризикувајте со такви птици.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: toby2

biba dobrila veleska

Нов член
13 март 2015
2
0
1
zdr!bi ve zamolila da pisete nesto i za mal aleksandar !ova e mojot papagal i dali ima nekoj koj bi mi kazal dali e mlada ptica.skoro go kupiv .pozdrav
 

Прикачувања

  • 10982191_880133838699474_4565102503196688054_n.jpg
    10982191_880133838699474_4565102503196688054_n.jpg
    93.6 KB · Прегледи: 9

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
zdr!bi ve zamolila da pisete nesto i za mal aleksandar !ova e mojot papagal i dali ima nekoj koj bi mi kazal dali e mlada ptica.skoro go kupiv .pozdrav

Па рано е да се кажи, најдобро да го прашаш продавачот колку е точно стар, вака изгледа како да е повеќе од 6-7 месеци стар, ако прстенот околу вратот се направи подебел и потемна боја добие, ќе биди машко макар што се познаваат после 2ра или 3та година од животот,а ако остани вака, ќе биди женско.
Рачунај дека овие се еден од поинтелегентните видови на папагали,добро имитираат говор,можат да научат доста работи,меѓу кои наједноставна е отворање на кафезот, што ќе треба да внимаваш да не ти избега.Строго чување во кафез не е препорачливо освен,кафезот ако минимално висок 60 цм и мин ширина 40 цм,ќе мораш да го пушташ да лета наоколу ако го чуваш затворен треба да набавиш доста голем кафез. Пристапот кон него мора да ти биди благ - лесно можат да се припитомат а со птиците сака многу трпение и внимателност,има доста клипови на интернет можеш да најдиш како да го тренираш и учиш на други работи.
Незнам каква храна му даваш, мора да му земаш мешавина за големи папагали, ја има во паковања со слика од Ара а има и рефусна,зависи од каде си и повремено давање моркови, спанаќ добро измиен или малку обарен, тврдо варено јајце јаболко без семки, бисквити, јас кога чував ваков му давав и цвекло без проблем го јадеше,зависи како ќе се навикни, цвеклото е одличен извор на витамини и минерали. Ако се појави некој дефицит на истите, ќе заприметиш по пердувите, нема да бидат мазни и сјајни и може да ја изгубат бојата,е сега истото можи да се случи и за време на митарење и мораш да појачаш храна додека трае процесот да не добие некој дефицит на минерали и витамини во исхраната. Убавезно во кафезот да има сипина коска, избегавај да земаш од оние камчиња во боја, стандардна бела сипина коска е супер.Исто кај папагалите многу битна работа е капењето, набави некој сад кој нема лесно да го преврти ако стои на него, и доволно широк да може да влезе во него и сам да се капи, ќе му стани секојдневна рутина капењето.
Вака по форум неможам којзнае колку да ти кажам,кога си сопственик на папагал самото тоа си носи една голема одговорност а најчесто тоа е читај,читај и читај повеќе за папагалите:)

Повеќе инфо:

Тука инфо,
Форум за авикултура,
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: biba dobrila veleska

biba dobrila veleska

Нов член
13 март 2015
2
0
1
Vi blagodaram za odgovorot!inaku imame iskustvo so papagali ,no mal alex moram da priznam cuvame prv pat.za toa deka se dosta intelegentni vo pravo ste.toa go zabelezavme uste prvite denovi :) inaku jade hrana za golemi papagali (mesana)OLA STANDARD na pakovkata ima ara i kakadu,no sepak primetiv i pokraj tie razni semenki sto gi ima vo hranata i susenoto ovosje sepak nasiot CIKI najmnogu go odbira svetliot soncogled o d hranata.sigurno suvoto ovosje ne go jade bideki sveso si e svezo .A za toa deka e postar od 7-8 meseci vo pravoste .ni kazaa deka ima nesto pomalku od 1g vi blagodaram uste ednas
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Од храната го јаде најмногу сончогледот,затоа што таму каде што е одгледуван,сигурно одгледувачот нема голем ќар да го храни со семенска мешавина или овошја,секогаш гледаат да заштедат. Во случајов кај папагалите,сончогледот му доаѓа како леб, несомнено сите папагали го обожаваат,ама најчесто овие од нашите одгледувачи и само тоа го знаат од храна, се додека не им се отвори апетит за нешто друго. Белиот сончоглед или шарен што го нарекуваат е покрупен и подобар за папагалите, за овие со поголем клун, али исто можеш да експериментираш, семенската мешавина ќе се расфрла многу може да одбере само една врста на храна останатата ќе ја фрлаш, запримети што најмногу јаде, и одделно купувај само тоа. Редовно нека има во една хранилка сончоглед, а во друга на пример, непечени кикиритки во лушпа или овошје, зависи што семиња ќе јаде. Мешавините се одлична храна,само ако јади една врста семе од мешавината,тогаш трошоците се зголемуваат и се расфрла храна, менувај, една хранилка мешавина една сончоглед и сл.За папагалите, многу добра работа е конопно семе, јас наместо сончоглед им давав од него, содржи премногу протеини и минерали и доста појака храна е. Александарот има поголем клун ама мислам оти нема да му биди проблем да го лупи семето ако се навикни на тоа е одлично.Овие папагали исто многу гризат, можеш напролет кога ќе бидат посвежи гранките од врбите,да му киниш врба, без лисја само гранката по цел ден може да си најде занимација со нив.Во кафезот избегавај пластики и слични играчки,ако ставаш нишалки ставај дрвени, или евентуално ѕвончиња, доста забавни им се гледаат. Со огледало- избегавај, во пракса се покажува лоша опција да им се става огледало на папагалите,губат интеракција со сопственикот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: biba dobrila veleska

Mihail

Нов член
3 декември 2015
1
0
1
40
IMAG0015.jpg IMAG0015.jpg IMAG0003.jpg IMAG0006.jpg IMAG0010.jpg IMAG0012.jpg IMAG0015.jpg Здраво.Пред 3 дена зедовме папагалче Nimfa ,но бидеќи ова е прв пат да чуваме било каква птица дома не сме доволно информирани.Се потрудивме да научиме нешто повеќе од интернет за исхраната и негата на овие папагали,но сеуште не го распознаваме полот па незнаеме какво име да му дадеме.
Ни во Pet Shop-от незнаеа да ни кажат каков пол е само ни рекоа дека е релативно млада птица.
Па ме интересира доколку некој знае да ни каже од сликиве каков пол е и одприлика која возраст е ,а немаме ништо против да ни биде и кум :D.
Некаде прочитав дека доколку има жолти пердуви на крилата и опашот (нашето ги има) можно е да е женка,но немора да значи.
Поздрав.