Штом имаат продавница, треба да имаат и тема.
Со отварањето на новата (и прва) Mi Store во Македонија, кинескиот бренд Xiaomi се „запечати“ и на нашето тло како еден од подобрите (а често со нискобуџетни опции) произведувачи на мобилни во светот.
Не сакам да звучам ко она што народот го нарекува „Узми си Шајоми брате“ секта, ама телефоните навистина им вредат за секој денар и има избор за секаков буџет.
Иако се префрлив на Apple последно, Mi ќе ми останат ко најдобрата одлука што сум ја направила околу телефоните кога барав нешто солидно, а до кај 250 евра. Појдов во Сетек да разгледам Huawei во 2017-та, ама за таа цена дечкото таму ми го предложи Redmi Note 4 и веднаш го земав, првенствено ради одличната камера и нежниот дизајн (јаки критериуми, знам). Со 2гб рам и 32 ром тогаш бев ехааа, на коњ. Ме служеше одлично 2 години и некој месец, ама потоа почна да се осеќа кочењето, па го заменив со Redmi Note 7, кој го користев до пред две недели и уште одлично работи, еве ќе го форматирам да го дадам на мајка ми. Двата телефона се ко штотуку од фабрика излезени, нема жива гребнатинка на нив, а имаат паѓано до неповрат и назад.
И Шајоми сега има доста скапи телефони од над 1000 евра, но ги имаат и нискобуџетните од 150 евра, што пак имаат подобри перформанси од многу марки, вклучувајќи и постари модели на Епл и Самсунг (а парираат и на понови).
Дефинитивно ќе се навратам пак на нив кога ќе начекам нешто што ми се допаѓа.