WandaVision (2021)

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Кога ќе речам одамна, навистина мислам одамна ги запоставив Марвел поради премногуте филмови што чинам почнаа да ги ваѓаат колку да извадат нешто. Последно што ми фатија интерес беа Doctor Strange и X Men: Days of Future Past, што значи добри 5 години скоро немам многу допир со овој универзум.
Scarlet Witch ми стана омилена уште во времето кога на Фејсбук постоеше играта со Авенџери, некаде до кај 2014та, пред да почнат да укакуваат со копирајт, па вчера решив да ѝ дадам шанса на една епизода од серијава пред спиење, но така заглавив гледајќи до 2:30 сабајле, а ја довршив веднаш штом станав.
d7b2ae24.jpg
Соочена со огромни загуби и неподнослива болка, Ванда решава да ги преземе работите во свои раце, иако не е целосно свесна за својата моќ. Па така, настрана од целиот шитшоу што се случи во филмовите, во WandaVision светот е идиличен и секоја епизода е во стилот на 50ти, 60ти, 70ти, па до денес и е во форма на совршен, фамилијарен ситком, освен неколкуте збунувачки ситници во првите епизоди што најавуваат дека можеби нешто и не е толку совршено ко што изгледа.

Малку е да кажам дека уживав во серијата и не претерувам кога ќе кажам дека на последната епизода не ме држеше место. Буквално легнував, седнував, шетав околу и мавтав со рацете, па пуштив и некоја солза.
Сакав да ја пишам во предлози, но мислам дека заслужува посебна тема.
Ја изгледал ли некој друг и кои се вашите импресии од неа?
Да очекуваме ли нова сезона и приказна?
Со тоа што Ванда и Вижн секогаш пак се среќаваат и фактот што таа допрва учи која е и како да ги контролира своите моќи, сметам дека шансите за продолжеток се огромни и навистина се надевам дека ќе е така.