String Forces

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
String Forces е македонска музичка група формирана во 1995 година во Скопје. Оттогаш имаат издадено два албумa, една музика за ТВ-филм и голем број настапи по Македонија и Балканот.
Иако со работа групата започнува во 1995, постои и предисторија на групата во периодот 1992-1995, како проект на основачот Дориан Јовановиќ. Ова е период на дефиниција на изразот во кој биле остварени голем број на соработки со различни музичари, од кои што некои ќе станат и членови на групата.
Во 1995 година групата се формира околу „жиченото“ јадро: Алфрида Тозиева – виола, Дориан Јовановиќ – бас гитара, Сашо Трендафилов – гитара. До крајот на 1996 ќе има неколку промени на пејачи, за конечното решение биде со Јелена Брајовиќ и Елена Мановска. Со доаѓањето на тапанарот Влатко Икономов се оформува составот којшто ќе го сними првиот, самонасловен албум во 1998.
Албумот ќе биде издаден на почетокот на 1999 и ќе биде одлично прифатен од критиката, но не толку и од пошироката јавност. Ова ќе доведе до мало губење на насоката што ќе се заврши со една поголема промена на членовите кон средината на 2000 година. Тогаш се оформува составот којшто работи и денес: Александра Мангаровска-Милиќевиќ – вокал и флејта, Александар Стојанов – вокал и гитара, Алфрида Тозиева - виола, Дориан Јовановиќ – бас гитара, стик, ут, и електроника, Благојче Пенов –тапани.
Оваа промена ќе се совпадна и со промена во пристапот, но и музичката насока на групата. Групата ќе исфрли видео-спот за песната „Каде бегаш“, која што ќе доживее широка прифатеност и од публиката и од пошироката јавност, достигнувајќи и прво место на топ-листите на Македонската Радио Телевизија.
Оваа песна е и добра дефиниција за насоката кон која групата се стремеше на вториот албум, „Изохронија“, но само ќе го започне како процес: транслација на традиционалната урбана Македонска музика во модерни рамки. Уште една песна ќе биде исфрлена како сингл којшто исто така доживува голем успех, за да во февруари 2002 биде промовиран и албумот „Изохронија“.


Дали имате слушнато за овој бенд?

Дали ви се допаѓа ваквата музика?


извор: Википедија
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Мора ли бре да се копира од википедија? Има толку многу да се напише за бендов ако си ги слушал, ама не(!) википедија.

За бендов ќе напишам вечер или утре.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav and melpomena

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
String Forces порано ги слушнав од телевизија и ми беа интересни. После некое време (некаде средно коа дојдов) почнав да чачкам по музиката и си најдов дискографија од нив и сеуште си ги слушам. Во првиот албум јас би рекол дека се осеќа онаа потрага по звук која што ја имаат повеќето бендови, но подоцна String Forces се баш буквален превод на нивното име. Хармонични, убаво потковани, свежи идеи кои кај нас барем јас не сум ги слушнал (свежината на идеите ќе ја споредам со легендарниот Зоки Маџиров), работење со голема посветеност и резултат од тоа е звук кој е препознатлив, одлични албуми и музика која ќе ти врти во глава и кога не ги слушаш. Сеуште не сум им бил на свирка/концерт но во прва прилика не се двоумам воопшто. Омилени песни и немам баш, ми се допаѓа целата дискографија без исклучок, ама еве би ги издвоил овие како поубави за мене:

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars and $3Я3|\||)&p&†Y

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Не сум некој фан на МК музика, ама ако се водиме по "Каде бегаш", тогаш навистина се добри.