Nujabes(Seba Jun) е јапонски J-Hop/Jazz-Hop/Hip-Hop/Nu-Jazz продуцент,композитор и музичар роден на 7ми Февруари,1974 година во Нишиазабу,Токио. Сопственик е на 2 продавници за плочи во Шибуја,Токио,T Records и Guinness Records,како и на неговата независна издавачка куќа,Hydeout Productions. Животот го губи релативно млад,на 26 Февруари,2010 година,во сообраќајна несреќа во тунелот Shuto Expressway во Шибуја,Токио. Официјално,неговата смрт е објавена од страна на неговата издавачка куќа и неговиот пријател и соработник,јапонскиот MC,Shing02,како и неговата издавачка куќа. Зад себе има оставено неколку незавршени проекти,кои се комплетирани од страна на неговата изравачка куќа на постхумниот албум,Spiritual State.
Се смета за еден од најголемите продуценти во неговиот жанр,неговото творештво има големо влијание на неговата а и на поновата генерација на jazz-hop продуценти(Nomak,Nitsua,Fat Jon,Tsuchie,Blazo,Kondor,Thomas Prime,Kenichiro Nishihara,Shin-ski итн). Неговите песни се карактеризираат со игрива и динамична ритам секција и мелодии кои често вклучуваат џез пиано,флејти,гитари или традиционални јапонски инструменти. Во текот на својата кариера соработува со повеќе музичари и MC-ja,како Shing02,Funky DL,Apani B,CL Smooth,Substantial,Uyama Hiroto,соул-пејачот Terry Callier,американскиот хип-хоп состав CYNE и Five Deez. Исто така е член на експерименталното дуо Urbanforest,во соработка со Nao T.
Многу често во неговите композиции се користени семплови од џез музичари,филтрирани,повишени. Пример за тоа е песната The Final View,за која е користена пиано изведбата на Love Theme From Spartacus од пијанистот Бери Хери.
Според многу,врвот на својата кариера и препознавање надвор од својата земја го доживува во 2004 година,кога учествува во креирање на саундтракот на јапонскиот аниме серијал,Samurai Champloo заедно со Fat Jon,Tsuchie,јапонската R&B пејачка MINMI и Shing02.
Дискографијата на Nujabes се содржи од:
5 Студиски албуми
-Metaphorical Music
-Samurai Champloo Music Record: Impression
-Samurai Champloo Music Record: Departure
-Modal Soul
-Spiritual State
Aнтологии
-Hydeout Productions 1st Collection
-Hydeout Productions 2nd Collection
Синглови
-Ain't No Mystery
-Luv(sic) Part 1
-Luv(Sic) Part 2
-Lady Brown 12"
Албуми во соработка со други артисти
-To This Union A Sun Was Born(со Substantial)
-Bullshit As Usual(со Pase Rock)
-Mellow Beats,Friends & Lovers(со Uyama Hiroto,Naoki,Maeda Dwele,Golden Boy,Sora,Takagi Masakatsu, Kuniyuki Takahashi и Rei Harakami)
-Modal Soul Classics II(Тribute албум)
Компилации
-Sweet Sticky Thing
-Ristorante Mixtape
-Modal Soul Classics
Во процес на снимање и изработка е документарниот филм посветен на ликот и делото на Nujabes,именуван "An Eternal Soul",кој треба да излезе до крајот на првата половина на 2013 година. Веќе е пуштен на интернет дискот со soundtrack-от од филмот,продуциран од неколку пријатели и почитувачи.
Нема да постирам линкови од негови песни,затоа што навистина незнам кои би ги одбрал,но верувам дека оние што сакаат џез,олдскул хип хоп и chill музика би ги советувал да преслушаат по некое парче. Мои препораки би биле:
Luv(sic) feat. Shing02
Feather(feat. Cise Starr & Akin)
Home sweet home(feat. Substantial)
Lady Brown(feat. Cise Starr)
Mystline
Horizon
Kunomi
И за крај ќе постирам нешто што успеав да го испродуцирам како подарок за минатогодишниот роденден на Nujabes. Не е нешто премногу добро,но сакав на некој начин да ја изразам мојата огромна почит кон артистот кому толку му се восхитувам.