KISS

  • Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

spnfan123

Нов член
16 август 2015
1
0
1
24
Kiss (се чита: кис) е американска рок група формирана во Њујорк Сити во јануари 1973. Групата се здобила со многу слава и признаеност во средината на 1970-тите и се лесно препознатливи по шминканите лица и сценските одела, како и разни сценски изведби. Досега, Kiss добиле 34 златни албуми.[1]. Групата продала преку 80 милиони албуми низ целиот свет.[2]

Првичниот состав, Пол Стенли (ритам гитара и вокали), Џин Симонс (бас и вокали), Ејс Фрели (водечка гитара и вокали) и Питер Крис (тапани и вокали), е најуспешниот и најпрепознатливиот. Со нивните шминки и костуми, станале како ликови од стрип: The Demon (Демонот) (Симонс),Starchild (Ѕвездено дете) (Стенли), Space Ace (Вселенски ejс) (Фрели) иThe Catman (Човекот-мачка) (Крис).

Денес групата изведува со Пол Стенли и Џин Симонс од првичниот состав, и Томи Тајер и Ерик Сингер.



Бендов според мене има многу добра музика иако ретко кој ја слуша.Уникатни се иако на многу луѓе не им се допаѓа нивниот стил и мислат дека изгледаат како ѓаволи (типични македонци би го рекле тоа затоа што не се многу запознаени со странската музика).Што мислите вие за нив?
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
https://mk.wikipedia.org/wiki/Kiss_(музичка_група)
Значи, ЗНАЧИ, од кожа се вадам кога ќе видам копиран вовед од некое место.
Уште повеќе се мрднувам во мозок кога тој копиран вовед не е дури ни прочитан, затоа што да беше прочитан ќе беа тргнати барем бројките од фуснотите што се ставени на постот од Википедија.
Извини.