J. K. Rowling и Хари Потер

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Оваа тема може да биде дел и од подфорумите Филм и Социологија, но ја сместив тука бидејќи пред се, сакам да дискутираме за авторката и нејзиниот серијал книги за Хари Потер.

Мојата дефиниција за херој е некој кој инспирира, им помага на помалку среќните и ги надминува личните пречки во животот.

979_102743-004-EC818A89.jpg

Една жена која одговара на овој опис е J. K. Rowling. Џоан Ролинг (Joanne Rowling) родена е на 31 јуни 1965 во Англија. Кога имала 4 години, таа со нејзиното семејство се преселиле во малото село Витенбург. Роулинг иако често не се согласувала со својата сестра, таа биле многу блиска со неа и ја забавувала со нејзините измислени приказни. Во тој период, Роулинг имала пријатели, брат и сестра, кои живееле во спротивната куќа и го носеле презимето Потер, кое Роулинг го сакала многу повеќе од сопственото.

Во 1974 година, кога Роулинг имала 9 години, нејзиното семејство се преселило повторно, овој пат во малото село Тушин во Велс. Набрзо, нејзината омилена баба Кателин починала и поради тоа, таа ја вклучила буквата "К" во нејзиното авторско име. Роулинг учела во локалното основно училиште каде што директор бил човек по името Алфред Дан, кој бил инспирација за ликот на професорот Дамблдор.

Dumbledore.jpg

Наклонетоста кон литературата на Роулинг се зголемила кога нејзината тетка и подарила копија од биографијата на Џесика Мотфорд и поради што, таа ги прочитала сите книги напишани од оваа авторка и станала нејзин голем обожавател. Роулинг има кажано дека ликот на Хермиона е базиран токму на неа. Наводно, таа базирала уште еден лик од овој период од нејзиниот живот, а тоа е ликот на професорот Снејп, базиран на нејзиниот професор по хемија, Џон Нетлшип.

225px-Ootp076.jpg

Во 1983 година, Роулинг матурирала и се запишала на Екстер факултетот за француски јазик. Иако сакала да студира англиски јазик, нејзините родители ја убедиле дека кариера како двојазична секретарка ќе и даде поголема стабилност од колку работа со литературата. По дипломирањето, Роулинг се преселила во Лондон.

Додека патувала со воз од Лондон до Манчестер во 1990 година, на Роулинг за прв пат и дошла идејата за младо момче кое не знае дека е волшебник. Набрзо по оваа инспирација, мајка и починала од склероза. Нејзината смрт била огромен шок врз Роулинг и имала огромно влијание врз насоката на приказната за младиот волшебник и загубата на неговите родители.

Сеуште скршена од смртта на нејзината мајка, Роулинг се преселила во Португалија во 1991 година, за да работи како учителка по англиски јазик. За време на првата недела од престојот во Португалија, таа ги напишала првите 12 глави од првата книга. Роулинг се омажила за португалски новинар и во 1993 година, го родила своето прво дете, ќерката Џесика. Но, бракот бил нестабилен и во декември 1993 година, Роулинг се вратила во Британија со својата ќеркичка и се преселила во Едингбург, Шкотска, за да биде со својата сестра.

Роулинг долго време била без работа и ги поминувала речиси сите попладневни часови работејќи на книгата, во еден кафич. Откако ја завршила првата книга во 1995 година, таа ги пратила првите 3 глави кај повеќе агенти. Вториот агент која таа го контактирала се нафатил на овој проект и потрошил речиси цела година во обид да најде публицист. Bloomsbury Children's Book го прифатиле манискриптот и ја објавиле книгата под името "Harry Potter and The Philosopher's Stone", во 1997 година.

harry_potter_and_the_philosophers_stone.jpg

Наскоро по објавата нa книгата, Роулинг добила многубројни награди. Сколастик пред ги откупил американските права на книгата и до дал насловот "Harry Potter and the Sorcerer's Stone". Продолжението "Harry Potter and the Chamber of Secrets" била објавена во Англија во јули 1998 година и во Америка во јуни 1999 година, а третата книга од серијалот "Harry Potter and the Prisoner of Azkaban" била објавена во Англија во јули 1999 година и во Америка во септември 1999 година.

Harry_Potter_and_the_Chamber_of_Secrets.jpg
Harry_Potter_and_the_Prisoner_of_Azkaban.jpg

Овие три книги ги завземале првите три места на листата на бестселери на Њујорк Тајм и со нив, Роулинг заработила 400 милиони долари, со што станала најбогатиот писател на светот. Во 1998 година, Роулинг ги продала филмските права за Хари Потер серијалот и првиот филм излезе во 2001 година. Таа ги завршила останатите 4 книги помеѓу 2001 и 2007 година, со последната книга "Harry Potter and the Deathly Hallows" од која се продале 15 милиони примероци во првите 24 часа од објавата.

Harry_Potter_and_the_Deathly_Hallows.jpg

Роулинг е страствен филантроп и има донирано голем дел од своето богатство во доброволни цели. Таа има изјавено дека нема намера да продолжи со пишување на серијалот за Хари Потер. Роулинг има напишано книга "The Tales of Beedle the Bard", книга со детски приказни која се споменува во "Harry Potter and the Deathly Hallows". Таа има спомнато дека ќе напише енциклопедија до дефиниции од светот на Хари Потер.


Дали сте обожавател на оваа писателка? Зошто да/не?
Дали ги сакате книгите и филмовите за Хари Потер?
Моето главно прашање е, дали (и како) J. K. Rowling имала влијание врз општеството?

Во оваа тема, можеме да дискутираме за животот и делото на оваа писателка. Споделете интересни информации.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Да почнам со ред :sreken Голем обожавател сум, имагинацијата и е стварно за восхит.. Книгите не знам колку пати ги имам препрочитано. Единствена научна фантастика на која сум ептен навлечена. Лично за неа, прекрасна жена, гледав документарец за нејзината хуманост на дело, како самата помага на на цели фамилии и општини. Нејзиното влијание е огромно, особено кај мене (релативно пораснав и остарев со ХП :p ) а и на многумина низ целиот свет е виновник за разгорување на фантазијата на едно повисоко ниво. Не можеш да ги читаш нејзините дела а да останеш рамнодушен и да не си ги претставиш дури и најмалите детали. Уште едмаш, жена за восхит.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Чисто информативно, ќе се снима филм за книгата Fantastic Beasts and Where to Find Them. Само што ја објави оваа вест Ролинг на нејзината фб страна, еве ја оригинално:


Warner Bros. announced on 12th September 2013 that J.K. Rowling would be making her screenwriting debut with 'Fantastic Beasts and Where to Find Them', the first in a new film series which is part of their expanded creative partnership with J.K. Rowling. The films will be inspired by Harry Potter’s Hogwarts textbook of the same name, and will feature the book’s fictitious author, Newt Scamander.

“It all started when Warner Bros. came to me with the suggestion of turning 'Fantastic Beasts and Where to Find Them' into a film. I thought it was a fun idea, but the idea of seeing Newt Scamander, the supposed author of 'Fantastic Beasts', realized by another writer was difficult. Having lived for so long in my fictional universe, I feel very protective of it and I already knew a lot about Newt. As hard-core Harry Potter fans will know, I liked him so much that I even married his grandson, Rolf, to one of my favourite characters from the Harry Potter series, Luna Lovegood.

As I considered Warners’ proposal, an idea took shape that I couldn’t dislodge. That is how I ended up pitching my own idea for a film to Warner Bros.

Although it will be set in the worldwide community of witches and wizards where I was so happy for seventeen years, 'Fantastic Beasts and Where to Find Them' is neither a prequel nor a sequel to the Harry Potter series, but an extension of the wizarding world. The laws and customs of the hidden magical society will be familiar to anyone who has read the Harry Potter books or seen the films, but Newt’s story will start in New York, seventy years before Harry’s gets underway.


I particularly want to thank Kevin Tsujihara of Warner Bros. for his support in this project, which would not have happened without him. I always said that I would only revisit the wizarding world if I had an idea that I was really excited about and this is it.”
 

SaltNPepa

Староседелец
19 август 2013
49
116
633
Авторка која од ништо се искачи на врвот. Пораснав со книгата и филмовите. Ги имам сите делови, бев на една премиера на еден од деловите и се тепав со англичаните кога излезе последниот дел од книгата. Книга која на било која возраст ќе ти дозволи да се внесеш во тој волшебен свет и за дел да избегаш од реалноста, да влезеш во некоја друга „реалност„. За сите кои сакаат да се опуштат, а во исто време да не ја остават книгата до крај, топло препорачувам!

Успеав да дојдам и до "The Tales of Beedle and Bard" целосно се вклопува во главната приказна.