Ајде едно мало појаснување за да нема заблуди;-) Мисијата односно целта на Herbalife е менување на начинот на живот на луѓето односно менување на нивните лоши животни навики и навики во исхраната. Значи тука се работи на промена на свеста на лугето и нивните ставови и пристап кон исхраната. Покрај производот кој го добивате вие треба да добиете и многу дополнителни информации за здравиот начин на исхрана од дистрибутерот од кој го набавувате производот. Сите тие совети и информации кои ги добивате треба понатаму секако ќе ви бидат од корист само ако сакате да ги применувате бидејќи сепак никој не може ништо да ви наметне.
Во еден од претходните постови прочитав дека после користењето на шејкот ги враќате килограмите доколку не го користите повторно. Ајде да речеме дека одредено време се храните по одредена диета според која за појадок јадете претежно житарки со млеко или сооднос на јагленихидрати и белковини 3:1 за ручек соодносот е 2:1 и вечерата ви е составена целосно од протеини. Овој начин на исхрана одлично ви годи и после 3 месеци стигнувате до посакуваните резултати, по што повторно се враќате на старите навики и за појадок земате бурек и јогурт за ручек пржени свински кременадли со пржен компир и за вечера добро познатиот хамбургер од седмица со повеќе мајонез, и нормално за кратко време ги враќате килограмите. Што ќе кажете после тоа? -Не беше добра диетата која ја користев претходно? Значи сепак се работи за постојан начин на исхрана, за сопствен животен стил, за резултати добиени од нови научни истражувања за кои вие самите одлучувате дали ќе ги применувате или не. Не постои ниедна диета или препарат кој ќе ви ги симне килограмите а потоа ако не се придржувате до одредени правила и принципи нема да ги вратите.
Сепак на крајот на краиштата заменскиот појадок од Herbalife основата на нивната исхрана "Шејкот Формула 1" (единствен производ од таков вид на пазарот) на месечно ниво чини исто како да појадувате бурек и јогурт секој ден. Вие сами одлучете што е поздраво и подобро за вас.
За сите заинтересирани кој покрај Herbalife сакаат да прочитаат и други интересни информации и статии поврзани со исхраната можат да кликнат на следниов линк од мојата ФБ страница. Поздарв
Изменето од модератор: отстранета е рекламата.