Таа е филозфирање, расправање, манијакално анализирање за оние кои вистински ја почитуваат. Заслужна за дел од менталниот склоп на дел од генерациите после Талес, Платон, Аристотел...Шопенхауер, Хегел, Кант, Мухиќ
Да не бил рационализмот, да не претпоставувале античките филозофи за составот на душата, на вселената, да не му дале отров на Сократ, немало ниту Адам Смит да расправа за економија ниту Јустјен Гордер да ја напише "Светот на Софија".
Според мене, филозофирањето е одмарање на душата. Секако, треба да го имаш вистинскиот човек покрај себе за тоа, не можеш на секој циник да му разврзеш анализа на светот и како тоа ти си излегол одамна од пештерата, додека тој останува во неа вечно, свртен кон ѕидот и веројатно мечтае да го види сонцето, да излезе од сенката која цврсто му ги врзала рацете и го стега секојдневно, потопувајќи го во сопствената мизерија.