Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Забава
Форумски игри
Чет муабети (ти реков-ми рече)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Да не е ептен оф-топик таму, тука.

1. Практиката те окрутува, точно е тоа, на некој начин те претвора во робот. Почнуваш да ги гледаш луѓето поинаку, не смееш да си дозволиш да те допре лично и емотивно, мораш да задржиш ладна глава за да расудуваш објективно. Веќе некое време се прашувам токму околу ова. Знам дека е тој аспект неопходен, но колку е правилен? Како што кажав, тебе како професионалец, полека те претвора во робот. Факт е дека сите чувства се поврзани меѓу себе. Секое исклучување на едно (било кое) чувство повлекува исклучување на сите други чувства. Не можеш да исклучиш само едно, а да си ги задржиш останатите.

Како ќе ми помогнеш ако дојдам кај тебе, а не си способен да сочувствуваш? Како ќе знаеш низ што поминувам и колку е тоа (не)подносливо, ако не сочувствуваш? Шаблоните на однесувањето и постапките сигурно помагаат и се потребни за да знаеш со што се соочуваш, но дали се тие доволни за да разбереш низ што точно поминува личноста која дошла кај тебе за да ѝ помогнеш?

2. Луѓе кои се оставени (и не само тие) можат да чувствуваат и чувствуваат еден куп емоции, не само осаменост. Сите емоции се нормални и секој има право да ги чувствува, да му се дозволи да ги чувствува и да си дозволи да ги чувствува. Секакви емоции кои предизвикуваат секакви реакции. И не може туку-така да се каже дека е тоа наивност или е непромислено или е погрешно и туку-така да се вметне во шаблонот и врз основа на тоа да се каже таа/тој ќе направи таква-и-таква глупост.

Се работи за личности, секоја една личност е поинаква и од претходната и од следната. Колку сака нека има шаблони, ако јас дојдам кај тебе да барам помош сакам да знам дека ти ќе ме гледаш како поединечен, индивидуален случај и како таков ќе ме третираш и на тој начин ќе се обидеш да ми помогнеш. Не сакам да претпоставуваш врз основа на тоа колку се вклопувам во шаблонот, туку да ме согледаш мене и сѐ што е во мене, од почеток до крај, а тоа се вклопува само во мојот шаблон и во ничиј друг. Невозможно? Па не знам, можеби е, но кој се нафатил да „чепка“ низ нечија глава треба да е свесен каква одговорност има.

3. Зарем мора човек да остане силен? Дека не е возможно, не е, но дали воопшто треба да се бара тоа? Колку што има право човек да е радосен, толку има право да биде и тажен. Не сакам од мене да се очекува да бидам силна. Имам право да се скршам сосема и да се распаднам и да бидам неподносливо тажна. Зашто тоа е нормално. Емоциите не се делат на правилни и погрешни, ако сум тажна, или лута или бесна или безволна или било која друга емоција која би се означила како негативна, не значи дека сум наивна, ниту луда, и не значи дека во мене нешто „се расипало“ па мора некој да „ме поправа“. Значи дека тој што ќе се нафати да ми помогне треба да продре подлабоко и да сфати „зошто“ и „како“ и „кога“ и „колку“. Шаблонот може да биде само ориентација, ништо повеќе.

4. Човек кој не е подготвен да се справи со тежината, со сите предизвици и замки, на професија каква што е психологијата, ич нека не се нафаќа. Оти може многу повеќе да наштети одошто да помогне.

[QUOTE="lady_blue, post: 285471, member: 67"] Да не е ептен оф-топик таму, тука. 1. Практиката те окрутува, точно е тоа, на некој начин те претвора во робот. Почнуваш да ги гледаш луѓето поинаку, не смееш да си дозволиш да те допре лично и емотивно, мораш да задржиш ладна глава за да расудуваш објективно. Веќе некое време се прашувам токму околу ова. Знам дека е тој аспект неопходен, но колку е правилен? Како што кажав, тебе како професионалец, полека те претвора во робот. Факт е дека сите чувства се поврзани меѓу себе. Секое исклучување на едно (било кое) чувство повлекува исклучување на сите други чувства. Не можеш да исклучиш само едно, а да си ги задржиш останатите. Како ќе ми помогнеш ако дојдам кај тебе, а не си способен да сочувствуваш? Како ќе знаеш низ што поминувам и колку е тоа (не)подносливо, ако не сочувствуваш? Шаблоните на однесувањето и постапките сигурно помагаат и се потребни за да знаеш со што се соочуваш, но дали се тие доволни за да разбереш низ што точно поминува личноста која дошла кај тебе за да ѝ помогнеш? 2. Луѓе кои се оставени (и не само тие) можат да чувствуваат и чувствуваат еден куп емоции, не само осаменост. Сите емоции се нормални и секој има право да ги чувствува, да му се дозволи да ги чувствува и да си дозволи да ги чувствува. Секакви емоции кои предизвикуваат секакви реакции. И не може туку-така да се каже дека е тоа наивност или е непромислено или е погрешно и туку-така да се вметне во шаблонот и врз основа на тоа да се каже таа/тој ќе направи таква-и-таква глупост. Се работи за личности, секоја една личност е поинаква и од претходната и од следната. Колку сака нека има шаблони, ако јас дојдам кај тебе да барам помош сакам да знам дека ти ќе ме гледаш како поединечен, индивидуален случај и како таков ќе ме третираш и на тој начин ќе се обидеш да ми помогнеш. Не сакам да претпоставуваш врз основа на тоа колку се вклопувам во шаблонот, туку да ме согледаш мене и сѐ што е во мене, од почеток до крај, а тоа се вклопува само во мојот шаблон и во ничиј друг. Невозможно? Па не знам, можеби е, но кој се нафатил да „чепка“ низ нечија глава треба да е свесен каква одговорност има. 3. Зарем мора човек да остане силен? Дека не е возможно, не е, но дали воопшто треба да се бара тоа? Колку што има право човек да е радосен, толку има право да биде и тажен. Не сакам од мене да се очекува да бидам силна. Имам право да се скршам сосема и да се распаднам и да бидам неподносливо тажна. Зашто тоа е нормално. Емоциите не се делат на правилни и погрешни, ако сум тажна, или лута или бесна или безволна или било која друга емоција која би се означила како негативна, не значи дека сум наивна, ниту луда, и не значи дека во мене нешто „се расипало“ па мора некој да „ме поправа“. Значи дека тој што ќе се нафати да ми помогне треба да продре подлабоко и да сфати „зошто“ и „како“ и „кога“ и „колку“. Шаблонот може да биде само ориентација, ништо повеќе. 4. Човек кој не е подготвен да се справи со тежината, со сите предизвици и замки, на професија каква што е психологијата, ич нека не се нафаќа. Оти може многу повеќе да наштети одошто да помогне. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Забава
Форумски игри
Чет муабети (ти реков-ми рече)
На врв
Bottom