Четири братчиња мрзнат за да стасаат до училиште, а таму за нив нема кифла

Статус
Затворена за нови мислења.

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Зборам за работа, која некако не им е омилена на денешните млади и академски образовани деца.
Берење праски, копање, товарање...убаво си напишав.

Да не ја претвориме темава во политичка, иако има такви тенденции ќе кажам само дека не ја бива да седиш дома и да кукаш дека нема. И да не превземаш ништо околу тоа ;)

Жалосно е за децата, не велам зашто ги направил, зашто тоа е глупа констатација...Створил живот, тоа направил.
И вистина е дека, ако веќе некому даваш живот би требало и да размислиш каков ќе му биде.

Прв бодл. Се сомневам дека човекот одбива било каква работа.
Втор болд. Кога ги правел беа поинакви времиња. Невработеноста беше помалку од 20%, стапката на инфлација беше умерена од 5-6%, постоеја фондови, постоеше згрижување, имаше народот пари. Малкумина експерти ја предвидоа кризата, тој, јас и ти не сме од тие експерти. Ако гледаме песимистички на работите не треба воопшто да се склучува брак а за деца не станува збор, во последно време е и така тоа го потврдува статистиката односно зголемениот морталитет, зависоно од намалениот наталитет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine

Хм...
Утка!
Стапката на невработеност кога тој ги правел децата била некаде околу 38%, сега е 32%.
Нејсе..
Станува муабет за тоа дека многу социјални случаи спасот го гледаат во фактот некој да ги сожали.
Нека посади градина во дворот, нека продава на пазар...
Знам дека сигурно нема да одбие работа, ама нека ја побара. Нека не чека некој со пликото да му дојде и да му затропа на врата.
Не е решение кукањето. Еве ќе му помогнат, ќе соберат нешто алишта, храна...ама тоа е поминливо.
Пак ќе дојде денот кога неговите деца ќе бидат гладни. И тогаш?
Ронење солзи на Сител, втор дел??
Не сум злобна, не се потсмевам, само сум реална. Свесна сум дека живееме во време кога не цветаат ружи, свесна сум дека јас, ти нашата генерација го помина најтешкото-транзицијата. Приказните за совршен живот во времето кога Тито ги редеше медаљите на Јованка остана во неповрат.
И не, немаше фондови, имаше затворени фабрики, мајки што плачеа поради фактот дека после 30 годишен стаж останаа како истрошени крпи на улица.
Ама еве, преживеавме...
Дедо Боже не дојде со кеш у плико со панделка, замисли.
 
Прв болд. Тоа е само илузија, во тоа време невработеноста беше околу 35% од кои 15% вработени не беа осигурани но работеа и земаа солидни плати.

Втор болд. Кога човек ќе подпадне под толкава депресија сам ќе се понижи пред јавноста, да го сожалуваат.... колку болно тоа може да биде. Верувам дека тие солзи за неговите чеда се вистински, последна утеха за помош ја побарал преку медиумите, со што свесно ќе ги понижи своите деца пред очите на другите деца на школо.
И за тоа со садењето требаат пари, земјоделстово си бара одредена сума која предвреме мора да ја инвестираш и на крај дали ќе ти се исплати зависи од многу фактори, но да не навлегуваме во истото.

Трет болд. Тоа со дедоти боже е многу низок удар (саркастично)

Пс. Преродбата продолжува (n)
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Реков дека ќе помине во политика. Уствари не ни може поинаку.

ВМРО се криви оти човеков е невработен?
ДПА се криви?
Не би рекла...

Премногу си се уфилмал во нечија судбина, да, сочувствувам и јас.
Да, мислам дека во државава наша постои определба со една црвена линија која јасно ги дели оние што имаат премногу и оние што се на работ од егзистенција.
Се согласувам дека економијата бара реконструкции со размери на озонска дупка во Аргентина.
Но исто така знам, дека никој нема волшебно стапче преку ноќ, од пропадната земја да создаде империја...
За прв пат, народните пари гледаат бел ден.

Не може во било кое општество сите да бидат богати.
Утопија нема.
Секој го распламтува соспственото огниште, секој треба да се труди.
Ако не отиде по дрва, ако не собере прачки нема да се запали...Ќе тлее додека не изгасне.

Ги почитувам сите твои искази.
Со мнозинството не се согласувам и тоа е тоа.
Кога јас сама, без ничија помош успеав да си го најдам местото под ова небо, кога луѓе што ги познавам, успеаа да створат извор на егзистенција, а да, имаат по над 50 години, верувам дека парче леб има за секој.
Ама никој нема да ти го донесе намачкано со паштета.
 
The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Нема повеќе да коменитрам, темава ќе премине во бесконечен број цитати кои се вртат во круг и на крај ништо нема да се докаже. Сепак мене ми е жал за децата и за човекот, верувам и тебе.;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Мислам дека малку коментирањето избега од темата.
Целта е да се донира и да се помогне, затоа ќе ја затворам за понатамошни коментари.
Кој мисли дека може да помогне, нека донира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_Mayor
Статус
Затворена за нови мислења.