Црни дупки

TheFrisb

Староседелец
3 март 2012
97
161
1,043
Во друга галаксија :)
Нерешена мистерија.Се сметат за места во вселената каде што ни светлина неможе да избега.

Еве некои слики:
Black_hole_lensing_web.gif

6a00d8341bf7f753ef015433ac9868970c-800wi

BlackHoleFeatures.gif
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
точно црната дупка е можеби нешто што треба да се плашиме сите
ако настане секако
тоа е една многу голема ( да не кажам огромна ) гравитација
која што збира се околу неа и наеднаш екслодира со тоа што испушта
гама здраци и се што тие гама зраци ке опфатат станува пепел
оваа тема има многу добра целина
браво што ја отвори :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and TheFrisb

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
Некои научници тврдат дека ги има низ целата вселена.Така да ...
се слагам со тоа
има црни дупки ама мали блиски до земјата...ама мислам дека се на 2-3 месеца една ( ако не се лажам не сум сигурен )
сепак атмосверата наша не дозволува да го видеме тоа....и да не голте таа црна дупа :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD and TheFrisb

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Македонија е црна дупка..:rofl
Kако мал гледав документарци за ова и дома им кажував после ме правеа ретардиран. :D Иначе може да проголтаат цели планети и комети, па некој дури мислат и вселената. Демек се ширела самата во себе.. Дали тоа значи дека ние моментално се наоѓаме во црна дупка, таа црна во друга итн?! :unsure Кој знае...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheFrisb

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
се слагам со тоа
има црни дупки ама мали блиски до земјата...ама мислам дека се на 2-3 месеца една ( ако не се лажам не сум сигурен )
сепак атмосверата наша не дозволува да го видеме тоа....и да не голте таа црна дупа :)

Ако зборуваш за микро-црните дупки кои настануваат во атмосферата на земјата поради вселенските зрачења кои пробиваат низ озонот, тогаш тие се случуваат во секој момент од времето и во истиот тој момент исчезнуваат поради постоењето на Хокинговата радијација.

Инаку црните дупки постојат и има неколку поделби на истите. Според големината има микро, мали, средни, масивни, супермасивни. Се претпоставува дека во центарот на секоја галаксија има по една супермасивна црна дупка бидејќи дава комплетно објаснување за тоа како би се насобрале толку многу ѕвезди во кон една точка. Исто така се делат на наелектризирани и ненаелектризирани, на ротирачки и неротирачки. Долга тема е ова, а моментално ме фаќа мрза да пишувам доооолг пост.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
Ако зборуваш за микро-црните дупки кои настануваат во атмосферата на земјата поради вселенските зрачења кои пробиваат низ озонот, тогаш тие се случуваат во секој момент од времето и во истиот тој момент исчезнуваат поради постоењето на Хокинговата радијација.

Инаку црните дупки постојат и има неколку поделби на истите. Според големината има микро, мали, средни, масивни, супермасивни. Се претпоставува дека во центарот на секоја галаксија има по една супермасивна црна дупка бидејќи дава комплетно објаснување за тоа како би се насобрале толку многу ѕвезди во кон една точка. Исто така се делат на наелектризирани и ненаелектризирани, на ротирачки и неротирачки. Долга тема е ова, а моментално ме фаќа мрза да пишувам доооолг пост.
океј еве уште нешто да додадам
црната дупка настанавуа најчесто од супер нова
а супер нова е јадно со многу атоми во него кое има многу голема енергија и со таа енергија
се оформува....доколку снема енергија се јавува голема гравитација...да не кажам огромна
кога околу неа привлекува се.......и натаму е постот мој погоре:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheFrisb

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
океј еве уште нешто да додадам
црната дупка настанавуа најчесто од супер нова
а супер нова е јадно со многу атоми во него кое има многу голема енергија и со таа енергија
се оформува....доколку снема енергија се јавува голема гравитација...да не кажам огромна
кога околу неа привлекува се.......и натаму е постот мој погоре:)

Супернова е друго нешто. Супернова настанува кога ќе експлодира ѕвезда. Но за сигурно да настане црна дупка после експлозијата, таа ѕвезда треба однапред да исполнува некои услови. На пример треба да има маса од најмалку 1,4 сончеви маси (сончева маса е општоприфатена мерка земена по договор) (1,4 сончеви маси е денес познато како Кандрасекарова граница). Ако се од 1,4 до 2 сончеви маси, тогаш такви ѕвезди може и да не колабираат од сопствената гравитација и да настанат неутронски ѕвезди. Но со маса над 2 сончеви маси сигурно постанува црна дупка после суперновата.

Суперновата се случува вака некако. Прво имаш ѕвезда која е при крај со водородното гориво и тогаш почнува да се лади и паѓа внатрешниот притисок. После тоа, јадрото на ѕвездата почнува да се собира, НО обивката се шири. Поради тоа што јадрото се собира настануваат нуклеарни реакции во јадрото кои ослободуваат огромна енергија. Во тој момент обвивката се проширува 10 до 100 пати, а ѕвездата почнува да сјае црвено и тие ѕвезди се познати како црвени џинови. Во таа состојба ќе биде стабилна се` додека во јадрото има хелиум. Масивните ѕвезди имаат проблеми со своето гориво и затоа експлодираат во вид на супернова за да ја отфрлат обвивката и да не колабираат во својата сопствена гравитација. Но после таа експлозија јадрото на ѕвездата имплодира под дејство на својата сопствена гравитација (која е огромна) и бидејќи претходно била масивна ѕвезда тешко може да го сопре имплодирањето бидејќи има огромна гравитација, па настанува синглуаритет (огромно количество маса насобрано во волумен кој тежнее кон нула) или со тоа се раѓа црна дупка. Ова е пак накратко објаснат процес на создавање.