Херој на денот

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Темава е инспирирана од една случка која ја доживеав денеска.
Утрово бев на доручек со друштво во една пекара во центарот на градот.Додека чекав на касата со неколку другари да си го платам доручекот,
дојде еден младич и му рече на касиерот,дека една жена украла сок и кроасан и покажа накај прозорот кон жената која со брзи чекори се одалечуваше од пекарата.
Сите се свртевме накај неа и секој ја погледа на свој начин.Некои критично,некои збунето,некои тажно,некои изненадено.
Касиерот и рече на колешката да ја превземе работата на касата и збунет(само затоа што во погледите на другите виде дека тоа го очекуваат од него)излезе да ја врати жената.
После неполна минута се врати со неа и и рече на колешката:
Катарина,одлучи ти што ќе правиме.
Катарина дрско одговори:
Ќе викнеме полиција или ако има пари нека плати клошарката.
Жената,имаше околу 40 години и најверојатно беше уличарка,немаше пари да плати.
Катарина го зема телефонот и сакаше да се јави во полиција.
Во прашање беше само 1€.
Јас ја пратев ситуацијата и веќе бев се одалечила од касата(го носев послужавникот со доручек на масата каде седевме).
Помислив во себе:
ќе платам јас за жената и повторно се вратив кон касата.
Синот на еден пријател(7 год)
извика:
Јас ќе и го платам доручекот на госпоѓата,еве ќе ви дадам 2€ ми ги даде татко ми вчера и ми рече можам да правам со нив што сакам,
кусурот задржете го.
Застанав занемена без било каков коментар,воодушевена од таа акција.
Ситуацијата се олабави и таткото на детето го плати она што жената го украде.
Катарина се вцрвене од срам и мислам дека најдраго ќе и беше да пропадне во земја.
Додека сите тие студени фаци во пекарата очекуваа да се спроведат законите кои владеат во државата со мото:секој да го добие заслуженото,
едно 7 годишно дете,размислуваше со своето срце.
Поголем чин на човечност не сум сретнала до сега.
Затоа тоа дете е мојот херој на денот.


Кој е вашиот херој на денот и зошто?
 
Последна промена:

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
1956766_531913696926467_1828906956_o.jpg

Бев излезен да направам некоја стрит фотка низ Центар.Разочаран од фотките и од луѓето што ме гледаат како да држам базука во рака,а не апарат решив да си одам.По пат го сретнав малиов. Ми кажа како продава крем банани на секакви временски услови за да има што да јаде. Му ја купив цела кутија.Ми рече дека имам многу убав мозок и го рече тоа како да е најубавиот комлимент што може воопшто да биде даден. Се насмеав од срце. Вечерта и брат ми им се израдува на крем бананите.Малиот ми го разубаве денот во целост и ме натера не да мислам, туку да чувствувам. А за тоа сме тука, не?
Код:
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=531913696926467&set=a.236667613117745.51194.100003235247210&type=1&relevant_count=1
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
На грб го носи хендикепираниот син на школо секој ден,поминува 29 километри.

Ју Жуканг е татко кој со својата пожртвуваност го освои светот, а неговата несебичност е вистински пример за тоа како еден татко треба да се однесува.Овој 40-годишен човек секој ден на грб го носи својот син Шао, кој е хендикепиран и не може да се движи.Тие поминуваат 29 километри до училиштето во кое учи Шао, а татко му вели дека би направил се што треба за неговиот син да се стекне со образование.Ова 12-годишно момче секојдневно оди на училиште и учи заедно со своите врсници, благодарение на својот пожртвуван и упорен татко.Тие живеат во сиромашен дел во провинцијата Јибин, Кина, па не можат да си дозволат автомобил или друго превозно средство.Но Ју вели дека ништо нема да го спречи да го однесе синот на училиште, иако постојано патува по непреодни ридови и шуми.

devoteddad.jpg
1devoteddad.jpg
Извор: Вруток
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Ајде херој на денот нека биде дедово.Сите сме напнати и потиштени во ова време-невреме.Сите гледаме сиво.Возраста не му е пречка да се расположи и другите да ги расположи.Ете и позитив за тоа што се возат без пари:p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Pica pica

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Не е за денешниов ден, ама морам да го спомнам. Воглавно, сите мои херои се по пат сретнати.
Уште порано еднаш, бев Битола и како за непендек ми се скина гума на колата. Излегувам да ја сменувам, ставам клучот, ама тоа штрафот гнаса престеган на пиштол, ништо живо не го одвртува, се деформирира уште при првите 2 обиди да го отштрафам. И за да биде уште полошо, уште еден таков штраф се задеси. Со клешти пробувавме, со разни клучови, со се живо што ми текна. Останав во градот до доцна вечерта бараќи мајстори, вулканизери, пробуваќи на било каков начин да ја средам работата. Никој не ми помогна :eek
И после долго гњавење, ми се јави татко ми и ми рече дека брат му на еден негов пријател ќе дојди и ќе ми помогни.
Човекот стигна за 10 минути... Му викам: - Абе како ќе ги извадиме овие??
Ми се окези до шестица и ми рече: Абе со заби ќе ги изејме, не ги оставаме! Ги кршеше со секач скоро 2 сати тоа штрафовите, и успеа да ги обори.
Бескрајно благодарен сум му!