Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Медијатека
Филм
Филмски клуб
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Black Baloon ми остави малку горчина во устата додека го гледав. Еден од оние нискобуџетни реалистични филмови кои се направени да фрлат светло на некоја тешка тема и уште на почетокот знаеш дека нема да уживаш и во текот на целиот филм ќе чувствуваш некоја тежина. Кога ќе ти наближи времето да станеш родител, а јас планирам за година или две, тогаш ваков филм посебно ќе те погоди зошто ги гледаш родителите како се мачат и си викаш: а што ако сум јас на нивно место? Посебно језива мисла. Вака тешко е човек да се стави во нивна кожа, во филмот тие беа претставени во убаво светло: грижливи, одговорни, толерантни... нo верувам дека на ваквите родители им се случуваат и моменти како оној на роденденот на Томас. Моменти во кои сакаат да си излезат од кожа, да скршат нешто, да викнат гласно... не знам.

Филмот иначе одлично ни ги долови не само семејните потешкотии туку и односот на околината кон лица со аутизам. Јас би рекол односот на малограѓанството кон секој што е некако различен. Повеќето луѓе што ги знам се пресликани во комшиите на семејството Молисон, повеќето деца не можат да бидат воспитани ништо подобро со такви кретени од родители.

Прочитав дека режисерката на филмот имала двајца браќа со аутизам и затоа филмот имаше брутално реални сцени за животот со една ваква личност.

Она што не ми се допадна во филмот е глумата на ова децата што требаше да одглумат вљубени а наместо тоа изгледаа како да лапнале закачалки. Можеше низ добар дијалог да протуркаат, а кога веќе пристапот беше малку зборување повеќе емоции и говор на тело, тогаш потребни се и подобри актери. Но секако таа приказна беше во втор план. На некој начин требаше да ни прикаже дека тинејџер кој треба да се грижи за брат со аутизам ќе има секакви проблеми, па очекував малку тепачки по школо, малку раскинување со една девојка додека не ја најде „вистинската“ која ќе има разбирање за неговата ситуација... ама она чупето одма му се стави и тоа беше тоа...

Добро филмче кое ќе беше подобро да не морав да го изгледам заради расположение. Witness for the prosecution ми е изгледан така да слободен сум оваа недела.

[QUOTE="Io Sono, post: 323267, member: 6217"] Black Baloon ми остави малку горчина во устата додека го гледав. Еден од оние нискобуџетни реалистични филмови кои се направени да фрлат светло на некоја тешка тема и уште на почетокот знаеш дека нема да уживаш и во текот на целиот филм ќе чувствуваш некоја тежина. Кога ќе ти наближи времето да станеш родител, а јас планирам за година или две, тогаш ваков филм посебно ќе те погоди зошто ги гледаш родителите како се мачат и си викаш: а што ако сум јас на нивно место? Посебно језива мисла. Вака тешко е човек да се стави во нивна кожа, во филмот тие беа претставени во убаво светло: грижливи, одговорни, толерантни... нo верувам дека на ваквите родители им се случуваат и моменти како оној на роденденот на Томас. Моменти во кои сакаат да си излезат од кожа, да скршат нешто, да викнат гласно... не знам. Филмот иначе одлично ни ги долови не само семејните потешкотии туку и односот на околината кон лица со аутизам. Јас би рекол односот на малограѓанството кон секој што е некако различен. Повеќето луѓе што ги знам се пресликани во комшиите на семејството Молисон, повеќето деца не можат да бидат воспитани ништо подобро со такви кретени од родители. Прочитав дека режисерката на филмот имала двајца браќа со аутизам и затоа филмот имаше брутално реални сцени за животот со една ваква личност. Она што не ми се допадна во филмот е глумата на ова децата што требаше да одглумат вљубени а наместо тоа изгледаа како да лапнале закачалки. Можеше низ добар дијалог да протуркаат, а кога веќе пристапот беше малку зборување повеќе емоции и говор на тело, тогаш потребни се и подобри актери. Но секако таа приказна беше во втор план. На некој начин требаше да ни прикаже дека тинејџер кој треба да се грижи за брат со аутизам ќе има секакви проблеми, па очекував малку тепачки по школо, малку раскинување со една девојка додека не ја најде „вистинската“ која ќе има разбирање за неговата ситуација... ама она чупето одма му се стави и тоа беше тоа... Добро филмче кое ќе беше подобро да не морав да го изгледам заради расположение. Witness for the prosecution ми е изгледан така да слободен сум оваа недела. :) [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Медијатека
Филм
Филмски клуб
На врв
Bottom