Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Медијатека
Филм
Филмски клуб
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Не е Бергман тој кој извршил најголемо влијание врз скандинавските филммејкери, туку постар режисер кој влијаел и врз Бергман: станува збор за Карл Теодор Драјер, еден од најзначајните ликови не само во скандинавската, туку и во светската кинематографија. Цел еден Догвил на Триер, на пример е еден вид реплика (пресликување) не само на сценографијата туку и на темите и ликовите од филмовите на Драјер.

Но и покрај влијанието на Драјер (теми, ликови, сценографија), Бергман (ликови) и Тарковски (камера, теми), Фон Триер има нешто свое по кое е специфичен и поразличен од неговите учители: целта на неговите филмови не е да раскаже некакво дејство, туку да прикаже состојба. Оттаму и недостатокот на динамика за кој зборуваш. Но тоа нималку не ја намалува вредноста на некој филм, според мое мислење.

Е сега, конкретно за Антихрист: ни мене не ми е најомилен, од проста причина што сметам дека Триер тука претерал со несуптилности! На моменти дури и се грозиш, како кога се обидував да го гледам Saw. Одтаму и мојата оценка која сум му ја дал е 6/10.

Христијанската алегорија (Адам и Ева) е само едно од толкувањата на Антихрист. Има и такви кои одат по стапките на Фројд и велат дека сите тројца ликови од филмот се дел од едно битие: Ларс фон Триер. Имено: Тој бил рационалниот дел од неговото его, Таа била несвесното, нагонското, инстинктивното во него, а Ник бил детето во Ларс кое умрело кога него го зафатила депресијата. Можеби има логика во ова, но јас сум лаик по психологија, па така не би знаел да елаборирам повеќе од ова.

Паралелата со Адам и Ева е неоспорна, btw. Таа прави грев како Ева со јаболкото со тоа што не го спречува синот да го отвори прозорот, иако го виде додека имаа секс. Заради тој грев понатаму е казнета со страдање. Тоа примордијално зло кое жената го носи во својот бит го разбудува и злото кај мажот, па и тој на крајот станува грешен (Адам каснува од јаболкото, овде Тој ја убива Таа). Понатаму - местото во кое престојуваат се вика Идн (Eden) исто како рајската градина на Адам и Ева, итн.

Бидејќи рече дека ова ти е прв филм на Триер, ти препорачувам да го гледаш Dogville. Почуден филм од тој ако гледаш во животот, јас ќе се откажам од гледање филмови.  А истовремено е прекрасен!

[QUOTE="Harvie, post: 307184, member: 5800"] Не е Бергман тој кој извршил најголемо влијание врз скандинавските филммејкери, туку постар режисер кој влијаел и врз Бергман: станува збор за Карл Теодор Драјер, еден од најзначајните ликови не само во скандинавската, туку и во светската кинематографија. Цел еден Догвил на Триер, на пример е еден вид реплика (пресликување) не само на сценографијата туку и на темите и ликовите од филмовите на Драјер. Но и покрај влијанието на Драјер (теми, ликови, сценографија), Бергман (ликови) и Тарковски (камера, теми), Фон Триер има нешто свое по кое е специфичен и поразличен од неговите учители: целта на неговите филмови не е да раскаже некакво дејство, туку да прикаже состојба. Оттаму и недостатокот на динамика за кој зборуваш. Но тоа нималку не ја намалува вредноста на некој филм, според мое мислење. Е сега, конкретно за Антихрист: ни мене не ми е најомилен, од проста причина што сметам дека Триер тука претерал со несуптилности! На моменти дури и се грозиш, како кога се обидував да го гледам Saw. Одтаму и мојата оценка која сум му ја дал е 6/10. Христијанската алегорија (Адам и Ева) е само едно од толкувањата на Антихрист. Има и такви кои одат по стапките на Фројд и велат дека сите тројца ликови од филмот се дел од едно битие: Ларс фон Триер. Имено: Тој бил рационалниот дел од неговото его, Таа била несвесното, нагонското, инстинктивното во него, а Ник бил детето во Ларс кое умрело кога него го зафатила депресијата. Можеби има логика во ова, но јас сум лаик по психологија, па така не би знаел да елаборирам повеќе од ова. Паралелата со Адам и Ева е неоспорна, btw. Таа прави грев како Ева со јаболкото со тоа што не го спречува синот да го отвори прозорот, иако го виде додека имаа секс. Заради тој грев понатаму е казнета со страдање. Тоа примордијално зло кое жената го носи во својот бит го разбудува и злото кај мажот, па и тој на крајот станува грешен (Адам каснува од јаболкото, овде Тој ја убива Таа). Понатаму - местото во кое престојуваат се вика Идн (Eden) исто како рајската градина на Адам и Ева, итн. Бидејќи рече дека ова ти е прв филм на Триер, ти препорачувам да го гледаш Dogville. Почуден филм од тој ако гледаш во животот, јас ќе се откажам од гледање филмови. ;) А истовремено е прекрасен! [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Медијатека
Филм
Филмски клуб
На врв
Bottom