Па не сакам само програмирање затоа ке идам феит.Се учат многу нешта а и пак може да се научи програмирање.
Ако ме прашаш мене има многу поважни работи од програмирање и пишување кодови. Учење синтакса на јазиците е најлесна работа, ама детално разбирање на тоа како функционира компјутерски систем е сосема друго нешто. Не е дека на феит не се учи програмирање, ќе учиш основи на програмирање во прва, има после предмет кој ќе те насочи како да размислуваш за да креираш алгоритми, има визуелно програмирање, ќе учиш асемблер, имаш изборни за php и .net, има изборен за да научиш визуелно програмирање (C# беше порано, сега се учи во Qt зашто на феит повеќе се ориентираат кон linux), имаш интернет програмирање итн итн. Ама на феит имаш и логички кола, микроелектроника, микропроцесори и микроконтролери и слични похардверски ориентирани предмети. Математиките не ти ги спомнувам, низ тој пекол мораш да поминеш и на феит и на финки.