Условување на факултет

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Е, сега ми текна на еден проблем што го имав јас... :)
Дучевска :) Таа ми беше проблемот. Прв колоквиум што го полагав. Се’ уште не искусен студент. Ни рече последните 10 страни не ги читајте да не ви одземам од времето, нема да има тоа на колоквиумот.
И на крај 2 прашања од 5, беа од тие страни.
Паднав. И ќе ја „колнам“ дур сум жив :)
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
За редовноста не ве разбирам што се буните, убаво рече некој погоре, ако не ви се иде на предавање префрлете се вонредни или не студирајте. Не за џабе сте со статус “редовен студент“. Чуден народ сме, професорите не чинеле, ова не чинело она не чинело... точно многу работи смрдат во високото образование ама никој не тргнува сам од себе. Сакате споредување со поразвиените земји ама таму и студентите се поактивни, позаинтересирани, редовни на предавање, се трудат да научат нешто што е вон испитната материја, се вклучуваат во разни истражувачки проекти и слично. Кај нас тешко е на предавање да се иде а камо ли нешто друго. Семинарска ќе се чкртнат/препишат 10-15 страни и толку. Секој глеа само колку да помине најлесно. Е затоа имаме проблем и затоа движечката сила во секое нормално општество (нашето не го сметам за такво) се студентите, тие се интелегенцијата на една држава, идните двигатели на општествениот развој и кога нешто нечини сплотено се организираат и знаат да постават барања и да се изборат за нив. Кај нас повеќе студенти има у бифе него у амфитеатар сите гледаат кривина да фатат и ќе се жалат а никако да се организираат и да пробаат сами да си ги решат проблемите. Голема е моќта на студентите (во нормални земји), и кај нас може да биде исто. И кои вредности утре ќе ги очекуваме од такви забушанти, како идни политичари, бизнисмени, професори итн? Како и да е, за време на моето студирање на двата циклуси никогаш никој не ми побарал да му ја купам книгата за да ме пушти, во прва година, прв семестар тазе уште појма немаш што се дешава те фураат постариве дека морало кај некој професор иначе нема шанси да те пушти и идеш прашуваш колку е и гледаш дека две книжулулиња од максимум 200 страни заедно се 2000 си викаш абе не сум толку будала на некое корумпирано импотентно говедо кое се нарекува професот да му го полнам џебот и идеш на ризик и нормално си положуваш без уопште ни да те праша за книгата. Мал дел се заебаа ги купија и џабе фрлија толку пари.
 

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Јас имав ваков случај на факултет, обично сите книги сме ги зимале скрипти од таа и таа книжара, дојдов 3та година и имаше еден професор со години на факултетот предавал, едвај стоеше дур предаваше, му се тресеа раце и никој ништо не рабираше кога ќе напишеше на табла нешто, затоа само 2 пати му бев на предавање. Е тој истиот мајмун, ни побара 1500 денари мислам дека беше книгата и беше морално секој да ја има и да ја чува фискалната захевтана на последната страна од книгата и на испит да се носи обавезно за да види дека ја имаш купено, со се фискалната. Јас нормално дека не ја купив, а повеќе од пола генерација ја купија пошо им прпаше нели, како нема да смеат да полагаат и такви глупости. Интересното беше што тоа се дешавало секоја година на студентите од 3та (пошо он само у 3та предава) и никој до сега немал муда нешто да направи, е нашава генерациа богами и те како имаше :cool: Собравме потписи од сите студенти, закажавме состанок со деканот т.е. продеканката, и то два пати на кои се изјаснивме како сме ние уценувани и корумпирани и тако то... Знаете шо се деси после тоа, типот фино лепо за 3 дена доби отказ, а ако продужел така и у затвор ќе отишол пошо веќе едаш бил. Да му ибам тоа стариот лопов! :gjavol
И пред некое време слушнав дека умрел, бреееј со една нога во гроб да предаваш и да крадеш, да не се откажуваш бре човече, безвезе!
 

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
ЕКТС системот е тој што ги поставува условувањата и истиот го поддржувам.. Е сега тоа со продавање на учебници како услов за да се положи е комплетна манипулација со студентите..во тој случај најдобро е да се разговара со продеканот за настава..или пак со потписи како што беше погоре спомнато. Исто така знам дека предметот што не можи да се положи на матичниот факултет (од било кои причини) може да се полага на друг сроден факултет или на фак. каде го има истиот предмет.