Туризам во Македонија

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Туризмот во Македонија е еден од најважните фактори за економијата на државата.

Туризмот во Македонија бележи сè поголем развој. Бројот на домашните посетители во периодот од јануари до март 2008 година во однос на истиот период од 2007 година се зголемил за 23,5%. Бројот на странските туристи во март 2008 година спрема март 2007 година, исто се зголемил за 44,7%. Во 2007 година, Охрид бил посетен од страна на 250.000 туристи.
Во февруари 2009 година, бројот на туристите се зголемил за скоро 28.000 туристи или 3,2% повеќе во однос на февруари 2008 година. Бројот на поминати ноќи во периодот од јануари до јуни 2009 година во однос на истиот период во 2008 година се зголемил за 0,3%, а бројот на домашните туристи пак се намалил за 4,9% а бројот на странските туристи се зголемил за 6,1%.

Бројот на туристите во 2009 година изнесувал 587.770, од кои околу 56% (328.566) се домашни туристи, а 44% (259.204) се странски туристи. Во споредба со претходната година се забележува зголемување на странските туристи за 2.0% во вкупниот број на туристи. Бројот на ноќевањата во 2009 година изнесува 2.101.606 од кои околу 72% отпаѓаат на домашните туристи, а околу 28% на странските туристи. Во споредба со претходната година, бројот на ноќевањата на странските туристи во вкупниот број на ноќевања е зголемен за 1.5%.

Дали вие сте задоволни од туризамот во Македонија, и дали имате замерки или пофалби некои?