Трагајќи по добрата страна на животот…

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Некогаш, повеќе од случајно нерамниот пат прави да го мразиш животот, кога не можеш да се бориш за оној кој го сакаш, кога не можеш да бидеш личноста која си ја замислувал, кога не можеш да живееш живот каков што си посакувал. Но, сето ова треба да претставува најмала наша грижа.

Што е според вас добра страна на животот?
Дали премногу сериозно го сфаќате животот?
Која е најголемата среќа за вас во животот..?
Дали мислите дека единствената грижа на светот е проблемите на факултет,со дечкото/девојката,
или пак пронаоѓањето на сродната душа?

Дали луѓето знаат дека треба да живеат од ден за ден и дали тоа не е само уште една излитена фраза, туку истото и го применуваат? Дали некој од нас може да претпостави што ќе стане со него утре? Зошто сите брзаме кога живееме, зошто се однесуваме како ова да е малку вредно, зошто вртиме грб на некој кој бара наша помош, зошто имаме милион прашања, а немаме ниту еден одговор?!

Дали можи човек да живее без љубов,и да се посвети само на образованието?
Или веднаш тој е досаден,бубалица..бла..бла..

И за крај....

Често употребувам најразлични видови на пцовки и навреди кон ова нешто кое го нарекуваме живот. Животот е кучка, за некого бескрајно свиреп, за некого беспрекорно убав. Нефер, недостоен, понекогаш невреден… но, во сите крајни случаи исполнителен. Им се восхитувам на луѓето кои и покрај огромни бодежи во животот, продолжуваат понатаму, кои се трудат да не го вртат својот поглед назад. Им се восхитувам на тие луѓе кои носат болка во душата, а сепак имаат сила барем за една искрена насмевка… тие се неверојатни и ја доловуваат вистинската смисла на добрата страна од животот!

 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Нема добра/лоша страна на животот. Се зависи од моментот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Primrose

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Не би требало да живееме од ден за ден.
Би требало да живееме од момент до момент.
Свесно доживувајќи се што се случува во тој еден момент.
Всушност животот има многу повеќе убави него неубави страни.
Проблемот е во тоа што ние луѓето сме се навикнале да ги забележуваме негативните страни на животот и да им обрнуваме повеќе внимание отколку на позитивните.
Во секое добро има лошо.
Во секое лошо има и добро.
Јинг-јанг е животот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Female

Female

Староседелец
18 јануари 2013
125
183
1,043
In your thoughts!
Што е според вас добра страна на животот?
- Има многу добри страни, колку што има и лоши, а генерално само една добра не постои, освен сознанието дека си жив и здрав и дека имаш некој покрај тебе.
Дали премногу сериозно го сфаќате животот?
- Прашањево е комплексно и потегнува многу теми, ама доколку трагаш по добрата страна во животот ништо не треба да земаш со преголема доза на сериозност, нити па обратно, да се најде некој баланас.
Која е најголемата среќа за вас во животот..?
- Ја наоѓам во малите нешта. Да ги имам покрај себе оние што ми значат и да го исполнам она што сум го наумила, друго не ми треба.
Дали мислите дека единствената грижа на светот е проблемите на факултет,со дечкото/девојката,
или пак пронаоѓањето на сродната душа?
- Постојат многу поголеми грижи од тие, не се единствените, камо да беа само тие.
Дали луѓето знаат дека треба да живеат од ден за ден и дали тоа не е само уште една излитена фраза, туку истото и го применуваат? Дали некој од нас може да претпостави што ќе стане со него утре?
- Без разлиа на се' никој не е моќен да предвиди што ќе биде со него во иднина. Можеби за утрешниот ден ќе биде се според планот, но сепак ќе се појави некоја работа која не си ја планирал или ќе излезе нешто неочекувано.
Зошто сите брзаме кога живееме, зошто се однесуваме како ова да е малку вредно, зошто вртиме грб на некој кој бара наша помош, зошто имаме милион прашања, а немаме ниту еден одговор?!
Ова се исто многу длабоки прашања на кои не сум способна сега да одговорам, освен да ги филозофирам, ама за истиве прашања можеш да добиеш различни одговори од различни луѓе, знам само дека сите сме различни со различни погледи за светот и сите не би постапиле исто во иста или слична ситуација. Ако некој врти грб на некој кој бара помош, некој ќе се потруди да помогне.
Дали можи човек да живее без љубов,и да се посвети само на образованието?
- А, можеш да живееш без храна и вода, само од воздух?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mspasenoski

mspasenoski

Староседелец
19 февруари 2013
442
701
1,103
37
Карпош - Влае
Колку и да бидеш добар, не можеш да го замолчиш ѕверот во себе.
Кога сакаш на сите да им направиш добро, веќе си направил добро на себе и тоа води кон успех, но немој да испаднеш будала .
Го сваќам бидејќи секој има цел кој сака да ја постигне, а мала грешка може да те врати на почеток .
Среќен сум тоа што го имам и луѓето кој ги сакам ме прават среќни .
Не се само тие, Кога ќе направите добр, не очекувајте камењата да се тргаат од вашиот пат, туку очекувај уште поголеми камења .
Минатото е историја, сегашоста е мистерија. Никој не знае што ќе биде утре, него биди жив и здрав, тоа што можеш да го завршиш денес не го оставај за утре, така ќе бидеш поисполнет .
Female убаво одговори на последното. Види вака релано многу е тешко, една личност кога ќе се појави ненадејно, менува се. Тој што умее да владее со своето срце може да го освои светот и може да успее во тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Female and Keepitreal

Keepitreal

Полноправен Член
3 мај 2013
78
38
18
Тој што умее да владее со своето срце може да го освои светот и може да успее во тоа.
Би те поправил тука. Тој што умее да владее со својот ум може да го освои светот и да успее во тоа..

Грешам ли ?
 

mspasenoski

Староседелец
19 февруари 2013
442
701
1,103
37
Карпош - Влае
Би те поправил тука. Тој што умее да владее со својот ум може да го освои светот и да успее во тоа..

Грешам ли ?
погрешив малце, се мисли на:Тој што умее да господари со своето срце може да го освои светот !. Сакаш некого пр. девојка, пријател, слеп си, разумот не владее туку срцето владее. И да воглавно со умот владееш, бидејќи умот му господари на срцето ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Keepitreal

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Секој миг се обидувам д ја пронајдам таа добра страна од животот.....и затоа секој ден тргам по неа...таман ќе помислам дека сум ја почуствувала таа ќе замине...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mspasenoski and JaMi

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Целиот живот е една добра страна, штета што упорно се обидуваме да го насочиме патоказот кон спротивното.
Криви сме. И премногу должни.
Ги користиме сите предности до граница на злоупотребување, го исцедуваме до максимум она што треба да постои само како оправдување за баланс, го тормозиме човечкото во нас...
После ни останува само да филозофираме и да се надеваме.
Штета.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
А која е таа добра страна на животот?
Сите се оптоваруваме со нешта што ги немаме (добра кола, плата со 5-6 нули, куќиште или станиште) а ги посакуваме и при тоа ги занемаруваме добрите...оние што ја прават таа добра страна на животот.
Ако прашаш еден болен пред умирање која е таа добра страна на животот ќе ти рече дека тоа е здравјето нели...дека ништо друго не е битно...
Ако ја гледаме таа добра страна на животот од тој аспект тогаш ја имаме...да си жив здрав, способен за работа, да имаш здрави и живи најблиски околу тебе, да ги гледаш среќни, да ја имаш својата љубов до тебе, да си имаш деца...
Нели е тоа добрата страна на животот?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Keepitreal