Топ 10 фудбалски стадиони во светот

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ СТАДИОНИ ВО СВЕТОТ:

1. Рунградо Мејдеј Стадионот (150.000)
Rungrado-May-Day-Stadium-1.jpg

Рунградо Мејдеј е изграден во Пјонгјанг, Северна Кореја во 1989 година и може да собере 150.000 гледачи. Но, во 1995 година дури 190.000 луѓе успеале да влезат за да следат меч во професионално борење.
2. Солт Лејк Стадионот (120.000)
Salt-Lake-Stadium-2.jpg

Според името можеби помисливте дека овој стадион се наоѓа во Америка, но всушност е во едно од предградијата на Колката во Индија. Собира 120.000 гледачи.
3. Бивер Стадионот (107.282)
Beaver-Stadium-3.jpg

Овој стадион е сопственост на државниот универзитет на Пенсилванија. Изграден е во 1960 година со капацитет од 46.284 гледачи, но по најновата надградба во 2001 година има капацитет од 107.282 гледачи.
4. Стадионот Мичиген (106.201)
Michigan-Stadium-4.jpg

Стадионот на Универзитетот од Мичиген има прекар „Големата куќа“. Изграден во 1927 година и планиран за 70.000 гледачи, преку повеќе надградби денешниот капацитет е 106.201. Нејневеројатниот факт за овој стадион е тоа што од 1975 наваму немал помала посетеност до 100.000 гледачи.
5. Стадионот „Ацтека“ (105.000)
Estadio-Azteca-4.jpg

„Ацтека„ се наоѓа во Мексико Сити и е официјалниот стадион на кој Мексиканската репрезентација ги игра фодбалските натпревари. На него исто така игра и клубот Америка. Изграден е 1968 година за Олимписките игри, а на него се играни и 2 финални натпревари од Светското првенство во фудбал 1976 и 1986 година. Овој стадион е светски познат бидејќи токму тука во 1986 година Марадона во четврт-финалето против Англија го постгна голот кој потоа стана познат како „Божјата рака“. Со капацитет од 105.000 гледачи овој стадион е најголемиот стадион во Латинска Америка и 5-от најголем во Светот.
6. Стадионот Охајо (102.329)
Ohio-Stadium-6.jpg

Стадионот на Универзитетот Охајо има капацитет од 102.329 гледачи за натпреварите во американски фудбал, но за концерти може да собере и 110.000.
7. Стадион Брајант-Дени (101.000)
Bryant-Denny-Stadium-7.jpg

Брајант-Дени стадионот е лоциран во Алабама каде што тимот на Универзитетот на Алабама ги игра натпреварите во колеџ лигата. Капацитетот му е 101.000 гчедачи.
8. Меморијалниот стадион Дарен К. Ројал (100.119)
Darrell-K._Royal-Texas-Memorial-Stadium-8.jpg

Се наоѓа во Остин, Тексас и е дом на тимот на Универзитеот на Тексас од 1924 година. Овој стадион е најголемиот стадион во Тексас според седечкиот капацитет.
9. Стадионот за крикет во Мелбурн (100.018)
Melbourne-cricket-ground-9.jpg

Иако низ светот постојат повеќе стадиони што собираат по 100.000 гледачи, овој стадион се најде на листата поради неговата историја. Изграден е во 1853 година, а првиот крикет натпревар е одигран на 30 септември 1854 година. До 1970 година стадионот можел да собере и до 130.000 гледачи, но денес поради реновациите и безбедносните правила капацитетот му е само 100.018.
10. Стадионот Нејленд (100.011)
Neyland-Stadium-10.jpg

Се наоѓа во Ноксвил, Тенеси, САД и е дом на тимот од Тенеси во лигата на Американски фудбал. Претходно собирал околу 104.000 гледачи, но со најновите реновирања капацитетот му е намален на само 100.011.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN and близнак